Лига на шампиони 2011/12

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Инаку да Георгиевски се обрука максимално.
Не заебавај Георгиевски одличен беше, тоа на крај што ја погоди стативата се случува, башка беше од многу тешка позиција.

Можеби Златко е подобар на негова позиција. :tapp:
 
P

PewDiePie

Гостин
Инаку ме радува тоа што (бар ко што кажаа коментаторите)Станиќ се слушнал со тренерот на швабите и му кажал дека сака да остане во Металург.

Е сеа проблемот е што има пред договор со нив,ама верувам дека ако има желба ќе се среди.
Него и Лино не смее Металург да ги изгуби.

Со уште некој јак играч следната година за Л.Ш. титула ќе се борат.

Ама ајде да видиме и сезонава до кај можат да отидат.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Само да се изборат за добар пикер за во продолжение на ЛШ и СЕХАима голем недостаток на таа позиција и Мојсо малку да ја подобри формата денес беше слаб... Како и да е осминафинале имаат в џеб.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
...и повторно до последна секунда. Повторно во последна секунда се одлучува судбината на натпреварот. Значи не знам кога ќе почнеме барем последната минута да ја гледаме релаксирано.
Штета, а и проблем е што Миркуловски нема да игра нареднава, у последни 5 секунди да добиеш црвен, ах животу...
За Станиќ што и да каже човек, нема да е доволно, што и да кажам нема ни одблизу да ја долови големината негова.

Одиме понатаму.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Станиќ ЦАР!:cuc: Марковиќ колку е сличен со Лазаров во конструкцијата на телото само и со квалитетот да беше :)
 
P

PewDiePie

Гостин
Мора пикер да купат,инаку и сеха и ова ќе отиде во курац.

Димовски 1000 престапи направи ќе го искршев телевизорот.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Крилата освен Алушот( и тоа со играч повеќе само кога игравме) и влагањето на втор пикер во поседните напади не изиграа ништо.Миркуловски некој два гола во серија и ниту се виде, исто и Мојсо после тие двата гола, како што тргна реков ќе ги искине.Марковиќ најдобар на теренот, Станиќ првото звер во второ освен последниот напад не фати ништо, ама доволно од него.Со толку малу играчи расположени и без пикер, згора на тоа и судиите какво исклучување на Козлина му даде на крајот и пеналот на крај немаше врска.Ај добро ко ќе сумираш, Висла би требало да се полесен залак.Одиме на второто место.:icon_mrgr:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Со Лино Червар:cuc: не се губат поени на крај како со Шундовски
Не треси бе, малку фалеше на крајот шутот на Кривокапиќ да влезеше, а и можеше да биде добиена оваа.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Ме разочара Металург. Каква малодушност човече, во Русија, Романија, и еве сега Словенија класа подобри сме како тим али немаме психа, немаме карактер да си ги победиме сите и сега со Хамбург да се бориме за прво место. Цела Македонија и сите ракометари се радуваат како сме се пласирале во 1/8 финале. Значи кога веќе сме влезени и пред историска шанса треба да се покажат муда и да се избориме за тоа 2 место кое ќе ни ја подотоври вратата кон 1/4 финале а зашто не и фајнл фор. Незнам разочан сум како да се задоволија со пласманот мегу 16 во европа и доста е. НЕ сваќаат дека во животот и во спорот многу тешко се добиваат втори шанси за успех, ако веќе кога ти се пружиле не си вложил 100 насто да ги искористиш.
Искрено јас сум разочаран
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Утакмицата ТАПА:tapp:КОПЕР ТЕШКА МИЗЕРИЈА....:eek:
Ракомет од пред 37 години,со одење,со Милорад Кривокапиќ,со стомакот до земја....:tapp:
Да беше било која друга екипа од тие шо се пласираа во осмина-финале досега,ќе ги шлакнеше Словенците со минимум 7,8 разлика....
Уште еднаш се покажа дека Металург НЕ ЗНАЕ КАКО СЕ ОСВОЈУВААТ ГОСТИНСКИ БОДОВИ(барем не цел плен):eek:
Го спомна @goranpandev учинокот на Лино...:)
Каков Лино какви бакрачи пријателе.....:D
Како да го изгубил осетот изборников во последно време...:eek:
Директен виновник за поразот во Романија,ете го и денес се изгуби...посебно во одбрана,во напад добро ротираше,и со тоа можеби и спасија бодче....бодче бодче кој ти го дава:D
Гледа дека бековите на Копер не знаат кај тераат,ни шут ни ништо,добро кажа и Ѓоргоноски,ама кој го слуша:eek: гледа дека Станиќ е во форма,па со КОЈ УМ ИГРАШ 3-2-1 2/3 од утакмицата?алооо?
Ги убија на влезови,иста игра како словенската репрезнетација,потполно,со мала разлика шо играта на Словенија беше побрза......
Се виде кога го оставија да шутира Кировокапич на 6-0 зона, шо напрај,дрво невидено,им поклони бод денес,нека го частат слободно нешто од Металург Кривокапич,ако не беше тој ќе останеа и без бод........
И сам да го оставеа немаше да го совлада лесно Станиќ...
Шо не го искористи сето ова Металург сами си се виновни..
На толку одбранети удари на Станиќ,на толку слаб шутерски расположен противник,да губиш 3 разлика на 5 мин до крај,и да спасуваш бод е неуспех...
За Металург...
Мојсо,леле,леле камен денес,убедливо најслаб од бековите,еден куп изгубени топки без врска,слаби шутеви,ништо не покажа...
Марковиќ и Козлина јунаци на денот,заедно со Станиќ,ако не беа тие поразот ќе беше неминовен,дебело ќе го јадеше Металург со ваква игра,ако не беа странците денес.......
За Димовски шо да кажам,најслаб на цел терен...како со играч помалку да играше Металург:tapp:
Се гледа шо значи Ракчевиќ за Металург,кој простор им го дава на Мојсо и Филип,,без него овие двајца се губат....
Ако не најдат некој салам пикер нека не се надеваат на ништо во продолжение од сезоната,посебно не на гостински терен.......дебело ќе губат,ако беше ова дуел со третопласирана екипа во другите групи,Металург комотно ќе изгубеше 4,5 разлика....
И онај Маџовски,кај го ископа Лино него?Бек,шо улога имаше не знам,демек ако треба пикер да го смени Ванчо,не знам навистина шо улога имаше?освен шо напрај без врска 2 минути....
Зошто не го пушти тој Пешевски,колку толку ќе дадеше 15-20 минути,се виде од Ванчо,полошо од Ванчо немаше да изигра,то е сигурно:D
Како и да е,бодот е полна капа....
Со Висла ќе треба далеку подобра игра ако сакаат да останат непоразени....
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.338
Поени од реакции
5.366
Можеа да победат, а можеа и да изгубат...
Така да бод е полна капа за Металург !!!
Крилата целиот натпревар изгубени како да не играја, на крајот проработија малку и то беше...
Наумче Мојсовски ДРВО :tapp:
Заедно со брат му НАЈСЛАБА КАРИКА ДЕНЕС :pos:
Арно расположен му беше Марковиќ, тој распали неколку пати и Станиќ фати доста топки, тие двата беа расположени, ако не беа тие денес Металург ќе ги наполнеа како пиперки !!!
Се гледа колку му фали Ракчевиќ, каде каде е подобар од Димовски...
Хендикеп сега ќе биди тоа што нема да игра на следниот натпревар Миркуловски поради директниот црвен картон во последните секунди...
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Ова беше за мене еден од најлошите ракометни натпревари кои било кога сум го гледал, а откако им ја земаа меѓу тројца топката по одбранет пенал на Станиќ пред крајот и го сменив каналот. Ова го велам од аспект на сосема непристрасен гледач на мечот бидејќи не навивам за Металург, нити ги следам нешто посебно неговите игри. Несомнено ова е најслабата група оваа година, во која од 2- 5 место сите вреди да испаднат, но тоа е тоа. Сеедно.
Но причината зошто го пишувам коментаров е бидејќи сум крајно разочаран од непрофесионализмот со кој се вршат преносиве од ЛШ. Не можам да поверувам што се се изнаслушав вчера од гостинот на коментаторското место, кој не престана да ЧЕ-ка, да БОМБАНДИРА, и да зборува за здраво стоење на НОЅИ. Да не навлегувам во коментарите негови содржински, но на национална телевизија е срамота да се зборува на дијалект (колку и да ги сакаме и почитуваме, а лично и сум се посветил да ги изучувам). Едноставно е недозволиво до степен на навредливост. Имаше тема во која се нафрливме на ракометниот тандем на ЕП, но ова е дно дна. Ваков пад на коментирањето на спортски мечеви, не само ракометни, туку воопшто е недозволив. И од друга страна зборува за многу посериозни работи, кои не се спортски и нема да ги коментирам. Жалам искрено за сите кои не слушале и нема да слушаат коментари на Калински и Костовски или НБА преноси коментирани од Љубомир Николовски. Жалосно...немам што да додадам
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Со Лино Червар:cuc: не се губат поени на крај како со Шундовски
Гледаше нешто сезаонава од Металург или?

Него колку ми е мило кога гледам дека поради маестралноста на Червар се плука Димовски на големо. :giggle:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom