Македонија светски лидер во Wi-Fi

Член од
15 мај 2006
Мислења
167
Поени од реакции
1
Finaly hacking through thin air! Ова незнам од кај го прочитав ама се згазив од смеење пфффф
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
NikolaP напиша:
... Ал нек не умире нада...
Нада е жива уште, ама Вера нешто е болникава:pos:
Ако паѓате на вакви информации и лаги срамота е! Да ги праша некој само објавувачите на оваа информација кои параметри ги земале во обзир кога го изнеле податокот дека Макдонија е светски лидер во WiFi?
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Acid напиша:
WiFi - Скопје.
WADSL - Цела Македонија.

И двата начина на поврзување се безжични, но правете разлика помеѓу едниот и другиот.
BBC не прави разлика, а сакаш ние да правиме разлика.:icon_lol:
 

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Acid напиша:
WiFi - Скопје.
WADSL - Цела Македонија.

И двата начина на поврзување се безжични, но правете разлика помеѓу едниот и другиот.
WiFi - пола Скопје. Се јавив во оннет и ми кажаа дека до јуни божем цело скопје ќе било покриено. Ај да видиме
WADSL - инсталирање на опрема 15 000 денари и 1300 денари месечно??? Тие или се луди или луди се прават.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
KaiTekk напиша:
WiFi - пола Скопје. Се јавив во оннет и ми кажаа дека до јуни божем цело скопје ќе било покриено. Ај да видиме
WADSL - инсталирање на опрема 15 000 денари и 1300 денари месечно??? Тие или се луди или луди се прават.
Ееее, бато грешка си малце. Инсталација 800 денари, а депозит од 12.400 го оставаш во банка и по истекот на договорот ти го врашаат
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Mandrak напиша:
Нада е жива уште, ама Вера нешто е болникава:pos:
Ако паѓате на вакви информации и лаги срамота е! Да ги праша некој само објавувачите на оваа информација кои параметри ги земале во обзир кога го изнеле податокот дека Макдонија е светски лидер во WiFi?
Види вака факт е дека Македонија е меѓу првите земји во светот што е скоро комплетно Wi-Fi покриена. Џабе е ние што ќе викаме дека Он.нет можеби се финансирани од странци, можеби некој им платил на BBC да ја направат таа сторија ама вистината е таа. Може ќе ви делува ова смешно но Македонија е исто така една од ретките земји во светот што има квалитетен интернет, ADSL покриеност на скоро сите домаќинства во државава, тоа неможе да се пофали ни една Германија ни една Шпанија... причина за тоа е затоа што скоро 70% од населението во нашата држава живее во градовите а таму е технички можно да се има ADSL. Еднаш кажав и пак ќе кажам ние не сме покриени од убавина и да се унапредуваме туку од зорт затоа што не постои друго решение да се заобиколи монополот на телеком или пак сепак постои? Тука на сцена стапува интернет провајдерот Неотел со нивното паметно размислување за разлика од Он.нет, кои ја увидоа можноста да се искористи оптиката на ЕСМ и Македонски железници! Иако не изгледа така Неотел пополека но сигурно кога тогаш ќе го преземат лидерството на интернет провајдер во државава. Ќе ги искористат оптичките мрежи на двете комании, ќе откупат оптички влакна кој веќе се распространети насекаде, ќе го направи р'бетот на мрежата низ државава и ќе почне да дистрибуира интернет до крајните корисници и не само на фирми туку и на обични корисници. Тука е предноста на Неотел што паметно одлучија да го направат тоа затоа што технички гледано нема ограничување на оптичкото влакно него каква опрема ќе поставиш на краевите таа брзина ќе ја добиеш за разлика од wireless-от на Он.нет кој е веќе ограничен во старт и они никогаш нема да понудат ефтин интернет на обични корисници надвор од Скопје баш поради таа причина. Сепак на крај поарно е да имаш 10000 корисника што ќе плаќаат 1.000 денари отколку 1000 корисника што ќе плаќаат 10.000 денари.
 
Член од
3 јануари 2006
Мислења
1.200
Поени од реакции
10
пријатно изненадена...алал да ни е
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ваков интернет, онаков интернет, оптички кабли, wireless мрежи, ADSL, WADSL, Кабелски интернет, Дајал ап........а фактот што само факани 20% од домаќинствата имаат компјутери???????
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.101
Поени од реакции
11.525
Добро бе вие нормални сте што зборувате? Вакво онакво не знам какво?

Вчера читам во весник, само 30 проценти од македонците користат компјутер, а само 13 проценти од нив имаат пристап до интернет.

Вака нема ни во Африка море зекмани едни. Не дозволувајте најобични хохштаплери да ве залажат со купени статии.
 
Член од
16 април 2006
Мислења
7
Поени од реакции
0
Ја колку што разбрав, 47% од домаќинствата во МК имаат компјутер, а над 30% од нив користат интернет. Што знам????
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
kate81 напиша:
Ја колку што разбрав, 47% од домаќинствата во МК имаат компјутер, а над 30% од нив користат интернет. Што знам????
А од кај разбра?
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
kate81 напиша:
Ја колку што разбрав, 47% од домаќинствата во МК имаат компјутер, а над 30% од нив користат интернет. Што знам????
47% од 500 000 домаќинства (да земеме одприлика во мк) ти е 230 000 некаде, 30% од 230 000 ти ида околу 69 000 домаќинства на интернет во МК....нема шанси :ija:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Тажно е тоа дека има многу малце интернет корисници, со оглед на тоа дека македонија е со 100% покриеност на интернет
 

M@STER

M@ster Price
Член од
1 февруари 2007
Мислења
191
Поени од реакции
0
deka e mala zatoa e svetski lider da bese pogolema ....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom