Во овој проект за транспортерот учествуваат македонските инженери од фирмата
„Специјална опрема Скопје“ (СОС).
Зоран Коњановски, министер за одбрана, вели дека проектот се анализира. “Ова е првокласен транспортер, двојно поевтин од другите и ќе отвори нови работни места во двете исклучително пријателски земји“ - вели Витали Москаленко, амбасадорот на Украина во Македонија.
­Се предвидува во почетокот да се отворат стотина работни места.
Фабриката за склопување би можела да се изгради за 9 месеци.
[FONT="Arial","sans-serif"]
БТР 4 „Букефал“ оклопниот транспортер, дизајниран од украински и македонски инженери, ќе биде изложен на најголемиот саем на оружје во светот „ИДЕКС 2009“ во Абу Даби, а фотографии од ова возило објави и најпознатиот американски магазин за оружје „Џејнс дифенс“.[/FONT]
[FONT="Arial","sans-serif"]
Од компанијата „Специјална опрема Скопје“, која е носител на овој проект во Македонија, ни ги доставија фотографиите на финалната верзија на овој транспортер, кој се планира да се произведува во Скопје. Фотографиите се веќе објавени на интернет-страницата на „Џејнс дифенс“.[/FONT]
[FONT="Arial","sans-serif"]
БТР 4 ќе биде изложен на штанд во Абу Даби под македонско и украинско знаме. Саемот во главниот град на Обединетите арапски емирати ќе се одржува од 22 до 28 февруари. Како учесници, најавени се буквално сите позначајни имиња од воената индустрија во светот.[/FONT]
[FONT="Arial","sans-serif"]
Покрај БТР 4, во Абу Даби ќе биде изложено и оклопно возило „Дозор“ за кое Украинците најавија дека сакаат да го произведуваат во Македонија.[/FONT]
[FONT="Arial","sans-serif"]
Идејата за отворање на фабрика за склопување на оклопниот транспортер и оклопното возило, првпат лани ја соопшти Витали Москаленко, украинскиот амбасадор во Македонија. Иако предлог - проектот уште минатото лето е доставен до Владата и до претседателот на државава, Украинците с? уште не добиле одговор. Планирано е фабриката во Македонија да ги произведе првите 30 транспортери за потребите на АРМ, доколку Украинците го добијат тендерот на Министерството за одбрана.[/FONT]
[FONT="Arial","sans-serif"]
АРМ планира да набави 80 нови транспортери до крајот на 2015 година.[/FONT]
[FONT="Arial","sans-serif"]
БТР 4 „Букефал“ е оклопен транспортер направен врз база на познатиот БТР 80 од руско производство, кој е веќе во употреба во АРМ. БТР 4 за разлика од БТР 80 и неговиот наследник БТР 90, е дизајниран да ги задоволи НАТО-стандардите. Неговата цена, ќе биде околу еден милион евра.[/FONT]
Извор:Украинска Амбасада http://www.mfa.gov.ua/macedonia/mac/news/detail/20661.htm