Луѓето се менуваат или....?

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Веројатно многу од нас, не еднаш, туку повеќе пати се имаме изгорено од една иста личност... Нешто кое што сме очекувале да го променат во својот однос, но и покрај се останало исто, е она што ме тера да размислам дали луѓето се менуваат... Долго размислував на темава, и од искуството што сум го имал наназад, заклучив дека едноставно што и да правиме НИКОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ... Вреди ли да живееме со лажна надеж, дека нештата ќе се сменат ако слушнеме само едно ВЕТУВАМ од оној кој не повредил... Вреди ли да мислиме дека еден ден, нешто ќе ја смени таа личност и ќе ја направи подобра... Лично јас мислам дека што и да правиме како личности не се менуваме...Она што ќе се оформи на почеток, тоа останува и понатаму....Сакам да слушнам ваши размислувања на темава...
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Луѓето се менуваат..
Цел живот учат, грешат, претрпуваат порази и победи..
Цел живот некој не повредува, друг не сака..
А секоја, буквално секоја нова работа во животот, или секоја стара да речам испишана во книгата на животот со друг ракопис.. Го наведува човекот да се врати и да размислува пак и пак за себе.. Да размислува дали е крив за тоа што му се случува.. Дали треба промена.. Која промена треба да ја направи.. Кога најмалку ќе мисли дека треба да се промени.. Е тогаш подсвесно животот ќе го смени за 180 степени.. Луѓето се менуваат најмногу поради себе.. Ако се сменишза некој друг.. Секогаш на крајот се враќаш на старо.. Но кога е поради себе она најбитно што си го имаш.. Промената е долготрајна.. А после добро.. Следи нова и нова и нова.. И ај влегов ја многу.. :)
 
Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
...Луѓето никогаш не се менуваат...
...Можеби животните грешки и препреки ќе ги натераат да сакаат да се променат, но тоа никогаш нема да се случи...Можеби ќе изгледа дека тие, навидум , се сменети, но психата никогаш не се менува...Бидејќи психата ќе си остане психа, таа не надвладува, и не можеме да одиме против неа, ма колку и да сакаме...
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Луѓето се менуваат..
Цел живот учат, грешат, претрпуваат порази и победи..
Цел живот некој не повредува, друг не сака..
А секоја, буквално секоја нова работа во животот, или секоја стара да речам испишана во книгата на животот со друг ракопис.. Го наведува човекот да се врати и да размислува пак и пак за себе.. Да размислува дали е крив за тоа што му се случува.. Дали треба промена.. Која промена треба да ја направи.. Кога најмалку ќе мисли дека треба да се промени.. Е тогаш подсвесно животот ќе го смени за 180 степени.. Луѓето се менуваат најмногу поради себе.. Ако се сменишза некој друг.. Секогаш на крајот се враќаш на старо.. Но кога е поради себе она најбитно што си го имаш.. Промената е долготрајна.. А после добро.. Следи нова и нова и нова.. И ај влегов ја многу.. :)
Кога луѓето би се менувале поради себе се би било така розово... Меѓуота никој за никого, никогаш не се менува...Едно е тоа што ќе си го ветиш, а друго она што ќе го направиш
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Зашто не би се менувале луѓето за себе?
Опкружена сум со луѓе (зборувам за постари зошто јас сум сепак 16 години нејќам за себе да зборам) што се изгореле лошо во животот и се смениле тотално.. Како што реков.. За себе.. За да не се изгорат и страдаат повторно, за да не бидат повредени или искористени. Годините го учат човекот да се менува по потреба..
 
верувам дека имаат сменето само некои особини... Но личноста не се менува па што сака нека му се случи на човекот... Once a liar, always a liar... и многу други вакви изреки ја даваат самата потврда на фактот дека човекот не се менува...
Како и да е го почитувам твоето мислење....
 
Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Само доколку постои ептен длабока желба да се смени личноста, јас мислам дека со труд би се сменила. Иначе од "онака", никој не се мењава
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Вреди ли да живееме со лажна надеж, дека нештата ќе се сменат ако слушнеме само едно ВЕТУВАМ од оној кој не повредил... Вреди ли да мислиме дека еден ден, нешто ќе ја смени таа личност и ќе ја направи подобра...
Ветувањата се цврсти зборови, тоа значи ветувањето не значи ништо ако не е спроведено во дело. Ако некој нешто вети и не го исполни, тоа е знак дека е нестабилна личност, не треба да и` се верува. Ветувањата на друг се како да си ветуваме истовремено и на себеси, зошто треба самите да се потрудиме и да имаме надеж во промената, да ја сакаме промената.
Затоа girlll е во право, ако пробуваш да се смениш за друг, без самиот да увидиш дали навистина тоа го сакаш ТИ, нема да успееш.

Верувам во промената, посебно на луѓе кои лично, на своја кожа, се изгореле и тоа ги направило решени, заради себе, да се променат. Сепак, во радикални промени на личноста не верувам.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Веројатно многу од нас, не еднаш, туку повеќе пати се имаме изгорено од една иста личност... Нешто кое што сме очекувале да го променат во својот однос, но и покрај се останало исто, е она што ме тера да размислам дали луѓето се менуваат... Долго размислував на темава, и од искуството што сум го имал наназад, заклучив дека едноставно што и да правиме НИКОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ... Вреди ли да живееме со лажна надеж, дека нештата ќе се сменат ако слушнеме само едно ВЕТУВАМ од оној кој не повредил... Вреди ли да мислиме дека еден ден, нешто ќе ја смени таа личност и ќе ја направи подобра... Лично јас мислам дека што и да правиме како личности не се менуваме...Она што ќе се оформи на почеток, тоа останува и понатаму....Сакам да слушнам ваши размислувања на темава...
Сум сведок дека луѓето многу поверојатно и побрзо можат да се сменат на лошо отколку на добро. Лоши искуства, трауми , лошо друштво,било што што може да влијае на личноста дефинитивно може и да ја промени. Знам еден таков пример и затоа сум сигурна во тоа. Едноставно не ми се верува како некои површни работи можат толку да допрат до некого и да го изменат за 180 степени. НО, се зависи од самата личност од личните сфаќања и начинот на кој ги прифаќаат и се помируваат со работите. Инаку општо за луѓето мислам дека ретко се менуваат. И за тоа да се случи е потребен огромен труд од самата личност но и доволно време. Кога се сака, се може. Едноставно, кога човекот ќе ја увиди грешката, кога ќе стане свесен дека неговото однесување не е во ред од било која гледна точка, половина од проблемот е решен. Затоа што многу луѓе некогаш не се ни свесни како делуваат на околината и воопшто дали тоа што го прават е добро или не, дали е оправдано и дали треба да го прават, или едноставно дали тие постапки се дел од нивната личност или се јавуваат како резултат на моменталната состојба или пак поради некој друг фактор.
Инаку за лажна надеж, дефинитивно не вреди да живееме со неа, едноставно ако сфатиме дека личноста сака да се промени може да ја поддржиме во тоа, или ако веќе успеала да се промени, тогаш да веруваме. А ветувањата од типот дека нешто нема да се повтори од таквите луѓе се ретко реални, обично служат само како оправдување или едноставно колку да се каже, затоа што и не ги исполнуваат можеби и никогаш. :smir:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Lugeto ne se menuvaat, poznato e deka karakterot ne se menuva, samo nasata pretstava sto sme ja imale za niv se menuva, znaci oni izigravale nesto drugo ama kolku poveke se druzis so niv tolku poveke ja precekoruvaat granicata na uctivosta i zatoa se otkrivaat.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Да, луѓето се менуваат. Што сами, што затоа шо некој друг сака. Особено ако дале ветување. Ветениот збор не го кршат, и поради него се мењаат инстантно. Нели е така?:(
Не, не е.

Уште ко дете, додека го градиш примарниот идентитет, во тебе се врежуваат шеми на однесување, кои е скоро невозможно да ги промениш. Како проаѓаат годините, тие шеми просто се бетонираат, па никакво ветување или туѓа воља, не ги мења. Не залудно се вика, од себе не можеш да побегнеш.
Затоа е скоро смешно кога се обидуваме да мењаме некој друг. Не може да се натераме тоа сами да го направиме, али другите, о да, секако ќе ги промениме по наш мерак.

И колку и да звучи излитено, ако нешто може да внесе промена, онда тоа е љубовта (и не мислам само на партнерската, туку во еден поширок контекст). Ама, за жал, таква љубов, животворна љубов, е многу тешко и да дадеш и да примиш. Егоизмот, зависта, гневот, разочарувањето и сл. некако многу полесно ги користиме.
 
Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Вреди ли да живееме со лажна надеж, дека нештата ќе се сменат ако слушнеме само едно ВЕТУВАМ од оној кој не повредил... Вреди ли да мислиме дека еден ден, нешто ќе ја смени таа личност и ќе ја направи подобра...
Промените на луѓето се гледаат преку дела,не преку зборови,ветувања и слично.Јас ако сум злобна и подмолна личност,и вчера сум рекла дека нема да ти завршам некоја услуга,а утре ако ветам дека истата ќе ја завршам тоа нема да значи дека сум се сменила и сум станала подобра личност.
И не е доволно само едно исполнето ветување да биде доказ дека некој се променил.
Да,карактерот на човекот не се менува,цврсто негуваните навики уште потешко,ама нели кој ќе се свртиме 5-6 години наназад сме различни од она што сме денеска?
Карактерот не се менува,ама мислењата и ставовите се менуваат,не може никој да каже дека не сменил мислење за нешто,а нели и мислењата и ставовите се дел од карактерот.
Некои твои особини кога ќе увидиш дека ги повредуваат блиските личности,ги менуваш,и да не сакаш ти стануваат одбивни зошто заради нив ти си одбивен за околината,и ги менуваш.Ќе постапиш поинаку еднаш,двапати,трипати и веќе следниот пат нема ни да ти текне како си реагирал порано.
Можеби човекот не може да се смени скроз за 180 степени,но сигурно може да смени барем дел од тоа.
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
pa u princip se menjaat e sea sto sekoj posebno si podrazbira pod toa "se menuvaat"e druga rabota.mislam deka se menuvaat u smisla koga gi uviduvaat sopstvenite greski i sl.a totalno menjanje na karakterot tesko bogami.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Зависи од личноста. Сепак мислам дека повеќето го менуваат само мислењето кон одредени работи
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Мислам дека сите се менуваат и тоа на подобро, бидејќи таа еволуција на свеста постојано се одвива, само многу одбиваат да се соочат со тие промени, сакаат да си ги сочуваат старите навики, погледи, предрасуди, мислејќи дека поради нив се супериорни а всушност се плашат и се полни со страв, си остануваат искомплексирани и болни цел живот иако на прв поглед делуваат најсигурно и самоуверено, но други од нив страдаат.
Одговор на твоето прашање Гладиус, очекувај но не се надевај на нечија промена. Може карактерот не се менува но ставовите се менуваат, темпераментот се скротува... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom