Сакам да ве прашам, зошто секогаш трчате по 10 пати поголеми од вас дечковци?
10 пати постар од мене би требало да има 180 години.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Не дека имам нешто против 180 годишни мажи, ама ретки се ко дијаманти, некои дури ги сметаат и за мит
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Шала на страна... Во принцип сакам дечковци постари по некоја година, ама се мисли на некоја мала разлика (2-4) и ова не е никакво правило, туку како најчесто ми се погодувало. Ама над 5-6 години не ми се случило маж да ме привлече, едноставно не се палам на постари мажи, сакам некој што ќе биде и на некоја слична ментална висина со мене, и покрај тоа што разликата во години во својата суштина е само бројки. Сепак, си има граници. :wink:
Постари мислев. Е како не? Девојки од прва година средно се фаќаат со дечковци од 2 година фак, па не е срамота за вас ?
Срамота?
Срамота за мене е да седнам во кафич, да нарачам секс он д бич и кога ќе ја донесат сметката да сфатам дека сум ги заборавила парите дома.
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
Или да се сопнам на некој булевар на пешачки премин, што истовремено би било и срамота и трагедија.
Ама да имам дечко постар 5 години од мене? Тоа е разлика во гледишта, за некој е океј, за некој не е океј. Ама во никој случај не е срамота, особено во времиња кога е толку зачестена појава.
Што најмногу ви привлекиува внимание?
Општо.
Се мисли на добриот начин или на лошиот?
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)