Ликвид на Марија Грубор

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Една наша ценета форумџика деновиве ја издаде својата работа, во форма на мало црно - црвено книжуле. Дали тие страсни бои од надвор се пренесени и внатре ќе мора допрва да се увериме, а за тоа време оние кои веќе го имаа нејзиното целокупно дело низ прсти велат...
официјалната страница на општина Велес напиша:
Книгата „Ликвид“ на оваа млада велешка авторка е спој на поезијата и прозата, филозовско-љубовна размисла што жанровски отскокнува од вообичаените литературни клишеа. Токму затоа многубројната публика беше пријатно изненадена и видно затечена од зрелоста на изразот на младата авторка.

Марија Грубор е ученичка во Гимназијата „Кочо Рацин“. Вешта во користењето на изразот и компонирањето на зборот, на голема врата влезе во кругот на своите истомисленици.
Од оние неколку на форумот кои знам дека ја имаат книгата, дали некој би сакал да искоментира?

Книгата официјално може да се најде... никаде, освен кај авторот дома, ако го познавате, а во поширока продажба, ќе биде набргу објавено верувам...

За арно за убаво Марче... :smir:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Станува збор за Goddess of Chaos?
Еве и овде искрени честитки со надеж дека што побргу ќе ја прочитам книгата.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Алал нека и е :)

Ќе гледам некако да се докопам до книжулето :) а тоа дека има филисофски спој знаеме :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Што не кажала порано,автограм да и земам:)Ами не!Велес даде уште еден херој,честитки:)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Честито,особено ми е мило и драго што има таква форумџика со која може да се горееме:helou:
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
оо честитки, нека има се поуспешни кајганџии:bravo:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.385
Ја ѕирнав. Прочитав неколку страни и не ми го задржа вниманието.
Стилот не можам да го дефинирам. Ама држи стил кој не ми се допаѓа.

Онака, во стил на Цацко од К-15: "Камен, на камено камен, а над него камен, каменосан од каменото време“. Најверојатно само самата писателка ќе го разбере напишаното. Би сакал да речам дека ми се допаѓа, ама заради мојата искренот, ќе мора да признаам дека не е така. Али океј, до мене е сигурно... :)

Како и да е, пак ќе речам, само на брзинка ја пролистав. Можеби доколку имам можност да прочитам поголем дел ќе имам поинакво мислење. Каде може да се купи? Јас ја позајмив на кратко од еден друг форумџија кој доби потпишан примерок :)
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Иии, тема имам. :)
Искрено ви благодарам на сите, и ви посакувам најголеми успеси по желба. :smir:
Треба по секоја цена да му ја одржиме репутацијата на Велес како град на културата, нели. ;)
Книгата ќе биде во продажба, и тие информации накнадно ќе ги постирам на темава.

Аcid, жал ми е што не ти го погодив вкусот. Добро, ич не се сложувам со описот што си го дал, ама ако ти навистина така си ја доживеал, тоа е твое искуство кое треба да се цени како такво. Иако секогаш има простор за втор впечаток...хихихи. :)
И се разбира, благодарам за искреноста. :smir:
 

}I{BuTtErFlY

You want ME
Член од
21 февруари 2006
Мислења
765
Поени од реакции
14
книгата е многу убава,стилот е воодушевувачки,скроз те обезема...јас си имам потпишан примерок :pipi: те сакам Марче :back: обавезно да продолжиш да филозофираш обожавам да сум под твое влијание:back::back::back:
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Јас бев на промоцијата и си добив книга потпишана од Марија :pipi::baeh: Имам прочитано неколку страници, и ме бендисува стилот на пишување...филозофии:smir:
Инаку, многу си поуба во живо :back:
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Eте сега, јебига, сонцкиве што ми беа на промоција мораат да лажат дека им се свиѓа оти добија книга :icon_lol::icon_lol:


:back::back:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Читнав само неколку работи, сакам да го конзумирм ова дело како што треба "по терк" шо би се рекло. Така да ќе причекам уште некој ден додека да запловам по мислите на ова чудо од девојче.
А од тоа малку што го читнав...ухуу,ај да завршам па ќе биде рецензијата.

Има нешто во воздухот во Велес а не е олово:party3:
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
41
И уште еден доказ дека уметноста и културата владеат во Велес. Браво Марија! Горда сум на својата сограѓанка.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Книгата ја има во Матица.

Ако некој ја набави, нека ми пише импресии/удри ќотек.
:salut:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Еве ја мојата субјективна критика.

Има неколку работи кои ми се допаѓаат, обратно од тоа и кои ми беа интересни. На пример, мене лично, не ми се допаѓа стилот на пишување поезија, од едноставна причина што не ми лежи поезијата како начин на изразување, но признавам дека умешноста за фантазија на една тинејџерка е одлично пренесена на хартија, па оние кои уживаат во чудно сплотени и скроени мисли од кои треба да се пронајде смислата на напишаното комплетно ќе ја обожуваат Марија а.к.а Годес. :)

Прозата од друга страна ми остави далеку подобар впечаток. Иако некои од расказите исто така имаат нишка на поезија во проза, што не е непознат елемент во умешноста на пишаниот збор, во главно ми се допадна начинот на кој се движи мислата, што морам да признаам знае да биде различно кога истиот автор го чита човек на форумот и во книга. Имагинацијата која ја поседува Годес, а пренесена низ долга реченица со добар опис делува прекрасно и го задржува моето внимание, што е добро.

Интересно ми беше што приметив дека сеуште не знае што сака и кој стил да го одбере. Па затоа и во самата книга има споено поезија со проза, но знаејќи дека во помладите години особено кај девојките поезијата повеќе лежи, претпоставувам дека и самата ќе се преориентира на проза, што секако не мора да значи, ова е период на себе пронаоѓање, а талентот е неспорен, па сум сигурен дека следното дело ќе биде далеку поинаку концептуирано. Исто така ми беше интересно тоа што насловот, односно зборчето ликвид се провејува постојано, тоа измамуваше насмевка кај мене, а и тоа што авторКАТА почесто пишува во машки род отколку во женски. That`s kinda cool. :)

Мислам дека имаше уште нешто, ама... :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom