- Член од
- 20 декември 2005
- Мислења
- 503
- Поени од реакции
- 6
АНДРЕАС ГРОС, ИНИЦИЈАТОР ЗА НОВА ИСТРАГА ЗА СЛУЧАЈОТ „КИНГЕР” ВО СОВЕТОТ НА ЕВРОПА
Има многу сомнителни елементи во загинувањето на Трајковски
Андреас Грос, пратеник во швајцарскиот парламент и поранешен потпретседател во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предизвика бура со одлуката да побара да се отвори случајот „кингер”, односно смртта на претседателот Борис Трајковски и на уште осум лица од неговата делегација, во планините над Мостар во 2004 година. Грос вели дека има многу нејасни работи во случајот, именувајќи го тука и сомнителното однесување на тогашниот премиер, сега претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.
Господине Грос, што точно претставува оваа иницијатива?
- Минатиот четврток јас поднесов барање до Советот на Европа за спроведување истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Трајковски. Барањето е потпишано од 23 пратеници од вкупно 20 држави, инаку од сите партии во Собранието.
Кој би ја водел истрагата? Кога почнува таа?
- Очекувам до април или мај барањето за истрагата да биде одобрено. Очекувам јас да бидам
именувам за рапортер (истражувач) за овој случај, по што би почнал да работам некаде во јуни или во јули годинава. Сметам дека има големи шанси Советот на Европа да го одобри почнувањето на истрагата.
Што ве наведе да побарате истрага?
- Сакаме со истрага за случајот да донесеме светлина во темницата. Имам информации од повеќе извори дека има сомнителни елементи во целиот случај со загинувањето на претседателот Трајковски.
Имате македонски извори на информации за овие сомнежи?
- Не, сите информации ми се надвор од Македонија.
На што точно мислите?
- Од извор во Босна, кој бил присутен на аеродромот во Мостар и кој го видел авионот како паѓа,
имам информации дека СФОР 24 часа не им дозволил на локалните босански власти да излезат на терен и да трагаат по авионот. Имам и информација дека постојат сведоци во населбите околу Мостар, близу местото каде што падна авионот. Тие велат дека виделе луѓе како излегуваат од авионот по падот.
Велите дека имало преживеани?
- Сведоците виделе дека од авионот излегуваат повредени луѓе, кои гореле, но биле живи.
Што се случило потоа? Биле ликвидирани или оставени да умрат?
- Тоа е отворено прашање. Сведоците се преплашени, тие не сакаат да зборуваат. Јас се надевам дека ако почне европска истрага за случајот, сведоците може да се охрабрат и да проговорат.
Посочувате на чудно однесување на тогашниот премиер, сега претседател, Бранко Црвенковски, кој на денот на несреќата беше во Даблин.
- Имам информации дека во Даблин тој многу рано велел дека сите се загинати, уште пред да биде најден авионот. Сомнително е и како толку бргу беше прогласена национална жалост, пред да се дознае судбината на патниците.
Кој е изворот на оваа забелешка за Црвенковски?
- Изворот е човек од трета земја, кој бил сведок на ова однесување.
Дали сте зборувале со Црвенковски за овој случај?
- Не, но многу би сакал.
(Р. В.)
Несреќен случај или атентат?
Швајцарскиот весник „Ное Зурхер цајтунг”, кој прв ја објави информацијата за барањето во Советот на Европа, вели дека Борис Трајковски бил политичар што служел како пример за единството на Македонија. Во текстот објавен во вторникот, насловен „Смртта на Трајковски - несреќен случај или атентат”, се вели дека е можно некој да сакал да ја дестабилизира Македонија преку отстранувањето на Трајковски.
26 февруари
06:48 - Авионот Кингер полетува од скопскиот аеродром кон Мостар по маршрута на обласните контроли на летање - Скопје - Албанија - Србија и Црна Гора - Босна.
08:01 - Воздушната контрола на СФОР го губи авионот од радарската контрола на подрачјето околу Столац, 30 километри јужно од Мостар. Во тој момент контролата на летот ја извршувале француски припадници на СФОР.
08:15 - Воздушната контрола на СФОР и јави на Федералната дирекција за цивилен сообраќај дека е изгубен радио контактот со авионот на Владата на Македонија во кој се наоѓаше и претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, соопшти претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ.
11:00 - Претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ потврди дека авионот на македонската делегација се урнал кај Столац во близина на Мостар.
11:30 - Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Муслиманско-хрватската федерација Неџад Вејзагиќ, соопшти дека спасувачките екипи го пронашле местото на уривањето на авионот и оти никој од патниците не преживеал.
11:40 - Претставник на босанските власти соопшти дека спасувачките екипи на Република Српска во реонот на селото Битуње, општина Берковиќи ги пронашле остатоците од авионот со кој патуваше македонскиот претседател Борис Тајковски.
13:30 - Претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ соопшти дека Државната дирекција за цивилна авијација формирала истражен тим кој ќе ги испита сите околности. Тој додаде дека Советот на министрите на БиХ на местото на несреќата го испрати министерот за безбедност Бариша Чолак и министерот за надворешни работи Младен Иваниќ.
16:00 - Спасувачките екипи на СФОР и на босанските власти, што на локацијата Долно Битоње трагаа по остатоците од авионот на македонскиот претседател ја прекинаа потрагата на таа локација без да пронајдат ништо. Потрагата продолжи на други локации на планината Врсник на кои се претпоставува дека паднал авионот.
16:30 - Портпаролот во Кабинетот на претседателот на Република Македонија Андреј Лепавцов изјави дека во Кабинетот нема официјална потврда за судбината на претседателот и за членовите на делегацијата што патуваше со него.
16:45 - Македонската државна делегација, предводена од премиерот Бранко Црвенковски, пристигна на скопскиот аеродром од Даблин, каде што требаше да биде поднесена апликацијата за членство на Република Македонија во Европската Унија.
17:00 - Портпаролот на СФОР Дејл Саливен демантира дека е пронајдена локацијата на која се урнал авионот. Министрите за надворешни работи и за безбедност, Младен Иваниќ и Бариша Чолак, исто така, изјавија дека не е пронајдено местото каде што се урнал авионот.
17:00 - Уставниот суд до овој момент нема добиено никакво официјално известување за судбината на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, изјави претседателката на Уставниот суд Лилјана Ингилизова - Ристова.
17:30 - Владата на Република Македонија одржа вонредна седница.
19:30 - Седница на Советот за безбедност на Република Македонија.
20:00 - Поради лошите временски услови прекината е потрагата по авионот со кој патуваше претседателот Борис Трајковски.
Владата прогласи тридневна жалост.
27 февруари
07:00 - Војници на СФОР со хеликоптери ја продолжија потрагата по остатоците од авионот на претседателот Трајковски. На теренот се упати и екипа од македонското специјално владино тело што претходната вечер допатува во Мостар.
08:30 - Спасувачка хеликоптерска единица го лоцира местото каде што се урнал македонскиот авион, информира Службата за потрага и спасување при Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ.
10:30 - Министерот за правда Иџет Мемети информира дека во 10 часот и 15 минути првиот хеликоптер на босанските власти предводен од Меџида Крес заменик-јавен обвинител, задолжена за овој случај, тргнала на терен со уште еден техничар.
10:30 - Официјални претставници на СФОР и босанската полиција го известиле Кабинетот на претседателот на Република Македонија за локацијата каде што вчера се урна авионот со кој патуваше шефот на државата Борис Трајковски и делегацијата.
11:00 - Во реонот на Ротимља, 20 километри јужно од Мостар пронајдени се две тела и опашката на авионот, изјави босански официјален претставник од истрагата Исмет Јамакосмановиќ.
11:30 - Босанските медиуми јавија дека авионот со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски се урнал на котата 524 што се наоѓа во близина на селото Хусковиќи, 15 километри од Мостар.
12:00 - Телото на претседателот Борис Трајковски и уште осум други тела се пронајдени од страна на екипите на Федерацијата на Босна и Херцеговина, на СФОР и на македонските претставници, изјави портпаролот на Владата на Република Македонија, Сашо Чолаковски посочувајќи дека ова се уште се неформални информации.
12:30 - Македонската заменик-обвинителка Роксана Крстевска соопшти дека се пронајдени едно јагленосано тело, едно што не е изгорено и делови од уште пет тела. Таа потврди дека е пронајдена и црната кутија од урнатиот авион.
13:00 - Информацијата за пронаоѓањето на телата на загинатите е соопштена и на прес-конференција во Мостар на која присуствуваа македонскиот министер за правда Иџет Мемети и босанскиот министер за внатрешни работи.