Не сум си проверила ај-кју, па мислев мислев од каде името МЕНСА и бидејќи ништо не смислив, си го прашав (Гугл). Не е акроним. (Ова е инфо за оние заостанатите како мене.) Станува збор за комбинација 2 во 1 од латинските зборови : mēns, што значи "ум", и mēnsa, што значи "маса" - тркалезна маса на умови. (Вака кога ќе земеш, мензата и не е далеку од вистината

, за да работи умот треба да се храни, а јадењето е послатко во друштво)
За волја на вистината, постои и акроним смислен од
опозицијата 
"Many Erudite Neurotics Seeking Attention".