Теодор006
Научник
- Член од
- 25 август 2013
- Мислења
- 270
- Поени од реакции
- 111
Актуелна во изминатите години- магнетотерапијата се потпиран на докажаниот принцип дека хемоглобинот во крвта има магнетни својства и дека статичките магнетни полиња можат да ја концентрираат крвта во некои области, со што би ја подобриле циркулацијата.
Работи кои се "лечат" со магнетотерапија се најчесто артритис и разни други видови на болки.
Кај многу луѓе постоењето на "железо" (железни јони во хемоглобинот) е веќе потврда на магнетните својства во крвта и се спремни да платат за магнетни појаси, магнетни белезици и магнетни кебиња. Но розовото завршува ТУКА!
Почнуваме со фактите:
-Хемоглобинот има магнетни својства, но не такви какви што би очекувале:
-во состојбата кога е оксидиран е многу слабо диамагнетен, што значи дека многу слабо одбива надворешно магнетно поле.
-во состојбата кога е деоксидиран е многу слабо парамагнетен, значи многу слабо привлекува надворешно магнетно поле, но не добива магнетни својства.
Во магнетотерапија најчесто се користат феритни магнети (тие се прилично слаби), а поретко неодимиумски (најјаките комерцијално достапни магнети до ден денес...)
Но реалноста е дека всушност магнетите треба да привлечат материјал со екстремно слаби магнетни својства, во внатрешноста на клетка која се движи низ густа течност додека врз неа има влијание еден од најсилните мускули во човечкото тело- срцето.
За да има дури и минимално дејство врз местоположбата на крвта, магнетното поле треба да биде појако и од најјаките електромагнети што некогаш се создадени, а тие користат моќност во редот на киловати и се доволно силни за да левитираат вода и живи суштества што содржат вода.
-Магнетотерапијата нема покажано и/или докажано ефекти што не биле Плацебо ефект-
Еден мој личен пример поврзан со магнетотерапија:
Баба ми вчера се враќа од чаршија со магнетни подлошки за столица, со вкупно 4 опипливи магнетни ленти... (така беше рекламирано и се осеќаа ленти...) Компанијата има добро разработено лого и упатството е на германски, што очигледно АСОЦИРА на квалитет со оглед дека едно време во Германија се произведуваа најквалитетните производи. Но чудно е што ова е произведено во Србија...
Еве слика од него спаковано:
Еве слики од шевовите со кои се прикачени лентите и слика од формата што се појавува кога фатам една од лентите со прсти:
Пробав дали се лепат на нешто метално, не се лепеа, пробав да видам дали воопшто имаат забележливи магнетни својства, приближив неодимиумски магнет N52 со дијаметар од 35mm до лентата, немаше никакво привлекување. Тоа укажува дека лентите се најверојатно пластични и дека еден куп луѓе се излажани. Овој магнет доколку го приближам на растојание од 1cm до било кој магнетен објект, скока и се лепи со неверојатна сила, а за други магнети се лепи и едвај се одвојува, еве го како си стои веднаш до "магнетната" лента без да се привлече...
Напомена, овој магнет што го гледате на сликава ја менува бојата на екранот на CRT телевизор на оддалеченост од 70cm, се лепи на феритни магнети со неверојатна сила дури и кога е оддалечен над 25cm, но не се привлекува кон "магнетната" лента. Како што пишав погоре магнетната лента треба да биде неверојатно силна за да би имала ефект врз текот на крвта и би требало да е направена од феромагнетен материјал. Неодимиумскиот магнет мирно си стои до лентата иако таа наводно е магнетна...
ЗАКЛУЧОК: Баба ми купила нешто што тврди дека има магнети што влијаат врз циркулацијата. Ајде, нека им помине тоа дека магнетното поле има влијание врз организмот, но не го добивам тоа што го плаќам, не добивам магнети... Мислам дека треба да им биде како негативна реклама на овие паметни луѓе кои заработуваат од незнаењето на попростите луѓе. Крајно сум изреволтиран!