Лоботомија

S

smart ass

Гостин
Имаш камен во бубрегот и ти или докторот наместо каменот сакате цел бубрег да го извадите. Во пракса лоботомијата е тоа дисекција на дел од орган.....
Е сега подобро е со еден бубрег да живее човек или со два?
Ејј лоботомија со камен во бубрег..и дисекција(ПАЗИ-дисекција).

Бучо...абе има повеќе методи за каменот,ако не ја бива мора тоа што мора.

А кај лоботомијата имаме лица кои се опасни за себе и за заедницата т.е непресметливи...епа истата би ги направила тивки...а и конкурентот на лоботомијата торазинот:)
 
Merigold

(титула) по желба
Член од
24 март 2008
Мислења
30
Поени од реакции
18
Имаш камен во бубрегот и ти или докторот наместо каменот сакате цел бубрег да го извадите. Во пракса лоботомијата е тоа дисекција на дел од орган.....
Е сега подобро е со еден бубрег да живее човек или со два?
dude, you`re missing the point [.]
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Доколку се продлжат истражувањата јас веруам дека сепак има и добра страна...никој не ви дава право да убиете...налик еутансија или пак абортус,но си има стручнњаци кои можат да определат дали самата метода ќе го реши случајот.

Луртз не знам дали си чул за јунит 731...тоа е куп "хумани" биолози,генетичари...научници-и навистина биле напредни и имале многу знаење...бидејќи испитувале врз ЛУЃЕ,биле користени разнични токсини,,па различни методи.(имало дури и смрзнување на екстремитет кај пациент кој добил гангрена и отстранување на истата)..и како резултат на овие истражувања јапонија успева да убие илјадници благодарение на овие експерименти...менгеле за нив е тинејџер забеган....но поентата ми е НЕ БИЛЕ КАЗНЕТИ-Причина ги предале документите на САД(од програмот).

http://forum.kajgana.com/showthread.php?37906-Во-името-на-науката!&highlight=
Нешто како ова .. за шо зборев и шо ја истрола :)
 
S

smart ass

Гостин
Не истролав-дали е во името на науката????

Ај размисли подобро??

Целта на науката е отварање нови хоризонти,пополнување на "дупките" или со еден збор решавање на "сложувалката"...т.е олеснување на животот-не УНИШТУВАЊЕ.

И кога ќе видиш...е не се истролав:)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Имаш камен во бубрегот и ти или докторот наместо каменот сакате цел бубрег да го извадите. Во пракса лоботомијата е тоа дисекција на дел од орган.....
Е сега подобро е со еден бубрег да живее човек или со два?
Па не е исто...бубрези се два а мозок еден...лоботомија не е дисекција туку вивисекција ако веќе одиме по таа логика...со лоботомијата се вади дел од мозокот со цел да се елиминира лудилото, значи пациентот може да живее и со лудило но не и да функционира како социјално битие...а кај бубрезите е друга приказна...не може да функционира организмот поради неможност за пречистување на крвта...

Еве на пример настрана физичка лоботомија со игли,скалпели,шила за мраз,бушилици,чекани,шрпицеви со алкохол кои роварат во мозокот...има и хемиска лоботомија со торазин...

Има и “направи сам“ лоботомија но тоа не се стручни лица,се работи за луѓе кои не нашле начин да ги избркаат демоните од својата глава па посегнуваат кон крајни решенија...

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799

Види сега разликата во поими е разлика во поими, но останува фактот дека се сече твоето тело и се вади дел или цел орган. Е сега една мала повреда човек да ја има колку многу боли или нервира било што да е, а па не лоботомија знам дека има седативи глупости ама на крај краева на никого не му одговара човек зомби да биде на товар на опшеството.
И кај се доказите дека лоботомијата е поуспешна од племенскиот шаман кој седејќи покрај оган ги брка демоните, тој барем не ги повредува луѓето за навек :toe:.
И тоа торазин која е разликита помеѓу него и други хемиски елементи или дроги кои го разоруваат мозокот?
Човек свесно се труе или свесно дозволува друг да биде труен.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Имаш камен во бубрегот и ти или докторот наместо каменот сакате цел бубрег да го извадите. Во пракса лоботомијата е тоа дисекција на дел од орган.....
Е сега подобро е со еден бубрег да живее човек или со два?
Буцио никој не прави лоботомија од тоа што му е досадно, исто како што никој не вади бубрег без некоја причина
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Буцио никој не прави лоботомија од тоа што му е досадно, исто како што никој не вади бубрег без некоја причина
Ајде друга споредба, ако човек има гангрена на нога мора да му се пресече за да преживее, тоа е крајна мерка додека пак без лоботомија човек ќе преживее.
Лоботомијата е популарна последниве стотина години пред тоа како живееле луѓето што "имале потреба" од лоботимија, дали умирале страдајќи за нејзе или живееле спокојно без истата?
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Пред се методот е нехуман и зошто лоботомија? пациентот по третманот не е излекуван ниту пак нормален. Велите се употрбува кај најтешки случаи на ментален хендикеп, а дали сте виделе такви случаи? Нема разлика пред и после. Така да освен во експериментални цели на медицината сега за сега нема ефект од лоботомијата. Барем јас така мислам.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Пред се методот е нехуман и зошто лоботомија? пациентот по третманот не е излекуван ниту пак нормален. Велите се употрбува кај најтешки случаи на ментален хендикеп, а дали сте виделе такви случаи? Нема разлика пред и после. Така да освен во експериментални цели на медицината сега за сега нема ефект од лоботомијата. Барем јас така мислам.
Лоботомија не се применувала на лица со ментален хендикеп (ретардација) туку само кај лица со тешки психолошки пореметувања (умоболни) но не е исклучена можноста некои “душебрижници“ како Валтер Фриман да ја злоупотребиле лоботомијата и да лоботомирале и ментално заостанати лица.

Разлика има...најчесто лудаците се смирувале по лоботомирањето...ако ништо друго барем имале некој душевен мир и спокојство...
 
Г

Господ

Гостин
Toecutter,why am I under the impression that you are the greatest fan of Lobotomy?
Сериозно,гледајки колку си навлезен и едуциран во врска со постапкава имам впечаток дека си извршил еден куп. :S
Иначе,интригантна постапка,to chase away the evil spirits.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Да... Биле смирени како природата... Растенијата... Вегетирале со години и години потоа... Каков душевен мир? Тие вегетирале, зарем состојба на вегетација, состојба на непродуктивност ја нарекуваш душевен мир и спокојство? Постоеле после лоботомијата кај нив било какви нормални карактерни црти? Функционирале во општеството како такви, лоботомирани? Се смирувале затоа што им фалел мозок, како да не се смират. Ако се сведува нивното "излекување" на тоа, подобро нека ги усмртат, зашто такво постоење не вреди, тие не се ни свесни всушност за своето постоење, која е целта на тоа?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Toecutter,why am I under the impression that you are the greatest fan of Lobotomy?
Сериозно,гледајки колку си навлезен и едуциран во врска со постапкава имам впечаток дека си извршил еден куп. :S
Иначе,интригантна постапка,to chase away the evil spirits.
Па не сум “фан“ на лоботомијата...хируршка постапка како и секоја друга...иако оваа е нешто поспецифична...:vozbud:

Да... Биле смирени како природата... Растенијата... Вегетирале со години и години потоа... Каков душевен мир? Тие вегетирале, зарем состојба на вегетација, состојба на непродуктивност ја нарекуваш душевен мир и спокојство? Постоеле после лоботомијата кај нив било какви нормални карактерни црти? Функционирале во општеството како такви, лоботомирани? Се смирувале затоа што им фалел мозок, како да не се смират. Ако се сведува нивното "излекување" на тоа, подобро нека ги усмртат, зашто такво постоење не вреди, тие не се ни свесни всушност за своето постоење, која е целта на тоа?
Па не функционирале како социјални битија ни пред лоботомијата,само што биле ризик за самите себе и околината...вака барем некаков мир,каков и да е се вовлекол во нивните напатени умови...мора да признаеш дека тоа е утешително...барем за семејството и околината на умоболниот кој бил подложен на лоботомија...а конкретно за трансорбиталната лоботомија пациентите продолжувале со горе-долу нормален живот...некои пишувале и книги после тоа...
Ти зборуваш од гледна точка на свесен човек и затоа не ја гледаш целосната слика...ти си свесна за светот околу тебе, но тие пациенти баш и не биле...биле умоболни и како такви биле подложени на лоботомија со цел да се избегне нивното лудило да влијае на околината,а самите тие да се смират колку толку...
А што мислиш дека е подобро електро-шок,инсулински шок,епилептичен шок со кардиазол,психоанализи со години само за да се шекне и психологот/психијатарот? Оваа постапка била резервирана за најтешки случаи...
 
Не мислам дека е подобро електро-шок или било што од тоа што пиша. Тешките психичките болести се страшно лоши за справување и живеење со нив. Меѓутоа, не се сложувам со тоа дека наоѓале на мир, едноставно им ја поништувале свеста, духот ги напуштал, тоа не може да се нарече мир. За семејството и околината, да, но за самиот лоботомиран пациент, не. Затоа и уствари ти пишав, самата формулација на тоа "наоѓале мир" ме "заскокотка" :)
Се сложувам дека тоа го смирува пациентот и прави полесно за општеството, се сложувам дека постојат психички болести кои се страшни, но лоботомијата не ја гледам како решение, за мене претставува споро убивање на пациентот. И, да, во право си, го зборувам од аспект на свесен човек кој живее во современо општество во кое постојат мал милион лекови за контролирање на тие психички болести, а во тој период во кој била вршена активно лоботомијата не постоеле, па до некаде и е оправдана како експеримент и барање начин за подобрување на состојбата.
 
S

smart ass

Гостин
Мора да пробам...ај здравје за пензионерски деној,доброволно.

сега засега ми треба мозокот:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom