Мажите за време на породување

Дискусија во форумот 'Бременост' започната од Олимпија, 19 октомври 2015.

  1. Олимпија

    Олимпија Македонија во срцето!!!

    Член од:
    26 март 2008
    Мислења:
    5.603
    Допаѓања:
    9.038
    Бидејќи има тема за пораѓај кај што жените си делат совети,искуства и мислења може мажите да си се олеснат во оваа тема :)
    Како се чувствувавте на денот на пораѓај? Присуствувавте ли во породилна сала? Кои се вашите впечатоци при првата средба со бебето?
    Ајде татковци изјаснете се :icon_lol:
    @Нuкола , @Дињата на Анчо , @Zlatikevichius , @Acid...
     
    На Zlatikevichius и Луси_Лу им се допаѓа ова.
  2. Црноризец Храбар

    Црноризец Храбар

    Член од:
    24 мај 2014
    Мислења:
    2.729
    Допаѓања:
    2.556
    Јас имам слушнато мал милион приказни, случки каде мажите во сала за породување паѓаат у несвест директ како презреани круши :D Особено кај царски рез породувањата...
     
  3. _BerzerkeR_

    _BerzerkeR_

    Член од:
    29 март 2013
    Мислења:
    1.952
    Допаѓања:
    1.791
    То е то кога некој че речи... "мушки го поднесов породувањето на жена ми" !
     
    На VeS и Црноризец Храбар им се допаѓа ова.
  4. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    1.288
    Допаѓања:
    971
    :cuc::cuc::cuc: За жените кои можат и се одлучуваат за природно породување :bravobe:
    Факт 1 - сигурно големи се болките и напонот кој го имаат во тој момент (но царски уште позафркнато е)
    Факт 2 - после неколку дена тоа го забораваат и продолжува животот.

    Доколку маж присуствува на самиот чин и притоа директно гледа од каде излегува бебушот :
    Факт 1- неговиот мозок веќе нема да е ист :confused: o_O :eek: :вонзем: :несвест:
    Факт 2 - никогаш нема да го заборави тоа што го видел
    А постои опасност во иднина да се намали желбата да се приближи до тој отвор :pos:

    А во кои болници дозволуваат таткото лично да присуствува при породувањето... Во државна не даваа, освен ако другиот бокс/пулт не е слободен а таму слободен :neetaka:
     
    На The Goddess, Blade Torch, Moon Child и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. lazar31

    lazar31

    Член од:
    7 ноември 2011
    Мислења:
    1.207
    Допаѓања:
    1.395
    За неколку дена еве треба жена ми да се породи по втор пат. Првиот пат беше прилично трауматично бидејќи се деси да постелката се одлепи па мораше под итно царски рез, беше критично ама после 3 часа борба од докторите се добро се заврши..... Тие три часа бев на скалите, пред вратата на породилното одделение кое беше под клуч и не пуштаа никој да влезе. Немав скоро никакви информации што точно се случува, само прку стаклото гледаш трчаат доктори, сестри, влечат секакви апарати... Е после 3 часа конечно излезе педијатарот која исто беше повикана на породувањето и таа ми кажа дека имам син иако до последно знаевме дека ке биде керка па дури и смисливме и име но како што реков излезе син па мораше набрзина консултации со жена со кумови па да се измисли машко име.... Потоа од салата излезе главниот доктор, кутриот мокар како да си го потопил во базен... Е тек после ме пуштија во ходникот од каде што на кратко се видов со жена ми кога од салата ја носеа во соба.... Потоа единствено анестезиологот ме повика и разговаравме за тоа што и како се случувало...... крвта ми замрзна, рече дека дури во еден момент помислиле дека ги загубиле и жената и детето и дека тука такви зафати не изведувале ни под разно но бидејќи било критично и биле во прашање минути па немало шанси за транспорт до клиника морале да се снаоѓаат со тоа што имаат..... среќа се добро се заврши, алал да му е на докторите.... Бебињата не дозволуваа да се гледаат иако имав луѓе кои ке можеа да ми средат да ме пуштат јас не инсистирав да влезам а од причина што сметам дека е исправно да не се влегува кај новороденчињата а пред се од хигиенски причини, да не се случајно прошират некои болест и зарази.... Од тие причини не влегувам ниту на прегледите кај гинекологот па да гледам во ехото.... Сепак е тоа ординација а не плоштад.... Сега, како што реков, овие денови жена ми треба да се породи по втор пат. Породувањето ке биде во приватна болница и пак ке биде со царски рез. Не планирам да влегувам во салата и да присуствувам на породувањето и пак ке речам не од причина да неможам да поднесам да гледам или да паѓам во несвест туку од причина што сметам дека тоа се простории каде се вршат породувања и операции па не е добро на кој му текнало да влегува таму, треба да си има ред... Ке бидам во ходникот или во дворот ке пушам како наркоман и ке чекам а со оглед на претходното искуство знам дека ке се плашам се додека се не се заврши...
     
    На Out Of Reality, blue ladybug, The Goddess и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. Zlatikevichius

    Zlatikevichius Human... or at least - trying to be

    Член од:
    17 октомври 2011
    Мислења:
    5.246
    Допаѓања:
    10.751
    Ние бидејќи одевме на предавања пред пораѓајот, прилично бевме запознаени со условите кои ги нуди клиниката за гинекологија во склоп на Клиничкиот центар, и за разлика од многумина, знаевме дека можам да присуствувам во породилната сала, доколку сакам. Но одлучивме дека сепак е најдобро за двајцата да не присуствувам, па затоа си чекав надвор. Но, бидејќи исто така, знаевме да ги разликуваме лажните од предпородилните болки, не отидовме во клиника 12 саати пред пораѓај, како што многумина прават, туку само саат пред пораѓајот - во 08:00 бевме таму, жена ми се породи во 09:15, па така - не чекав долго и многу брзо ми помина тој саат. Знам само дека една сестра излегуваше на секои 15 минути и ме известуваше: „Сега е во предпородилна сала“, „Сега е во породилна, на бокс“, „Дојде докторот“ итн. Знам дека некако не бев многу возбуден кога ми рече „Честито тато“, но кога почнав да се јавувам по телефони, и кога му честитав за внукот на татко ѝ, се сеќавам дека се расплакав. :sramezliv: После беше многу полесно - се чувствував 15 години помлад, трчав ко луд низ Скопје. Интересно беше што дента имав уште една огромна причина да се радувам, секако неспоредлива со доаѓањето на свет на малиот, па веројатно тогаш сум бил еден од најсреќните луѓе на планетата. :P
    Не знам, интересно беше, со сите можни емоции што постојат истурени наеднаш. Буквално не знаеш што правиш и не ти е гајле за ништо, важно е дека ти си пресреќен (и збунет истовремено).
    Случајно ја видов темава, што значи - тагот не функционира. Кажи му на @Acid . (Ова за да пробаме дали и со мојот таг е исто. :P)
     
    На Out Of Reality, blue ladybug, џимеј и уште 5 други им се допаѓа ова.
  7. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    17.086
    Допаѓања:
    25.342
    Тоа се денови кои вечно ќе ги паметам. Ги чекав 9 месеци, а кога дојдоа умирав од страв. На крај сите стравови се претворија во неизмерна среќа. Во тој момент не знаев што да направам и од среќа посакував да скокнам до небо. :D

    Не можев да си ги контролирам емоциите, целиот збунет, возбуден и највеќе мерак ми направија имињата кои им ги дадовме. Долго време посакував да имам синови со тие две имиња кои многу ми значат.
    Од тој ден животот е поубав, знаеш дека имаш мали суштества кои ти го разубавуваат и исполнуваат секој ден.

    За првото уште рано сабајле дремев во болницата. Сестрата ме пречека пред вратата, ме гледа и:
    Ти си таткото? :cautious:
    - Јас сум таткото. Колку гордо звучи. :cool:
    Рано си дошол, мајките и бебињата спијат.
    - Паааааа, трета смена бев. Како да не. :icon_lol:

    Влегов во собата и сестрата ги донесе бебињата. Го познав по очињата и викам: еве го нашето бебе. Потоа се слушна и првиот плач кој ми го стопли срцето.

    Вториот пат кога од среќа "скокнав" до небо. :D
    После следуваше и средбата со братчето. Имаше една и пол година и иако не разбираше, пак се гледаше среќата на неговите очи.

    Не знам како така не дозволуваат да ги видите бебињата. Првото се роди во државна и ме пуштија да го видам. Точно ординација е, а не плоштад. Ама детето има двајца родители и нормално е да присуствуваат и на прегледите и на пораѓајот. Таткото влегува таму, а не рандом личност од улица.

    1. Мозокот ми е ист.
    2. Самиот чин е како на оние видеата на јутуб. Веќе имав гледано и знаев што ме очекува.
    Не се намали желбата.

    Во приватните дозволуваат таткото лично да присуствува.
     
    На .Sky., Moon Child и Луси_Лу им се допаѓа ова.
  8. Moon Child

    Moon Child Гостин

    И мене ми е желба кога ќе се породувам да присуствува и сопругот. Затоа што тоа е момент кој и двајцата треба да го почувствуваме и паметиме.
     
    На .Sky. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. STEALTH

    STEALTH God is a DJ

    Член од:
    25 ноември 2011
    Мислења:
    7.792
    Допаѓања:
    8.344
    Имам гледано 2-3 пати пораѓај додека бев во средно на пракса, така да тој дел очекувам да ми биде кул.
     
  10. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    19.740
    Допаѓања:
    23.239
    Ја коа чекав пред болница жена ми да се породи, имаше тука еден Ром (така парталаво облечен) што чучеше и поминуе тој ден тука Бучко (изглеа и он чекаше пораѓај) и Ромов од едно два-триес метра му вика: - Бучкооо! Кај си бе?. Овој срамеживо климна у сред одење и си продужи.
    hint: Ромот имаше капче СДСМ, па ваљда мислеше дека у реду да му се обрати на Бучко
    Пред некој ден пак го видов Бучко, втор пут у живот, у живо. Денот беше баш на роденден на ќерка ми.
    Weird...
    or maybe not so much
     
    Solaire of Astora, Peja989, Moon Child и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    17.086
    Допаѓања:
    25.342
    Жена ми кога се породи исто имаше и една циганка. Под прозор дојдоа сите роднини и дуваа со трубите. Обезбедувањето едвај ги избрка. :ROFLMAO:
     
    На Peja989, Ska Maniac, Moon Child и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mr.Deni

    Mr.Deni Животна грешка си ми ти...

    Член од:
    4 мај 2007
    Мислења:
    2.746
    Допаѓања:
    463
    Јас за едно два месеци ако даде Господ и се биде во ред ке пишам импресии.Сега само ги читам темиве и добро и дојде и на сопругата темата со женските искуства.Дефинитивно ја опушти малце повеќе зошто како што поминуваат деновите се понервозна е :)
     
    На Out Of Reality, Acid, Peja989 и уште 6 други им се допаѓа ова.
  13. Кларк Кент

    Кларк Кент

    Член од:
    12 март 2008
    Мислења:
    933
    Допаѓања:
    543
    Ние го чекаме бебушот некаде на крај на февруари, а ја уште од сега сум во грч. :) :)
     
    На Out Of Reality, Peja989, Zlatikevichius и уште 4 други им се допаѓа ова.
  14. Луси_Лу

    Луси_Лу extreme

    Член од:
    17 септември 2008
    Мислења:
    4.674
    Допаѓања:
    8.589
    Kent I Deni, mushki stisnete :D
     
    Кларк Кент, Mr.Deni, Peja989 и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Zlatikevichius

    Zlatikevichius Human... or at least - trying to be

    Член од:
    17 октомври 2011
    Мислења:
    5.246
    Допаѓања:
    10.751
    За сите исплашени неупатени уште-малку-па-родители: предавањата на Клиника навистина многу помагаат: не само за да научите нешто ново, туку и многу добро ве подготвуваат за стресните ситуации кои ќе ги доживувате. Има предавања од педијатри, психолог, анестезиолог, акушерки... плус и тура низ клиниката (за да не паднете во несвест ако првпат видите бокс пред пораѓајот) - секој аспект е покриен. Затоа, најтопло ви препорачувам да се пријавите доколку сте помеѓу 30-34 недела. Часовите се бесплатни, 5 на број, траат 4 недели во попладневните часови и нам навистина ни беа од огромна помош!
     
    На blue ladybug и Mr.Deni им се допаѓа ова.

Сподели преку: