Само што се разбудив... WOWWW!! Мојот прв луциден сон
- Да почнам од почеток!!
Сношти добив моја идеа како јас ВО сонот да проверам дали всушност тоа е јаве или не (да добијам свесност во сонот дека јас сонувам). Додека бев буден цел ден од време на време се замислував џедај со супермоќи т.е. телекинеза и нормално не успева но битното беше да ми стане навика и на крај ми стана... Си легнувам со замисла дека нешто ќе сонувам и така заспав... Сега во сонот се наоѓам во мојата соба и свирам нешто гитара ама сум премногу добар
многу подобар одколку што сум.. и по навика пак пробувам да употребам телекинеза и да ја кренам гитарата.. и успеа
првиот момент бев ОМГ јас сум џедај ЛООЛ и следниот миг ми светна во главата чекај бе малку ова е сонот, си велам..за тоа цел ден се правеше џедај.. и како што гледав на едната страна од мојата соба се свртувам на другата и отворен простор плажа и океан, во далечината се гледаат сурфери. И веќе бев сигурен дека свесно сонувам.. отидов и јас да сурфам (преемнооогу вивидно- прекрасно!) По некое време ми текна на оваа тема и на некој совети (додека сонувам) и си кажав во себе- значи јас сега можам да изменувам се. Се концентрирав водата да се смири, тоа и се случи.. Седнав на даската и сега ми текна се ќе избришам празно да остане се, само даската и јас..Замижувам седнувам на даската во буда положба- и почнувам да се концетрирам (како да медитирам) бришам се околу мене, отварам очи и ама баш ништо потполна темница во бескрај.. погледнав надолу и се уплашив, се лизнав некако од даската и почнав да паѓам... гадно се уплашив и мислам дека тогаш забораив дека сонувам и така се секавам како што се вртев лево десно додека пагам се будам (пред 10-15мин) и како полу буден во кревет ко се свртев осетив како да пагам во дупка и веќе сега скокам од кревет и целосно се разбудив... Неверојатно искуство!! Но навистина како можеше да заборавам дека сонувам цццц како изгубив свест во сонот пеееееее! Сега ми е мака ЛОЛ - Пак ќе пробам да заспијам