Ај малку да ги реанимираме девојките со духовен вагинализам:
Тој вели: Не знам зошто го носиш тој градник, секако немаш што да ставиш во него...
Таа одговата: Па ти носеш панталони нели?!?
Тој вели: Ајде вечер да ја смениме положбата...
Таа одговара: Добра идеа, ти застани пред даската за пеглање, а јас ќе седам на каучот.
Тој вели: Каде ги потроши сите пари кои што ти ги дадов за храна?
Таа одговара: Заврти се странично и погледни се во огледалото!
На ѕид во женско ВЦ пишува: Мојот маж ме следи насекаде!
Под истиот натпис: Ма нема врска, не ја следам...
Прашање: Колку чесни, интелигентни и мажи кои се грижат за чистота постојат на светот што мијат садови?
Одговор: И двајцата!
Прашање: Како мажот прави планови за иднината?
Одговор: Купува два пакети пиво, наместо еден!
Прашање: Која е разликата помеѓу мажите и државните обврзници?
Одговор: Обврзниците пораснуваат!
Прашање: Зошто се вицовите за плавушите кратки?
Одговор: За да можат мажите да ги запамтат!
Прашање: Колку мажи се потребни за да се смени тоалетна хартија?
Одговор: Не се знае, тоа едноставно никогаш не се случило!
Прашање: Зошто е толку тешко да најдете убаво машко со чувства, кој е осетлив и кој се грижи сам за себе?
Одговор: Сите такви веќе имаат дечковци!
Прашање: Која жена знае секоја вечер каде и е мажот?
Одговор: Вдовицата!
Прашање: Зошто мажените жени се подебели и потешки од немажените?
Одговор: Немажената жена си иде дома, погледнува што има во фрижидер и оде во кревет. Мажената жена иде дома погледнува што има во креветот и оде до фрижидерот...
Прашање: Што е заедничко за сите мажи во баровите за самци?
Одговор: Женети се!
Мажот му се обраќа на Бог: Боже зошто си ја направил жената толку убава?
Бог му одговара: За да ја сакаш ти...
Мажот на тоа одговара: Добро боже, но зошто си ја направил толку глупа?
Бог на ова му одговара: За да може таа тебе да те сака!