Точкест
I'm Awesome
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 7.641
- Поени од реакции
- 458
Логото е како темелите на еден објект, доколку не се направи како што треба се' може да отиде во вода т.е. во неповрат. На темава ќе се дискутира за најразлични принципи и правила за да се добие перфектно лого.
Почетокот
Дефинитивно најтешката работа т.е. brainstormingот кога се креира лого. Пред се доколку се прави лого за странка најдобро е да се соберат што повеќе информации за самиот купец на логото. Со што се занимава па малце гуглање доколку има нешто слично на тоа што го работи, разгледување на производите кои планира да ги пушта во промет. Одкако ќе се разгледа се што треба време е да се фати моливот и листот затоа што од општа скица подобра работа нема, стара школа е башка.
Цртање
Значи се почнува како што кажав погоре со лист и молив т.е. со скицирање и планирање воедно на логото како ќе изгледа што ќе има во него. Нормално немора да се застане на само едно затоа што едно е ко ниедно. Во графиката има едно правило „НИКОГАШ НЕ Е ДОСТА„ така да колку повеќе идеи толку подобро.
Дигитализирање
Одкако ќе се направат скиците истите треба да се почне да се дигитализираат. Најважно од се логото се прави црно на бело и бело на црно, без никакви сенки градиенти бевели ембоуси и курчеви карики. Значи на почетокот е најдобро црно на бели или бело на црно, ако така изгледа одлично понатаму е веќе лесно.
ТИПОВИ НА ЛОГО
Логото во глобала се дели на два типа ИЛУСТРИРАНО и ТИПОГРАФСКО а исто така може и да биде комбинирано
Илустрирано
Кај илустрираното лого нормално нема текст туку некој симбол преку кој се изразува продуктот за кој се прави логото. Не постојат граници во тоа што ќе се користи, најважно е како што кажав погоре да е едноставно и лесно запамтливо за другите кои ќе го гледаат пример NIKE
Типографско
Како и самиот термин ни кажува дека ова лого е составено само до типографски елементи т.е. букви и бројки т.е. ФОНТ.
Фонт кој најмногу се користи за логоа е Helvetica кој е едноставно незаменлив. Може да се игра со типографските логоа т.е. да се земат како урнек одредени букви кои планираме да ги користиме и притоа да ги достилизираме пример IBM
Комбинирано
Сепак доколку илустрацијата или типографијата не објаснуваат најдобро што често се случува во последно време подобро е да се искомбинираат овие два типа како најдобар пример е логото на Adidas
Доволно беше како за почеток