И ги повлекувам сите зборови за Диви,во афект се искакав за него.Супер бранеше во второто полувреме,ме демантираше комплетно.
Но за жал нашиве не знаеа да ги искористат неговите одбрани.Преспаа буквално.Како да не очекуваа дека нашиов голман ќе одбрани некоја топка.Пет пати се деси иста ствар.Диви брани,нашиве дремат,германциве ја фаќаат топката и даваат гол од поправен.
Ова е една од причините поради кои загубивме денеска.
Другата е слабата реализација.Од десно крило немавме постигнато ниту еден гол.Лево прво Филип Лазаров беше очаен,после Алушевски влезе,ама не може стариот да игра цела утакмица на ниво,иако е прав ѕвер.
Наумче беше отсечен,добро го чуваа швабите.
Стојанче Стоилов е КРАЛ!Не треба да се секираме веќе дали Димовски е повреден или не,секоја почит за Ванчо,ама детево разара.
Трета причина и можеби главна се промашувањата на Кире Лазаров.Во најклучните моменти,кога баш тој требаше да биде најприсебен и најсмирен,избрза со шутевите и непромислените потези и тоа не чинеше два бода.
И првата утакмица грешеше и сега исто така.И ја преземам одговорноста да кажам дека поради нашиот најдобар играч,ние не успеавме да ја совладаме Германија.
Сега знам дека како хиени ќе се нафрлате,али тоа е тоа.И зборувам за досегашниве две утакмици дека беше Кире просечен,а на вторава беше трагичар.Не зборувам генерално.
Разграничете некои работи.
Кире Лазаров е моментално НАЈДОБРИОТ ракометар во Македонија,несомнено.Ама денеска ја укака утакмицата.Факт.
И ако Кире биде херој против Чешка,секако дека ќе го пофалам и ќе речам дека си ја докажа конечно неговата класа.Но сигурно нема да го величам и фалам само него.И успехот евентуален нема да биде само негов.Туку на целиот колектив,на целиот тим,на целата репрезентација.И ќе се радувам на сите.И на Манасков и на Алушевски и на Диви и на Маркоски и на сите.
Исто како што се радував на Илиевски,Антиќ,Бо,Гечевски и останатите,а не само на еден индивидуалец.
Околу промашувањето на Манасков.Ало бре,има само 19 години,игра на Европско првенство против сила како Германија.Даде два гола,еден зицер промаши.
Се случува.Пред таква публика да играш,ти се ствара притисок,па затоа и ја утна детево.
Покажа некои способности,да биде барем 70 посто како татко му,ќе имаме страшен играч во репрезентација.И не го плукајте ве молам.Исто како и Дамјан против Русија,така и Манасков.
Зошто Македонија не изгуби ради тој промашен гол,Македонија повеќе изгуби поради промашените пенали на капитенот и слабата негова реализација.
Публиката денеска беше феноменална.За разлика од минатиот пат,беа многу многу подобро.Грмеа.Алал им вера.Е така се бодри репрезентација.Се надевам дека и со Чешка ќе биде таква атмосферата.
А во четврток мора да победиме и ќе победиме.Прекипено ни е од минативе две утакмици,ќе се истуриме на чесите.И време е!
Една победа и после нема никој да не запре.
ЗА КОГО?ЗА МАКЕДОНИЈА!