onak на која веб страна си аплицирал?
на кајгана форумов се закачувам после дооооолго време... ја увидов МОЈАТА ГРЕШКА на аплицирање... значи сајтот на кој имам аплицирано ги пополнува и праќа во ваше име апликациите, но е дефинитивно сајт кој се бави со собирање податоци. имено, јас кога го пишував текстот на форумов, претходно неполна година аплицирав на овој сајт:
http://www.usafis.org/the-usafis-green-card-process/
и ми наплатија за услугата преку картица-онлајн... после тоа зачестија оние телефонски јавувања и хакот на картицата. во меѓувреме од тогаш до сега сватив дека единствен оригинален и легален БЕСПЛАТЕН сајт за апликација на зелена карта за сад е:
http://www.dvlottery.state.gov/
тој веб сајт е на владата на сад. сите други сајтови се сјатови кои профитираат од апликанти. имаше луѓе кои културно ми објаснија дека сите веб сајтови кои се бават со прибирање податоци под паролата онлајн услуги при апликација во продолжение на името на сајтот имаат ознака .org или .com додека владини сајтови завршуваат со .gov и само така можеш да бидеш сигурен дека нема да бидеш излажан... јас бев излажан од сајт кој не е директен претставник на владата на сад. тоа е тоа... ама нападите одпосле се страшни... толку се слткоречиви, а паѓаш на муабетот дека прво и основно ги имаат сите твои приватни податоци, понатака нели ке бидеш известен на 3 можни начини дека си избран меѓу кои е и телефонско јавување, баш тоа и се деси.
значи да повторам и да се извинам дека дв лотери програмата која мене ми беше наметната преку тој сајт не дека е лажна, бидејки реално аплицираат во твое име, но дека не е она вистинското, т.е. лажно е и ти наплаќаат за услугата...
--- надополнето: 25 мај 2013 во 02:51 ---
Има ли некој искуство со туристичка виза за во Америка, на 7 јуни треба да одам на интервју (за прв пат) имам близок роднина таму па затоа планирам да одам. Дали некој знае општо нешто околу интервјуто, знам дека е на англиски нормално, но што прашуваат и сл..
јас сим бил на тоа интервју. ништо страшно. биди релаксиран, опуштен и понашај се нормално. прибери ги сите потребни документи што ти ги бараат и гледај да покажеш дека имаш намера да се вратиш во МК... тоа го прикажуваш со документи за имот, возила, бизнис евентуално или добро вработување... немој да правиш фалсификати зашто не вреди тоа, а и кад тад се дознава се.
прво ке идете (цела група на луѓе закажини во тој термин) на еден шалтер, кај што ги предавате документите и пасошот, после идете во друга просторија кај што има друг шалтер и кај што е интервјуто. на предавање на документите ке те прашаат дали ти треба преведувач. значи ако не си нешто подкован многу англиски, имаш право и на преведувач. а самото интервју начелно е гола вода. ке те прашува кај ке идеш, која ти е намената на посетата и такви некои ситници, веројатно и ке те потпраша што работиш тука и како живееш.. сите одговри што ке ги дадеш ти повторувам да бидат некако тесно врзани, позадински дека имаш 100 постотна намера да се вратиш во МК. ако и нај малку намириса дека имаш намера за вечни векови да останеш во уса, не ја добиваш визата...
и на крај, после интервјуто, документите ги добиваш одма назад, пошто нели тие се за увид, а ако нај горе наместо пасош добиеш едно картонче. тогаш ти честитам, си добил виза, а ако го добиеш пасошот назад, тогаш повеке среќа следниот пат. а да, должината на визата нема да знаеш колкава ке ти биде се додека не ја видиш визата во пасош и колку пишува на нејзе... јас и сопругата моја добивме виза...