МРТВ - Македонска радио телевизија

Член од
28 јуни 2018
Мислења
805
Поени од реакции
970
Mtv treba da pocne da pusta se sto ima po arhivi, da digitalizira ako ne e vekje napraveno toa i ke bide super.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.826
Поени од реакции
1.293
Да во последно време малку се оправија треба некои ситком серии да земат а да почнат нивна програма да продуцираат да ги вратат оркестрите малку повеќе музика нови Македонски приказни
Доста веќе со македонски приказни. Од 80-тите кога почнаа, тоа се 40 години, само тоа се продуцира по телевизииве. Да гледа некој од страна ќе добие впечаток дека државава ни е на ниво на развиј од пред 200-300 години. Не дека ќе згреши многу, ама за тоа во друга прилика.

Ако веќе мора таков вид на програма барем нека бидат адаптирани сценаријата и нека се одвиваат во сегашно време.

Најдобро би било сосем нова современа содржина, како во Србија што се прави.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.803
Поени од реакции
8.223
На МРТ и треба тим луѓе што ќе кеираат план за долги години како ќе биде програмски и општо во кој правец ќе се движи телевизијата.

Моментално државнава телевизија еднаш во неколку години и текнува да се дигне на некое поголемо ниво а потоа другите години неколку тапка во место.

Друго треба дигитализација што значи да ги искористат денешните алатки што ги овозможува дигиталново време, време на интернет. Не е само да се има добри модерни студиа за емисии, вести туку да се направи да секој има подобар пристап на сите тие тв и радио содржини од телефон, таблет, компјутер.

Ете HRT и РТС имаат свој услуги, апликации на кој имаш безброј содржини можност да ги гледаш кога ќе посакаш. РТС дури нуди и странски филмови со титлови, имаат и апликација за слушање музички албуми од нивната издавачка куќа.

За сето ова треба и владеачка партија што секоја година ќе издвојува буџет за телевизијата и ќе се грижи да не замре.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.637
Поени од реакции
786
Доста веќе со македонски приказни. Од 80-тите кога почнаа, тоа се 40 години, само тоа се продуцира по телевизииве. Да гледа некој од страна ќе добие впечаток дека државава ни е на ниво на развиј од пред 200-300 години. Не дека ќе згреши многу, ама за тоа во друга прилика.

Ако веќе мора таков вид на програма барем нека бидат адаптирани сценаријата и нека се одвиваат во сегашно време.

Најдобро би било сосем нова современа содржина, како во Србија што се прави.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
А што тоа ти се срамиш што тоа било нашето минато и тоа што тоа било вистина како народот живеел во такви услови
Македонските народни приказни се најгледани
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.913
Поени од реакции
42.613
Треба да се направи една серија во минатото што ќе се дешава поточно Југославија. Може да се скоцкаат добри сценарија. Имаа хрвативе нешто слично видов игра една на наша тв.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.803
Поени од реакции
8.223
Треба да се направи една серија во минатото што ќе се дешава поточно Југославија. Може да се скоцкаат добри сценарија. Имаа хрвативе нешто слично видов игра една на наша тв.
Имаше на МРТ 1 Хрватска серија Црно бјели свјиет со дејствије мисла од времето Југославија 80ти години.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.913
Поени од реакции
42.613
Имаше на МРТ 1 Хрватска серија Црно бјели свјиет со дејствије мисла од времето Југославија 80ти години.
за таа ми беше зборот, малце сега влеговме у друго доба, и правење серии за поблиско минато има повеќе смисла него за тоа што се десило пред 100-200 години.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.826
Поени од реакции
1.293
А што тоа ти се срамиш што тоа било нашето минато и тоа што тоа било вистина како народот живеел во такви услови
Македонските народни приказни се најгледани
Не напротив. Само 40 г. се снимаат едните исти приказни и почнуваат да се повторуваат. А од друга страна се што е претерано не е убаво. Џабе старите не рекле "многу арно не е на арно". Ти може многу да сакаш грав, ама ако секој ден јадеш грав ќе ти здосади, а има еден куп други јадења.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.803
Поени од реакции
8.223
Не напротив. Само 40 г. се снимаат едните исти приказни и почнуваат да се повторуваат. А од друга страна се што е претерано не е убаво. Џабе старите не рекле "многу арно не е на арно". Ти може многу да сакаш грав, ама ако секој ден јадеш грав ќе ти здосади, а има еден куп други јадења.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
Додека беше жив Ѓорѓи Колозов и ред други сега веќе починати актери беа интересни приказните, овие сега се досада. На времето имаше улоги на ѓаволи, самовили, светци, арамии, цареви, царици, слуги, екими.. Сега се помалку некако креативни авторите на приказниве.
Приказните денес што се снимаат ги вадат актерите оние кој останаа меѓу живите и некој од поновата генерација актери како Владо Дојчиновски и охриѓанецот Никола Тодоровски.
Оние на Канал 5 се безвезе.

Треба старите приказни МРТ и некоја фирма што работи видео обработка да им направи ремастер што значи да ги среди во боја, слика во HD и такви да ги објави на интернет. Нови веќе нема потреба да се снимаат затоа што новата генерација ретко кој го интересира народни приказни.
 
Последно уредено:

Нови се снимаат само затоа што имаат законска обврска да продуцираат играна програма на македонски. Ова им е најефтино. Сценарио 90% се веќе напишани во самите приказни, сценографија бесплатна во секое второ напуштено село, опрема си имаат телевизиите. Се плаќа само некој хонорар на актерите. Никој не ја гледа содржината или квалитетот.

Ај за приказниве нешто и се прави. Не ми е јасно само како можат да се протнат српскине музички шоу-а како македонски продукции. И тоа да си тера со години и на никој да не му смета. Истово важи и за турскиве серии.

Tурските серии намерно ги праат синхронизирани на македонски да влезе во групата македонска продукција и со тоа исполнуваат обврската законска.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.826
Поени од реакции
1.293
Tурските серии намерно ги праат синхронизирани на македонски да влезе во групата македонска продукција и со тоа исполнуваат обврската законска.
Токму за тоа зборам.
Дно дна.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.803
Поени од реакции
8.223

И за Лига Шампиони вчера имаше виртуелно студио. Заборавив да го сликнам.
Автоматски споено мислење:

Еве конечно и утринската во ново студио. Ужас им е катастрофа, бледа жолтеникава боја кога се вклучувања во живо, трепкање на сликата, крш графики..

Катастрофа ни е државнава телевизија ама ајде да се надеваме после избори кој и да победи нема да дозволи да пропаѓа МРТ. Барем човек треба да се надева иако оваа држава се распаѓа.
 
Последно уредено:
Член од
29 септември 2013
Мислења
724
Поени од реакции
613
Помешани чувства. Добро е да се има по некое виртуелно студио, но сите емисии да се виртуелни, значи дека МТВ се претвора во виртуелна телевизија, што не е добро. Но, ајде да им дадеме шанса. За почеток ваквите студија ќе им донесе поголема гледаност. Особено мислам дека имаат шанси кај утринската програма бидејќи овие на МТВ немаат јавувања на гледачи, а според мене мислам дека навистина претераа другите утрински и гледачите ќе сакаат да видат нешто друго. Дека е подобро од тоа што беше е подобро. Но навистина незнам лицата навистина им се бледи, веројатно тоа е до квалитетот на камерите. Графиката на вестите е навистина катастрофа, за утринската незнам каква е. Ако продукцијата Вертиго им ги направиле виртуелните студија требале да се потрудат да им ја направат и графиката подобра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom