Јас сакам се, освен нормален дечко. Е сега, низ разговори со другарките кои сакаат нормални дечковци, сум разбрала дека сакаат:
1. Саваш од Љубов и Казна, комбиниран со Онур, малце примеси на шпанско изјавување љубов и романтични срања, башка сето тоа мора пред очите на цел свет, чисто за онака - а, го гледаш?! го гледаш?! ќе цркне за мене, види го, ха!!!
2. Да работи. Ако веќе не студира.
3. Да има ,,нормално семејство,,. Не знам што подразбираат под тоа.
4. Да биде достапен 24/7
5. Да оќораве во истиот момент кога ќе влезе во врска со нив. Со други зборови, очите да му функционираат само кога е со нив.
6. Да стави забрана (онаква, родителска) на порно сајтови. И на памет да не му падне да ѕирне натаму.
7. Да ја шета по цела негова фамилија до 17 колено. Чисто да може таа да подигне нога и обележи територија. Демек, ете сите да видите, јас сум ТАА, избраната, најдобрата, one of a kind - the СНАШКАТА!!!!
8. Да избрише се бившо, потенцијално муваторско некогаш, од фб, скајп, мсн, телефон, и мозок, нормално. И се женско ново што ќе му пристапи, веднаш да и каже - слушај цуцо, јас имам девојка. Stay away from me.
9. Ни на крај памет да му падне да има другарки. И ако веќе дозволи таа да ги има, е тогаш, со нив на кафе без неа не смее да помисли да отиде. Тоа е директен удар врз нејзината личност.
10. Да пие кафе со мајка и, баба и, татко и, дедо и, и да се загрижи што внукот на нејзинта братучедка настинал. И да се згрози кога некој негов другар нема постојана врска.
11. Да ги прекине контактите (посебно вечерните) со другарите кои абер немаат од постојана врска. Од тој свечен момент на стапување во врска со неа, тие другари се ,,недозреани,, ,,зелени,, ,,идиоти,, ,,срцекршачи,, ,,покварени,,. А нејзините другарки секогаш се во право, навредени и оставени од проклетниците, исти онакви како неговите другари. А да, и мора да ги знае сите нејзини другарки и сите нивни проблеми, и секој маж што ќе ги плесне и после нема да се ожени со нив, мора да го мрази и да му ржи низ Скопје.
Е можда пропуштив нешто, ама моите другаркички во овие ситуации зборуваат за ,,нормален,, дечко. Јас мислам дека се за жалење, ама што знам јас....