Мажите за време на породување

K

Kacar

Гостин
Морам да,, истролам" иако не ми е намерата.
Од мал ја пораѓав првата кучка која што ја имав, изигравав хирург. Втората кучка исто, и пороѓај кај животните ми изгледаше фасцинантен и емотивно многу ми делуваше. Сум присуствувал и на пороѓај и на коза, овца, коњ, на исплување на пилиња од јајценца и слично.
Ама кога дојде ред на женска особа, кога сестра ми се пораѓаше, се породи 2 недели порано од терминот а мажот и беше во странство. Родителите наши на другиот крај в Македонија. Јас бев со неа во стан и среде ноќ ме разбуди демек имала некакви чудни болки. Беше 4:30 насабаље, и се напи еден аналгин. Мислеше дека е гладна па изеде 2 корнишона. Се прошета низ станот, отиде до тоалет и отиде да си легне.Накај 6 пак стана, јас не бев легнат бидејќи во 8 имав испит. Ми рече дека силно клоца и тоа прв пат се случува. После легна се смири. Но некако потечена ми изгледаше в стомак. В 8 заминав на факултет, се вратив во 11 а таа уште спиеше. Стана и почна да зборува дека градите ги чувствува многу чудно, но установивме дека тоа е си е дел од бременоста дека се близи терминот.
Земав да правам ручек и одеднаш почна да вика силно, да се држи за стомак и да клекне на земја. Ме фати паника во тој момент, исто како на сапуница се осеќав. И се исправи, се смири , немаше трудови и се јави на докторката. Таа ја праша дали кревала нешто тешко, дали јадела нешто посебно, дали во големи количини и и рече дека веќе е во безбедниот термин за пораѓање да лежи мирно и да не мрда и дека мисли дека се обични трудови кои се сосем вообичаени. Сакав да звонам на мајка ми - бабата сегашна на внуката, ама сестра ми не ми дозволи.
Во 14 часот попладне, почна да се поти и веќе самата ми рече дека мисли дека ќе се пораѓа. И јас му се вивнав во воздух да викам брза помош ама рече нема потреба ниту водењакот не пукнал. Ебате што го пророчи тоа, се крена од кревет и пушти вода. А јас исто ко да имав 2 прста в грклан, такви нагони имав. И глуп, мислев дека после водењак следува породување. Се јавивме в Систина веднаш опремија, не се разбравме и тие пратиле возило а и јас тргнав со автомобил летајќи и прекршувајќи ги сите сообраќајни права. При пристигнување , ја дочекаа како кралица, психолог разговараше првин додека ја припремаа и само слушнав од еден постар акушер дека е 9 сантиментри отворена. И дека ќе почекаат уште неколку минути да станело 10 сантиметри. И при влез в салата, останав надвор, ама сестра си е сестра побарала да ме пуштат , дека сопругот го нема. А жими све сега да се повтори тоа не би влегол. Покрај тоа што ми ја свитка раката од стискање и циркулацијата ми ја запре, морав да видам помодрено бебуле со црево на него и како што кажа членот погоре, да паднам в несвест. Шеќер и водичка ми дадоа сестрите. Е, ама сум вујко. Најсреќен вујко на Светот. Уште ја немам видено внука ми бидејќи ја задржаа в болница цели 10 дена в инкубатор, а јас за тоа време спремав и заминав за Америка.
Малку мелодраматично делува ама сакав што по живописно да доловам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom