Македонија еден од организаторите на ЕП 2020?

Дали Македонија треба да биде еден од организаторите на ЕП 2020?

  • Да

    Гласови: 47 67,1%
  • Не

    Гласови: 23 32,9%

  • Вкупно гласачи
    70

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Вчера баш прочитав во весник дека екс-ју земјите односно Србија,Хрватска и Босна се спремаат да се кандидираат за организација на ЕП 2020.Харалампие бил заинтересиран и ние да влеземе во тој проект.


И Македонија сака да биде дел од кандидатурата на балканските земји за организација на завршницата од Европското првенство 2020 година. Во Скопје има стадион кој ги исполнува сите стандарди на УЕФА за да се играат натпревари, макар од групите, за завршницата на ЕП 2020. Арената „Филип Втори“ во Скопје, која е во изградба и реконструкција со капацитет од околу 35.000 гледачи, што ќе го има веќе во наредната година. Веста дека балканските земји од поранешната СФРЈ, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина можат да истакнат заедничка кандидатура за домаќин на ЕП, ја заинтересира и ФФМ.

- Убава вест. Не сум разговарал со колегите од соседството, но убеден сум дека ако дојде до вакво нешто ќе се вклучиме во трката. Се видовме сите колеги на конгресот на ФИФА што се одржа пред почетокот на првенството во Јужна Африка, но не стана збор за оваа идеја. Деновиве ќе ги барам и ако има конкретна понуда, ќе размислуваме заеднички за сериозниот проект - вели Харалампие Хаџи-Ристески, претседателот на ФФМ.

Поранешните републики од СФРЈ се обединуваат за ЕП 2020. Челниците на овие федерации се со пофални зборови дека имаа блиски односи со претседателот на УЕФА, Мишел Платини. Очекуваат силна поддршка и од сопствените влади, бидејќи да се добие организација на една ваква манифестација е и голема економска добивка.

- Голема одлука ќе биде да се одлучи УЕФА за ваков потег - вели Томислав Караџиќ, претседателот на ФС Србија. Истото го потврдуваат во истражувањето на „Дојче Веле“ и Зорислав Сребриќ генералниот секретар на хрватската федерација, и Сулејман Чолаковиќ претседателот на федерацијата на БиХ.

УЕФА неодамна одлучи домаќин на ЕП 2016 да биде Франција. Од наредното првенство бројот на учесниците на завршницата се зголемува од 24 на 32 репрезентации. Досега коорганизатори на завршница од ЕП беа Холандија и Белгија (2000 година), Австрија и Швајцарија (2008) и Полска и Украина на наредното првенство 2012. УЕФА е се погласна во своите гледања дека со заедничка организација на завршницата ќе прави популаризација на фудбалот. Повеќе од две земји домаќини не учествувале со кандидатура за организација на ЕП. Поранешните ју-републики веруваат дека ќе бидат првите земјите домаќини кои ќе ја урнат и оваа бариера.

Еве го текстот.Што мислите вие.Дали би требало и дали би можеле да бидеме дел од организаторите на Европското.Дали само Скопје или би можел да се вклучи уште некоја град?
 
Z

ziko bt

Гостин
јас колку шо знам Македонија не е планирана за ова(Србија,Хрватска,БиХ), евентуално можиме да бидеме опција ако Хрватска нејки со Србите да организира ЕП а има некој такви муабети http://www.b92.net/sport/fudbal/vesti.php?yyyy=2010&mm=07&dd=06&nav_id=443760
иначе ми се чини имаме капацитет да бидиме дел од организација за ЕП покрај Градски можат да се напрат уште барем 2 стадиони шо ке задоволуват стандарди
 
П

Паспарту

Гостин
Интересна идеја, но тешко остварлива... Според мене премногу се 4 репрезентации да бидат организатори. Мене лично не ми смета, но рачунајте дека така пак ќе треба драстично да се смени квалификацискиот формат. Друга работа е што во сите овие земји ретки се, а во моментов прашање е и дали има таков стадион кој е според стандардите за одржување на европското првенство. На балканец тешко човек да му верува, и да дадат/дадеме гаранции, тешко дека тие би ги исполниле. Се што во светот се гради за 2 години, на Балканот е потребно 22 за истото...
 
B

boki10messi

Гостин
Само на тој начин ние би можеле да учествуваме на ЕП, ако бидеме домаќини. Иако мислам дека ако се планира и ние да бидеме организатори, уште сега УЕФА да фрли огромни пари да се направи барем уште еден стадион со повеќе од 35.000 капацитет. Вака, само со Арената Филип 2, не верувам дека можеме нешто да направиме. А, и како што рекоа, 4 држави се премногу за домаќини. И 3 се многу, а пак 4:nesvest:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Мислам дека се премногу 4 земји да организираат. Друга работа е што со само 1 поголем стадион колку би можеле да имаме натпревари, не може само за 1 - 2 натпревара да не стават како организатор Друга работа е што тоа би значело автоматски пласман на првенство на 4 земји, што не е мала работа.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.875
Поени од реакции
7.309
Интересна идеја, но тешко остварлива... Според мене премногу се 4 репрезентации да бидат организатори. Мене лично не ми смета, но рачунајте дека така пак ќе треба драстично да се смени квалификацискиот формат. Друга работа е што во сите овие земји ретки се, а во моментов прашање е и дали има таков стадион кој е според стандардите за одржување на европското првенство. На балканец тешко човек да му верува, и да дадат/дадеме гаранции, тешко дека тие би ги исполниле. Се што во светот се гради за 2 години, на Балканот е потребно 22 за истото...

Епа и не се баш премногу ,од следното европско ќе учествуваат по 32 репрезентации така да мислам дека ова е добра идеа.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Гласав ДА.... колку е тоа остварливо.. 0%!

Како прво колку е можна Балканска Лига толку е можно и сите тие држави задно да аплицираат за „НЕКОЕ“ првенство.

Друга работа е тоа шо некој член шо пиша погоре.... дека ако во европа е потребно за да се изгради стадион за 2 години кај нас за 22.


Трета работа, онака срамежливо...... ненадминливиот д уан енд онли- Харалампие Хаџи Ристевски!:toe:
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Епа и не се баш премногу ,од следното европско ќе учествуваат по 32 репрезентации така да мислам дека ова е добра идеа.
А можда и 48 ќе стават :tv:

Него,нема шанси ова да се случи,бар не 2020.
Можда таму...за некои 50 години.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Мислам дека сеуште ова за нас е преголем залак. Иако се работи за 2020, на кандидатскиот пазар се излегува со одредена понуда. Таква понуда која може да сврти внимание сега немаме.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
да да ке се оствари...едино ако Оливер Стоун снима филм со слична тематика како оваа :tv:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Само со Филип II како солиден стадион да бидеме ко-организатои ?
Не зезајте,ај ете да се изградат уште 2-3 добри стадиони или да се реконструираат некои постоечки,што е со смештајот хотели такви срања,да не збориме за инфраструкутра ( патишта аеродроми итн )
Ептен треба да се вложи,да се направи и да се подобри во државава за да помислиме на такво нешто.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Само со Филип II како солиден стадион да бидеме ко-организатои ?
Не зезајте,ај ете да се изградат уште 2-3 добри стадиони или да се реконструираат некои постоечки,што е со смештајот хотели такви срања,да не збориме за инфраструкутра ( патишта аеродроми итн )
Ептен треба да се вложи,да се направи и да се подобри во државава за да помислиме на такво нешто.
Коа Африка доби организација.......... се е можно!
 
Член од
1 февруари 2010
Мислења
16
Поени од реакции
0
Е шо ти со Африка не рамниш? Па ние сега сме бетер од нив бе хаха.Иначе убава идеја, но за жал тешко остварлива од горенаведените причини (да не се повторуваме).
 
П

Паспарту

Гостин
Епа и не се баш премногу ,од следното европско ќе учествуваат по 32 репрезентации така да мислам дека ова е добра идеа.
32 репрезентации нема теоретска шанса да учествуваат на ЕП, барем не во наредните 100 години... 24 репрезентации ќе бидат од 2016 година, оваа остапка е најголемата што ја направи УЕФА (+8 репрезентации).

Нас од УЕФА и да ни дадат пари да изградиме стадиони, парите ќе ги снема за 24ч.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom