Заеби тоа.
Neteller е добра опција, од првин може ќе ти се чини како многу замарање додека ти стигне картичката и околу верификацијата на профилот, но ако станува збор за редовно праќање пари - тогаш ќе си ја олесниш многу работава со овој платежен процесор.
Единствена провизија ти е 1.9% на сумата што ја депозитираат во твојот акаунт, префлрањето од еден на друг нетеллер акаунт е бесплатно, и потоа имаш 4E фиксна провизија при вадењето пари од банкомат со нивната Нет+ картичка, без разлика дали ќе извадиш 20 или 2000Е на една трансакција.
Пример:
Сакаат да ти пратат 1000евра.
1000Е - (1000 * 1,9%) = 981евро ќе има тој на акаунтот што ќе ти ги праќа парите.
Тебе ти стигаат точно 981Е.
Ги вадиш на банкомат со 4Е фиксна провизија: 981 - 4 = 977Евра.
Единствена мака е мислам што нашиве банкомати дозволуваат максимално да извадеш на една трансакција е 500евра, така да ќе треба на 2 трансакции да ги извадеш 981то евро, шо значи ќе ти земе 2х4евра провизија.
Верувај ќе заштедите многу на провизии ако го користите нетелерот наспроти western union.
Но ако ти е тебе само за едно праќање пари.. тогаш не ти препорачувам да се „замараш“ да креираш Нет акаунт, прати си ги преку вестерн.
Ако те интересира ова околу нетелеров - пиши ми пп.
Поздрав