Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Вицепремиерот Јорданов, рече дека се почнати разговорите за доаѓање на "Лукоил" во земјава, а целта на Владата била да се зголеми конкурентноста, продажбата и квалитетот на нафтени продукти. На средбата, исто така, била разгледана и можноста за развивање бизнис-план за модернизација на фабриката ОХИС. "Нашиот концепт е на "Лукоил" или на некои други потенцијални инвеститори да им ги обезбедиме сите услови за развивање бизнис-план со кој ќе се модернизира и зацврсти пазарот на ОХИС како приоизводител. Тоа ќе значи ново производство и нови вработувања", рече Јорданов. Тарасов по средбите во Владата, отиде на разговори во "Макпетрол", а потоа и во ОХИС каде што остварил петнаесетминутна средба со првиот човек на компанијата, Јорго Ќука. За влезот на "Лукоил" на домашниот пазар се зборува веќе подолго време. Првично компанијата имаше намера да го купи "Макпетрол" за што било преговарано и на владино ниво, но нашиот дистрибутер се заштити со изјавите кои ги потпишуваа вработените, кои се инаку сопственици на компанијата. Најновите информации пласирани од владини извори беа дека интерес постои за купување на ОХИС, а дека во тој случај државата ќе одобри локации за изградба на нови бензински пумпи. Засега се планира ОХИС да се продаде во пакет, а ако дојде до договор за купување, тоа ќе се направи по пат на директна спогодба бидејќи "Лукоил" е бренд. Според владини извори, иако со рускиот гигант се разговара веќе три години, овој пат, наводно, Владата била решена да даде максимална поддршка тој конечно да влезе на нашиот пазар.