Македонија-Словенија 25.01. 16:30 h(1/8 финале на СП)

Кој ќе се пласира во четвртфинале?


  • Вкупно гласачи
    180
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Дојде и тој момент дами и господа..
Дуел за историја,меч кој може да ја вивне Македонија во кремот на светскиот ракомет(а според игрите во последно време таму и припаѓаме)...
Пласман во ТОП 8 селекции во светот и можност за пласман на ОИ во Рио 2016..
Сон на оваа генерација...
Пречка за остварување на оваа цел,нам добро познат противник,РЕПРЕЗЕНТАНЦАТА НА СЛОВЕНИЈА..:icon_mrgr:

Кој подобро ја владее играта со ракометната ЖОГА?(жога-словенски назив за топка):::vozbud:
Против себе ќе ја имаме 4тата селекција од последното СП во Шпанија...
Спој на младоста и искуството..
Тие што го следат Словенечкиот ракомет имаат една констатација,како никогаш досега Словенците немале толку широк и квалитетен ростер на играчи,пред се млади,талентирани игра,играчи кои достигнаа високи цени на европскиот пазар...
Сето ова се должи на добрата работа во клубовите од домашното првенство-Цеље,Горење,расформираниот Копер последните неколку години се вистински извор на таленти и главен снабдувач на свежа сила во репрезентацијата..
Предводени од Борис Дениќ,екс тренерот на Копер,добро познат на нашата јавност,од дуелите со Металург пред неколку години....

Имаше слатки маки-во селекцијата немаше место за еден Борут Мачковчек,за големите таленти на Цеље и Горење-Миха Зарабец и Стас Скубе...
Вака на прв поглед кога ќе се погледне селекцијата се доаѓа до впечаток дека тоа е селекција на плејмекери,техничари,индивидуалци,просечна висина од 190 см,нешто слично како нас...
Недостасуваат високи шутери-разбивачи,од калибарот на Борут Мачковчек,но слабата минутажа шо ја добива во Монпеље,и пред се огромната конкуренција за влез во најдобрите 16 во репрезентацијата го истиснаа од ростерот....
Но го негуваат тој модерен ракомет и имаат играчи кои можат да играат на било која позиција...
Доаѓаме до претставување на репрезентанцата...
Голмани:
Горазд Шкоф
-многумина го паметат од времето кога бранеше за Цеље,искусен голман,со многу мечеви зад себе..
Моментално брани во францускиот шампионат,во тимот на Нант(соиграч на Македа)..
Не многу висок голман,но одличен рефлекс,пред се во удари од крило и зицери,според она што го видов мала слобост му претставуваат ударите од далечина,доста е несигурен во последно време....
Сепак годините си го прават своето,но сеуште има што да покаже,квалитетен голман во секој случај...
Примож Прост-Според мене поопасниот од двојката голмани..
Има одлична сезона зад себе,брани за Гепинген(соиграчи со Никола Мариновиќ од Австрија)...
Понизок голман од Шкоф,но се рефлекси на мачка...
Многу спретен голман,знае добро да се псотави,знае да брани и од крило...
Врвен голман во секој случај,ќе мора добро да се простудира,посебно нашите бекови,пред се разбивачот Лазаров,од него ќе зависат многу работи,ако успее од далеку да го разбие ќе играме далеку полесно...
Од огромна важност е да не го разбраниме,најдобра варијанта е Шкоф да го започне мечот,а Прост да влегува во понатамошниот дел од мечот...
Но и Дениќ како да увиде дека со Прост подобро функционираат и со Шпанија започна со него....
Дефанзивци:
Миладин Козлина
-според мене единствениот(покрај браќата Жвижеј)што знае да игра одбрана...
Добро познат на нашата јавност(се е кажано за него)

Бекови:
Овде е вистинска гужва,плејмекери за извоз....
Марко Безјак-Ќе започнам со најопасниот(според мене)...
Многу добар играч,со него во тимот екипата е многу опасна,конкретна,страшен индивидуалец,техничар,едноставно мотор на екипата....
Знае да извади шут од трк,знае да влези во 6,знае да шутира од фаул,знае да направи вишок,да повлечи човек на себе,да асистира до крило,пикер,едноставно класа плеј,како на времето што беше Урош Зорман....(вистински наследник)......
Доста ги ротира бековите Дениќ,да се надеваме дека Безјак нема да добие голема минутажа,иако мора да се признае дека сите плејмејкери им се екстра класа...
Урош Зорман-Еден од најдобрите средни бекови последните 15ина години...
Иако не е на нивото од времето,сепак стар волк си е стар волк...
Знае добро да ја разигра екипата,пред се со неговата финта со тело и неговите влезови во зоната од 6(кога широко ќе се излези на него)...
Но неговата минутажа е лимитирана и сигурно нема да добие повеќе од 20 ина минути...
Интересно е што вчера на мечот со Шпанија,Зорман имаше интересна расправија со далеку помладиот Дејан Бомбач:duel:
Неколку пати камерите ги дадоа во кадар,малку фалеше да се испотепаат...
Значи атмосферата не е најсјајна,доказ дека многу петли не пеат на едно буниште,се знае еден петел ги :sekcza: кокошките...:cool:
Податок кој нас ни оди во прилог,многу звезди во екипата=многу ега,многу желби...
Факт кој може да се покаже како решавачки,за разлика од нив кај нас еден е командантот...:cool:
Но тоа се нивни проблеми,наша задача е да ги искористиме сите нивни слабости...
Дејан Бомбач-Игра одлична сезона во Пик Сегед,вистински мотор на екипата,но овде некако ми делува како изгубен,како тринаесето прасе....
Посебно зошто е многу тежок,силен како бик,не толку брз како Безјак,Шпилер,а е навикнат тој да ги влечи конците(како во Сегед)...
Со Бразил за малку ќе бепе трагичар на мечот,ако не се свестеше Дениќ да го извади ќе изгубеа од него..
Но добар играч во секој случај,играч кој доколку игра против нас добро ни дошол....
Давид Шпилер-Уште еден добро познат играч,на ова првенство игра на лево крило,како бекап на Лука Жвижеј....
Себастиан Скубе-Добар техничар,не троши многу топки,знае да влези во зоната помеѓу 9и6 метри и од таму да шутира,многу брз на нозе,ќе мора добро да се внимава на неговите влезови при нивните укрстувања..
За разлика од Австријците Словенците играат со промена на позициите и многу трчање(без топка)значи одбраната ќе треба да ни е доста покретна...
Двајцата Јуревци-десните бекови...
Јуре Натек-Има одлична сезона зад себе во Магедбург,добар шутер,можеби едиснтвениот вистински бек шутер,играч кој прво размислува на шут,а потоа на се друго..
Јуре Доленец-ракометар на Монпеље,сака многу да ја води топката,има финта со тело,сака да влегува доста во зоната,бара дуел игра...
Добар,изработен шут,но играч кој е доста склон на технички грешки ако му се излези малку поостро,би требало да играме погрубо на него...
Крила:
Драган Гајиќ
-првиот топчија на тимот,страшно крило,брз како ветер,многу дрзок,знае да шутира од било каде,без разлика дали има агол или не,нема да чека на тацна топка од десен бек како грото крила...
Од огромна важност е да го задржиме,и да одиме многу погрубо на него,а тоа ќе го направиме ако си ја завршиме работата со десниот бек.....и секако да не дозволиме многу контри...
Прв пеналџија,доста добар...
Со еден збор-алфа и омега на тимот...
Вид Кавтичник-дете за се,стара коска,стара школа,игра на било која позиција,знае да покрие секаде,искусен играч,со многу титули зад себе...
Многу брз играч,незгоден за чување...
Неверојатно уиграни се со Гајиќ и Доленец,па опасноста е голема од десната страна...
Лука Жвижеј-единственото вистински крило во селекцијата..
Искусен играч,добар дефанзивец,знае да биди доста опасен,ако успееме да го откажиме на почеток и да го извади Дениќ,и да го пушти Шпилер таму ќе завршиме голема работа,така ќе можиме да ја насочиме целата сила на нивниот десен напад,напад кој далеку повеќе го користат...
Пикери:
Миха Жвижеј-
пикерот на Тулуз,многу силен играч,знае добро да се постави,знае да прими топка,многу незгоден играч,ќе мора многу да внимаваме на него..
Не е од оние пикери како Пош од Австрија кои се тромава и трапави,има добри движења,знае каде се поставува,ќе имаме доста работа со него...
Матеј Габер-уште еден играч од Монпење,јака градба,како Жвижеј,ко користат пред се во одбрана,но знае и да изигра во напад,за разлика од Жвижеј малку потрапаво делува,знае да направи пробивање,нема таков репертоар на удари како Жвижеј..
Имаат уште два пикери-Урош Бундало и Блаж Благотиншек,но не знам дали ќе бидат во составот,но не ми се верува да добијат поголема минутажа...

Тоа е околу составот...
Екстремно талентирана селекција,нема збор овде..
Покриена на сите позиции..
Можеби на прв поглед е заебано шо ќе играме со нив,за разлика од помалиот ростер на Катар...
Но пред се ни одговараат заради нивниот стил на игра,начинот на кој играат одбрана(нешто слично како Австрија вчера)што не значи дека и утре ќе биди така..
И тие ги знаат нашите слабости,но ги знаеме и ние....
Доколу изиграме поагресивна одбрана,малку поистурена,налик на 3-2-1,или некоја форма на 4-2...мислам дека ќе завршиме голема работа..
Бразилците со истурена 3-3 одбрана ги пореметија,ги принудија на еден куп технички грешки,таков беше мечот,брз,преполн со грешки..
Сигурно ќе пробаат да корегираат нешто,посебно да ја забават нивната брза игра,зошто во спротивно се печени за нас,такви бараме ние.....:zloo:
Да не должам многу:),ќе напишиме и за нас нешто..
Со среќа да ни е,и да се радуваме утре на историски пласман....:oeoeoe:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Гласав зашто малер.

За разлика од минатите првенства, сега и кога играме слабо - победуваме. Доказ дека конечно имаме супер екипа. Ако играме како против Тунис, ќе биде лесна победа. Ако играме на мускули - ќе биде тешко но мислам дека имаме подобра екипа од нив.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Добро е што нашиов конечно му текна дека немаме во екипата само еден голман... со среќа да ни е и се надевам на бар 3-4 разлика на полувреме и 6-7 на десетина минути пред крај. Така верувам како со Австрија мирно ќе го привршиме натпреварот до последна секунда.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.914
Поени од реакции
1.766
Утакмицата ке бидит тешка но ке победиме со 2-3 разлика.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
:cuc: за анализава. Али тоа не го менува фактот дека пишуваш за лајкчиња од вардарците :kezec:

@Tomasino Језда ти си експертот тука :D, али зошто мислиш дека ќе биде подобро да играме поистурена одбрана?
Не мислиш дека е лоша идеја да се остави нашата тромава одбрана Велко, Ацо, Столе и Марковски(сите тешкаши) да се бркаат со нивните исклучително брзи бекови?
Па ќе треба со клизачи да им влагаат за да ги запрат :pos:, иначе нема теорија во некоја отворена игра да ги стигнат, како брз воз ќе поминат меѓу нив.

П.С. Сигурен си дека утакмицава е од 19.00? Јас некаде прочитав по нетов дека е 18.30 локално време, што ќе му дојде 16.30 кај нас...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Вчера кажаа во 19 часот...грешка моја...
@Colt Willcox Корекција....;)
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.141
Поени од реакции
28.898
Овај Томасино како ги представи Словенциве поарно ќе беше со Катар да игравме, секако фалангата ќе беше погласна од цела сала :)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
:cuc: за анализава. Али тоа не го менува фактот дека пишуваш за лајкчиња од вардарците :kezec:

@Tomasino Језда ти си експертот тука :D, али зошто мислиш дека ќе биде подобро да играме поистурена одбрана?
Не мислиш дека е лоша идеја да се остави нашата тромава одбрана Велко, Ацо, Столе и Марковски(сите тешкаши) да се бркаат со нивните исклучително брзи бекови?
Па ќе треба со клизачи да им влагаат за да ги запрат :pos:, иначе нема теорија во некоја отворена игра да ги стигнат, како брз воз ќе поминат меѓу нив.

П.С. Сигурен си дека утакмицава е од 19.00? Јас некаде прочитав по нетов дека е 18.30 локално време, што ќе му дојде 16.30 кај нас...
Уште да даваа некој бенифит од лајкчињата...(кој се замара за лајкчиња)...
Пишам зошто неам некоја друга попаметна работа...:гик:
Државата си еба матер.ние се замараме за ракомет...:pos:
Иначе околу истурената зона...
Не знам колку сме спососбни да одиграме истурена зона,посебно зошто во последно време играме подефанзивна зона 6-0..
Според мене ќе имаме успех ако излеземе малку подлабоко на нив,да ги натераме да се борат за секоја позиција.да шутираат од неизградени позиции,да бараат шут од нетипични позиции,па да оставиме се на голманите ,да шутираат па да се надеваме дека ќе немаат свој ден,а со ваква игра ќе имаат и технички грешки..
Ако ги оставиме со 6-0 ќе мора да се потприме на голманите,вчера Шпанците со 6-0 добро ги решија,но нивниот голман имаше 50% успешност на одбранети удари,а прашање е ние колку ќе имаме?
Ќе видиме шо е подобро...
Јасно е дека ќе мора да пробаме повеќе варијанти...сигурно не можиме цел меч да бркаме...
Не таква индијанска зона како Бразил па да се бркаме со нив,тоа е преголем ризик,но барем една поистурена 3-2-1.4-2 во дел од мечот можиме да си дозволиме...(ако не даде резултат првичната 6-0)
Посебно шо грото од овие играчи играле доста низ својата кариера 3-2-1,постарите знаат дека порано една од најстандардните наши одбрани беше 3-2-1...посебно зошто бевме пониски и лимитирани со висина на играчи....
А и имаме играчи за ова,Миркуловски,Бутино ова се играчи кои имаат кондиција да одиграат погруба одбрана...
Сигурно ќе се менува одбраната во зависност од нивниот стил на игра...
Клучот ќе биди дали ќе не остават да комбинираме(а досега не се покажаа како некој дефанзивен тим,кој знае да ја умртви играта),ако успееме да ги вклучиме пикерот и крилата во мечот,како со Австрија и Тунис ќе имаме игра....тука сме најопасни....:zloo:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Според анализататоа е селекција на плејмекери,техничари,индивидуалци,просечна висина од 190 см,нешто слично како нас...
Недостасуваат високи шутери-разбивачи
...“
Не ја гледав нивната утакмица со Бразил и тоа како се снаоѓале со поистурена одбрана (3-3 или 3-2-1/4-2), ама ако ние играме таква одбрана мислам дека ќе не разбијат за 10 минути. На досегашните наши утакмици безмалку секое излегување на Ацо и Велко од зоната значеше нивно праќање по бурек од страна на побрз противник, правење дупка во зоната и нормално пробив кој најчесто завршува со гол или пенал. Ако на нив двајца додадеме некој од пикерите кој би играл во одбрана, а се побавни од словенциве - тркачи, тогаш ќе бидеме уште полесни за пробивање во случај барем еден од нив тројца да излезе на некој од брзите словенечки бекови. Воедно, немаат високи шутери - разбивачи, така што јака 6-0 ќе направи проблеми кај нив. И се разбира, ќе мора позади „ѕидот“ Борко да погоди што повеќе од неговите проценки.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Се очекува тежок натпревар, но и победа за нас:)

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!:oeoeoe:
 
А

Атомската мравка

Гостин
6-0 одбрана како и до сега само да испаѓаат одвреме навреме со лесен фаул да ги прекинуваат и да им ја враќаат топката на 9м и ќе паднат Словенците со 2-3 разлика..

Рио идемеее :oeoeoe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom