Мадагаскар

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Мадагаскар (или Малгазија) е островска република во Индискиот Океан, недалеку од Јужна Африка. Островот зафаќа површина од 587,041 км2 и е четврт остров по големина во светот. На Мадагаскар се наоѓаат 5% од растенијата и животните во светот, од кои 80% се загрозени. Главен град е Тананариве. Независна е од 1960 година. Населението се состои од најразлични племиња, какоМерина или Хова, Бетсимисарака и др. Религијата е христијанска, муслиманска, анимизам и тотемизам. Службени јазици сефранцускиот и малгашкиот.
Тоа е домот на лемурите и уште голем број ретки животински и растителни видови, бројни водопади, клисури и вулкани.
Најголеми атракции на Мадагаскар се шареноликиот дневен пазар за цвеќиња, кој се наоѓа на работ на езерото Аноси и ботаничките и зоолошки градини.
На Мадагаскар живеат различни етнички групи - Индонезијци, Французи, Африканци, Азијци и Арапски потомци.
Ако сте љубители на плажи, Мадагаскар има одличен избор за нуркање, пливање и релаксирање во тишина.

madagaskar-ostrovot-na-zivotnite-i-ubavite-plazi-2.jpg
madagaskar-ostrovot-na-zivotnite-i-ubavite-plazi-3.jpg
madagaskar-ostrovot-na-zivotnite-i-ubavite-plazi-4.jpg
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.135
Поени од реакции
2.777
Со тектонските движења Мадагаскар секоја година се отцепува од Африка за 10cm.
За илјадници години ќе стаса до Австралија...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom