МЛЕКАРИ идете у пм

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Gledam nikoj da ja prenese vesta, pa aj jas da gi presramam do vchera zagrizenive....


Сточарите на Сведмилк ги добија првите пари
Aj pak boldiraj za da dokazhesh kolkava glupost si shlaknal

Demant :

Фармерите најавија тужба за „Сведмилк“ откако повторно извисија

Ниту вчера фармерите не ги добија парите од „Сведмилк“. Тие цел ден чекаа пред банките да почне исплатата на заостанатиот долг од млекарницата, но доцна попладне сфатиле дека чекањето им е залудно. Поради континуираните лажни ветувања за исплата на парите, сточарите се закануваат со групна тужба за млекарницата.
ај не ми го правдајте грујо оти обеќаа пред некој ден и пак ништо.
Abre kako toa obekjaa,nishto vie od SDSM neznaete,B.C. i SDSM se krivi,SDSM gi tera na protest mlekarite i mu stava sopki na Gruevski pred izborite.
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
63
имаше еден графит ба градежен поодамна уште кога јас студирав...ДЕНЕС Е ТЕШКО ДА СЕ БИДЕ ГЛУП-ИМА ГОЛЕМА КОНКУРЕНЦИЈА...ама изгледа гујо ногу убаво го искористи значењето на графито..не се лаже било кој ..

Сточарите на Сведмилк ги добија првите пари:pos2::pos2:


кој треба да верува?
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
63
Takvite kako Trnorushka,ganchev,izronkan grashak,NACIONALIST i EUPatriotot.

тој НАЦИОНАЛИСТ нека верува таму кај шо живее.не тука.најлесно е како кукавицата да ги оставиш јајцата друг да ти ги лежи.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Еве го шлагот

Во случајот со оваа млекарница улогата на Владата никому не му е јасна“, изјави Станковиќ. Тој посочи дека Владата го нашла купувачот и во ниеден момент не се посомневала зошто тој би ја купил млекарницата со долгови од 30 милиони евра кога можела на плацот до неа да направи исто таква нова за двојно помалку пари
„Сведмилк“, како што рече портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ, е само еден пример на неуспешната политика на Груевски и неговиот економски тим.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
имате криминал во милиони евра и никој од надлежните не превзема НИШТО
доволно да остави СОМНЕЖ за замежаност на власта
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Еден од кооперантите производители на млеко денес изјавува:

-Чекаме денес како будали овде пред банкиве,наместо да одиме на барикади и таму да ни ги донесат ветените пари.:vozbud:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
Искрено лугево се за жалење ,,поверуваа во ЛАГИТЕ НА ГРУЈО
дека НЕМА ДА ИМА ПОВЕК МЛЕЧНА КРИЗА....настрана криминалот во млекарата,,,
сепак мислам дека цената на откупот беше префорсирана???? причината па сигурно
да се привлечат -заебат повеке

ВЛАДАТА Е ГЛАВЕН ПОТТИКНУВАЧ НА СЕТОА ТОА ...:toe:
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Ne bre ABC ti nishto neznaesh,eve prashaj go ganchevtodor ako ne veruvash,toa komunjarite sopki mu praat na Gruevski i na prerodbata ne deka pari ne zele ama SDSM i B.C. gi teraat da baraat ushte.
 
Член од
20 декември 2005
Мислења
503
Поени од реакции
6
тој НАЦИОНАЛИСТ нека верува таму кај шо живее.не тука.најлесно е како кукавицата да ги оставиш јајцата друг да ти ги лежи.

Ti ne seri koga nisto ne znaes, ne podlegnuvaj na lagiute na ovoj sizofrenikov prilepski
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
„Тие што зло мислат, зло прават и зло ги снаоѓа. Ако не сега, до седмо колено зло ќе ги следи. Затоа, немојте да мислите на лошо, немојте да мислите на зло, оти злото ќе си дојде. Кога човек мисли на добро, и добро му доаѓа. Така и млекарите треба да мислат дека ќе дојде решението“.
Ова се зборови на новиот прогласен “месија“ или самопрогласен прв меѓу еднаквите над нашето Македонско небо,на митинг во Битола,а обичен смртник не е канонски да изговара вакви пораки.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=38B82AE4AD3E8F4095A693B9163CDD31
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Во „Сведмилк“ наголемо се правеле малверзации


Млекарницата за нецела година направила загуба од 10 милиони евра, што се наѕидува на долгот од 38,5 милиони евра

„Сведмилк“ бил параван за финансиски малверзации на претходното раководство и на дел од акционерите, со кои тие си ставиле во џеб милиони евра на штета на доверителите и на фармерите. Ова го покажува ревизорскиот извештај за млекарницата, изготвен од домашна ревизорска куќа, а нарачан од „Сведфонд“, кој поседуваше 27 отсто од акциите, откако шведскиот фонд се посомневал во работењето на останатите акционери на компанијата. Ревизорскиот извештај објавен во ноември минатата година го прикажува финансискиот криминал во млекарницата. Бројките покажуваат загуба од 10 милиони евра за нецела година, што се наѕидува на долгот на млекарницата од 38,5 милиони евра.

Со цел да зема кредити од банките, менаџментот ги „фризирал“ податоците, менувајќи ги сметководствените пресметки, за да прикажат загуби помали од направените. Под лупа на ревизорите се нашло работењето на сите акционери во млекарницата, кои со своето работење вештачки ја „дувале“ вредноста на фабриката, со цел да ја продадат на голем светски бренд од типот на „Данон“, кој, пак, не сакал да влезе во компанија со толку високи и нерасчистени долгови. Во меѓувреме се работело без да се плаќаат млекото на фармерите, амбалажата тетрапак и сите останати услуги. Парите од продаденото млеко биле чист ќар за акционерите, кои не успеаја да функционираат заедно ниту една година и кои поделбата на колачот пари ги раскара и предизвика испливување на сите проблеми во фабриката на површина. Во меѓувреме, „Сведмилк“ подигал кредити, произведувал млеко три пати повеќе од она што можело да се продаде, за на крај млекото да го истура во канализација.

Ревизорскиот извештај за „Сведмилк“, направен за периодот од декември 2007 заклучно со септември 2008, кој досега се криел од очите на јавноста, покажува дека фирмата дострибутер и акционер „МиА Бевериџ“ имала долг кон млекарницата тежок 1,14 милиони евра, направен со преземање 3 милиони и 750 илјади литри млеко што требало да ги продаде на странскиот пазар по цена од 40 центи за литар, иако млекото од сточарите било договорено да им се плаќа по 50 центи за литар. Наместо овие количини да се продадат надвор, дел од млекото било продадено на домашниот пазар, што креирало негативни последици за пазарната позиција на „Сведмилк“. И тука започнуваат најголемите проблеми, поради што препорака на ревизорот била млекарницата во најкусо време да го смени дистрибутерот. Во меѓувреме, менаџментот одобрил менување на сметководственото работење во фабриката, согласно со што се прекриле дел од загубите. Овој чекор, според ревизорот, дал магловита и погрешна презентација на финансиското работење на фабриката и погрешна претстава за сопствениците. Наспроти сите овие малверзации, во ревизорскиот извештај не се препорачува банкрот на фабриката, односно се посочува дека со нејзиното внатрешно преструктурирање таа ќе може да продолжи да работи и заработува.

Согласно со ставките во ревизорскиот извештај, може да се види дека фабриката и во време кога се градела имала регистрирано загуба од над 93 милиони денари, а во деветте месеци од минатата година загубата достигнала над 300 милиони денари, сума која млекарницата ја прикажала како загуба од 80 милиони денари. Намерата на менаџментот да го продаде „Сведмилк“ не се исполнила поради растот на апетитите на дел од акционерите за без пари да ја добијат млекарницата.

Тоа претставуваше иницијална каписла за сите проблеми да се исфрлат на површина и да се дојде до оваа ситуација во која се наоѓа сега млекарницата, со нов газда, се' уште блокирани банкарски сметки и долгувања кон фармерите. Тие, пак, се' уште ги чекаат своите пари.

Дали овој ревизорски извештај ќе биде повод за надлежните органи да поведат истрага во случајот „Сведмилк“, останува да се види во наредниот период.

Инаку, пелагониските кооперанти на шведската млекарница вчера продолжија со протестите. Во писмениот допис до медиумите велат дека проблемот со исплатата на млекото ги надмина сите граници, поради што донеле одлука од денес да почнат со серија протести, се' до решавање на нивниот спор. „Пари нема, но протести ќе има, и тоа жестоки. Од 13 часот до 15 часот ќе излеземе на штрајк пред вратите на градоначалникот Талески. Така одлучивме зашто нема крај на лагите на новиот сопственик на млекарницата, ама и на владините министри. На крај сме со нервите“, изјавија вчера фармерите од Битола, откако по којзнае кој пат се соочија со празните банкарски сметки. Стојан Кулевски потврди дека вчерашниот протест е уредно најавен во полиција, а одлуката да се излезе на штрајк пред локалната самоуправа во Битола била одлука на сите фармери. Од ваквата најава единствено можеле да се откажат само доколку се уверат лично дека парите за млекото конечно стасале на нивните сметки.

Фармерите уште еднаш се пожалија дека без пари нивната финансиска ситуација од ден на ден им го загорчува животот. Каматите што треба да им ги платат на банките достигнале и по неколку илјади евра. „На банката и' должам околу 3 илјади евра само за камати за поседните 7 месеци. И да земам сега пари за млекото, нема да ми стасаат да си ги израмнам сметките со банката, а камоли за живејачка“, се пожали фармерот Трајан Илиоски. Фармерите побаруваат три и пол милиони евра за предаденото млеко во последните 7 месеци. (А.С.-А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C918C044CB00884B91FE3FC35F0C9FDB
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Уште нема пари за сточарите


Коментари (0)
11.03.2009 19:30


Пред пет дена официјално од „Сведмилк“ и од Министерството за земјоделство имаше известување дека новиот газда Моше Баум подготвил 1.200.000 евра од кои 600.000 евра за сточарите, 125.000 евра за тетрапак, 32.000 за вработените, 150.000 евра за „Комерцијална“ и уште за други добавувачи и трошоци.




Од оваа најавена исплата, пари земаа само вработените директно вклучени во процесот на преработката на млекото.
Сточарите сè уште немаат земено ни денар. Денеска на најавените протести во Битола го изразија незадоволството и револтот зашто толку време се лажени.




П.С Да не излезе ВЕЧЕР повторно со некој турбо наслов ,дека сточарите ги добиле парите?Или да го почекаме ванчев да ни напраи копи пасте од ВЕЧЕР?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom