МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ БУГАРИТЕ

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634


МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ БУГАРИТЕ

Во 963 г. во Македонија се крева востание од комитопулот Никола и синовите Давид, Арон, Мојсеј и Самоил, кои се отцепуваат од Бугарија.

Во 968 г. избива војна меѓу Русија и Бугарија, а рускиот кнез Свјатослав ја пустоши Бугарија, но и се повлекува поради нападот на Печенезите на Русија. Ослабеното Бугарско Царство е принудено да се помирува со Византија, а како залог за мирот, царот Петар ги дава своите синови Борис и Роман во Цариград. Во 969 г. умира Петар, што води до безвластие во Бугарија. Византија го враќа синот на Петар Борис II да ја превземе царската круна, но тој набргу се свртува против Византија. Сега Бугарија е сојузник на Русија против Византија, но доживува пораз од византиската војска, која ја освојува престолнината Преслав. Бугарија доживува пораз и поради ослабеноста од востанието во Македонија. Царот Борис II е заробен и одведен во Цариград, каде јавно му е симната круната и е дадена на чување кај Црквата. По ова Бугарија е завземена од Византија.

Новата пак македонска држава прв ја владее комитопулот Никола до 968 г. Од 968 до 977 на чело на државата е синот Давид, а по неговата смрт, како и по смртта на Арон и Мојсеј, на чело на државата застанува Самоил.

Дали има потврди дека комитопулот Никола и синовите го кренале востанието против Бугарите? Историчарите сосема јасно го потврдуваат ова.

* ФАКТ – 1. Старата плоча најдена во Поречието, е со натпис дека народот од тој крај го прогласил Никола за светец затоа што ги избавил од бугарското ропство!



* ФАКТ - 2. Ѓорѓи Радуле Македонец од Бугарија во книгата “Историја на Македонија “(Софија, 1997) го цитира Енциклопедискиот словар (Брокгауз-Ефрон, Санкт Петербург), објавен во далечната 1896 година, каде пишува: Во 963 година во Македонија избувнало востание, кое завршило со прогон на Бугарите и со основање на сопствена држава.

* ФАКТ - 3. Бугарскиот историчар Марин Дринов пишува: “Денешна Македонија се отцепи од царството на Петар и се формира како одделна држава на чело со Самоил.

* ФАКТ - 4. Во древната “Зографска историја”, за несогласувањата помеѓу братот на Самоил Давид со останатите браќа пишува: Бидејќи македонските господа не можеа да го трпат мирот, започнаа лошо да зборуваат (против Давид, з. м.). Кога тој разбра за тоа, доброволно се откажа од царствиото и замина во манастир.

* ФАКТ - 5. Поетот Иван Кириотес уште во тоа време ги споменува Македонците како жители на Самоиловото Царство, а Дукљанскиот презвитер Самоил го нарекува како македонски цар!

Значи, нема сомнение дека Самоиловите браќа со татко кренале востание против турко-монголските Бугари, т.е. против бугарската окупација на Македонија.Поради ова востание, Бугарија пропаѓа под налетот на Византија.

Самоил во Преспа создава силен религиозен центар, подоцна преместен во Охрид од што и Охридската архиепископија ( според историчарите тогаш веќе Патријаршија). Прв поглавар е Герман, вториот е Филип. Официјално писмо во царството е кирилицата.

Самоил е крунисан со благослов на папата Григориј V, со што стекнал и меѓународно признавање. Тој ја наследил бугарската круна, како единствено слободна во тој момент од четирите официјални ( 2 Римски, 1 Германска и 1 Бугарска). Ако Самоил бил етнички Бугарин, својата престолнина би ја сместил во Плиска или Преслав, т.е. меѓу "своите етнички браќа". Понатаму, неговиот татко не би ја носел титулата комитопулот, туку некоја од тогашните турко-бугарски титули (кавхан, боил и сл.).
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
И след като свалили Борис II,круната била по право на Роман.Ама и тоj во затвор во Византиja,нали?
Така.Убаво е да видиш кога Самуил се именува за цар.Точно когато умира занонниот цар Роман.:helou:
Законно не може да бидеш цар,преди да е умрел законниja цар :helou:
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
184
Поени од реакции
6
* ФАКТ – 1. Старата плоча најдена во Поречието, е со натпис дека народот од тој крај го прогласил Никола за светец затоа што ги избавил од бугарското ропство!
Даj да видим снимка на таа плоча од Поречието. Само еден човек во светот jа "видел" таа плоча, ама тоj веке не е жив. (Васил Ивановски-Бистришки). Ако покажеш - може и да ги обсудим другите "факти"...
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Се јавија ... :D
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
- Тук Болгарите се подигравает сос нас и вртат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаил, куј што е Маќедонец, ама повеќе тегли на булгарско: напис од Ѓорѓија М. Пулевски, во 1879 г., за време на Кресненско македонското востание, објавен во книгата "Македонски деветнаесетти век"

- До македонските народи! Нашата татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ ги поставил првите темели на воената вештина. Со победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но, таа некогаш толку славна татковина, денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како своја...

Ова е дел од прогласот "Македонија на Македонците", кој на повеќе јазици се појавил на 15 април 1890 г. во Цариград. Прогласот, кој се претпоставува дека го составил митрополитот на Скопската епархија, Теодосиј Гологанов, како и многу други фактографски сведоштва за Македонија, е објавен во книгата "Македонски деветнаесетти век, 1800-1902", од издавачот МИ-АН.

На овој начин, хронолошки се обработени огромен број на историски, политички, културолошки, општествени и црковни настани и личности од македонскиот деветнаесетти век, веројатно, најпреломното и најдраматично столетие од историјата на македонскиот народ.

- "Македонскиот деветнаесетти век" исполнет со историски вистини, како и со историски контроверзи, типични за развојот на народите, особено балкански, го нудиме, како скромно дополнување на македонските научни и современи сознанија, ослободен од разноразни анахронизми, фалсификати, предрасуди, заблуди, пропагандни флоскули, ослободен од додавања и одземања", се вели во предговорот кон ова издание, на кое работеа повеќе доктори на наука, како Мишел Павловски, Владо Поповски, Марија Пандевска, Љупчо Ристески...

Деновиве треба да се појави и енциклопедискиот речник "Македонското средновековие", кое, заедно со "Сто македонски години" и Македонскиот деветнаесетти век" ќе претставува убав прилог на историјата на македонскиот народ.

Факти за Македонија

- 1821 г., 2 август: Рускиот цар Александар И Павлович побарал лично да се сретне со Анатолиј Зографски, јеромонахот од Македонија".

- 1854 г.: Јордан Хаџи Константинов - Џинот во дописка до Цариградски вестник": ... За старите наши словенски ракописни книги ако ги бевме собрале пред 35 години од нашата Македонија и да ги турневме во едно книгохранилиште, ќе имавме една бројка од околу 150.000 ракописи".

- 1857 г., 3 април: Официјалното писмо од Министерството за надворешни работи на Британската влада: Господине Џон Блант, Ве известувам дека сте избран да бидете назначен за британски вицеконзул во Скопје, Македонија".

- 1860 г., август: Архимандритот Венедикт, митрополит на Пелагониска епархија, поставен од Цариградската патријаршија, на битолската црковноучилишна општина и дозволил да отвори македонско училиште.

- 1870 г., 1 јуни: Во весникот Македонија излегува напис Еден глас за сите Македонци".

- 1879 г.: Тук Болгарите се подигравает сос нас и вртат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаил, куј што е Маќедонец, ама повеќе тегли на булгарско" - Ѓорѓија М. Пулевски, за време на Кресненско македонското востание.

- 1879 г.: Ѓорѓија М. Пулевски ја објавува стихозбирката Македонска песнарка".

- 1889 г., 6 јануари: Објавен е Уставот на Македонското еснафско друштво во Пловдив

- 1888 г., јануари: Осумнаесет ученици се исклучени од настава во Бугарската гимназија во Солун, бидејќи не можеле да работат на бугарски јазик". Дел од нив се и Даме Груев, Петар Поп Арсов, Димитар Мирчев...
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Понатаму, неговиот татко не би ја носел титулата комитопулот, туку некоја од тогашните турко-бугарски титули (кавхан, боил и сл.).
Да започнам од зад напред. Никола не носел титула комитопул, туку КОМИТ, комитопули се синовите на комитот.
Бугарија се делела на десет комитати, воено-административни области и Никола бил областен управител на една од тие области. Нај вероватно е Бугарин, зошто тие должности биле давани на Бугари. Може да е женет за Ерменка, дојдена во Бугарија со царицата Ирина.

Воопшто авторот на целиот текст има многу празнотии во својата историска подготовка. Само не разбрав кој е.
 

Јустинијан

Император
Член од
27 март 2009
Мислења
23
Поени од реакции
2
Да започнам од зад напред. Никола не носел титула комитопул, туку КОМИТ, комитопули се синовите на комитот.
Бугарија се делела на десет комитати, воено-административни области и Никола бил областен управител на една од тие области. Нај вероватно е Бугарин, зошто тие должности биле давани на Бугари. Може да е женет за Ерменка, дојдена во Бугарија со царицата Ирина.

Воопшто авторот на целиот текст има многу празнотии во својата историска подготовка. Само не разбрав кој е.
Аха,ти не’ просветли сите со твоите „факти“.

:kesa:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Даj да видим снимка на таа плоча од Поречието. Само еден човек во светот jа "видел" таа плоча, ама тоj веке не е жив. (Васил Ивановски-Бистришки). Ако покажеш - може и да ги обсудим другите "факти"...
Не знам точно адреса, ама се наоѓа во еден подрум во Софија плочата. Кога бугарските археолози ја однесоа едно магливо утро далечната 1913. :wink:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Не знам точно адреса, ама се наоѓа во еден подрум во Софија плочата. Кога бугарските археолози ја однесоа едно магливо утро далечната 1913. :wink:
Plocata e vo arheoloskiot muzej vo Sofija, i samo nekolku luge imat pristap do prostorijata vo koja se naoga.

Pred nekolku godini imalo sansi da ja vidat i nasi arheolozi, profesori, no za zal vo posleden moment pristapot im e zabranet, odnosno togasniot direktor na muzejot ne im dava dozvola.

Ova mi go ima kazano profesorka na filozofskiot fakultet od Skopje,koja bila i clen od delegacijata.

Makedonija na Makedoncite! :salut:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ајде споите ми го Самоил со ова движење на Бугарите.

[/IMG]

[/IMG]

Дали Самоил може да се спои со овој народ и како ?
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Прочитај погоре и ќе разбереш како, ако сакаш, се разбира.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Каква врска има Карпош со ова востание,првата слика е на Карпоша

Прочитај погоре и ќе разбереш како, ако сакаш, се разбира.
И да дошле тука турко-монголските Бугари (правите бугари) пак не би можеле бројчано да ги победат затекнатите народи на Балканот па затоа ги асимилирале Траките ,Мизите и дел од Македонците.

Затоа обично средновековните држави се споменуваат по владетели, како Самуиловата држава (каде што несомнено доминирале Македонците како владеачка класа), Карловата Империја или Света Римска Империја, Државата на Добромир Хриз и др.
Значи немало национални држави.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Прочитај погоре и ќе разбереш како, ако сакаш, се разбира.
Сакаш да кажеш дека изворот, коренот, центарот на цивилизацијата која е присутна на Балканот е од турко-монголските племиња помеѓу црното и каспиското море?!?

Ако е тоа така и ако ми ги покажеш фактите, јас ќе ги прифатам. ;)
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
184
Поени од реакции
6
Маjката на Самуил (Хрипсиме) е со произход од долниот десен агал (таму е Армениjа)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom