Лицемерието лесно се открива бе - обожавам лицемери!
Лицемерите се вистинска занимација, мелем за душата и непресушлив извор на психо-анализирање. Тоа се најчесто луѓе кои немаат свое "јас", луѓе кои патат од комплекс на пониска вредност и психички "се хранат" со трачеви и изигрување "информ биро", луѓе кои навистина немаат (ниту може да извршат) попаметна работа од озборување - луѓе кои не треба да го носат епитетот "луѓе".
Замисли ситуација. Се собрала стандардната лузерска багра да пие кафе (со парите од мама и тате) и оговараат некого. Се користат термини од типот "
дигнат е", "
лузер е", "
мисли дека светот се врти околу него", "
се фура", "
се праи јебо" и сл. Стандардна бескичмењачко-оговарачка шема. Мислам на онаа селската - згоден тип "профрчува" со бесен мотор и со гром девојка позади него, а некој од вашето друшто (љубоморно) коментира: "
Види го бе, сељачиште!". Истиот тој, во себе потајно би сакал да биде најдобар другар со типот на моторот само за да сврти кругче.
Фина работа е што дискрецијата не ми е јака страна. Тие не можат да чуваат тајна. На секој можен начин се обидуваат да се истакнат со ширење секакви "информации" на секого. За нив тоа е успех. Тие не би се истакнале со некакво лично достигнување, некаква креација, најдобрата "пичка" во градот или автомобилот заработен со свои пари. Веќе реков - оговарањето и лицемерието е она што најдобро го прават.
Баш поради тоа што не знаат да чуваат тајна и во потсвеста нешто ги копка постојано да "јадат бурек" - лесно се откриваат. Откако ќе ги дознаеш - продолжи да ги "храниш" со се и сешто. Неприметно и пополека ќе тонат , а ти ќе фаќаш сеир. Додека мозокот им еволуира доволно за да се освестат дека всушност тие биле во твојата игра (а не ти во нивната) - ќе биде предоцна.
Дволичност = безличност.
Поздрав и се гледаме. :helou: