Па од сите јавни сервиси, мислам дека сега со HD и покриеност се најнапредни нашиве. 2 канали, некаде и 3(собранискиот) плус овој четвриот канал што сеуште е во најава. Фудбалот е во HD, кошарката(генерално) исто така(барем од салите по Скопје, во Куманово и останите градови мислам дека со новите возила ке почнат од наредната сезона). Доста работи сменија а и редно време беше со оглед на тоа колкави приходи имаат. Него освен овие и Сител, канал 5 и останатите и немаат намера. Знам дека имаат серии и све тоа, ама еве по србија, Nova е во HD, исто-така Nova HR во хрватска, во босна Елта итн. А сите телевизии имаат горе доле иста програма(приватните). Алфа не ја рачунам HD, тоа само логото од макс-тв што им го направија.