ИМА ЛИ СПАС???
Тренерот на фудбалскиот тим Баерн Минхен Јирген Клинсман, не може да поверува што му се случи на гостувањето кај Барселона (0:4) во првиот дуел од 1/4-финалето во ЛШ.
„Барса ќе биде новиот освојувач на титулата и дефинитивно ние немаме капацитет да парираме. Ни недостасуваше смелост и агресивност на тој дуел. Тие имаат неверојатна напаѓачка линија и тешко дека некој може да ги запре“, изјави Јирген Клинсман.
„Сега ние ќе мора да се насочиме само кон обврските во домашниот шампионат за да успееме да се избориме за позиција во Лигата на Шампионите за наредната сезона“, потенцираше Клинсман.
Тренерот на Баварците не пропушти можност да ја искоментира и играта на Лионел Меси.
„Тој е фантастичен фудбалер и јас навистина уживам кога го гледам како ја води топката“, нагласи поранешниот голгетер на „панцирите“.
Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул Рафаел Бенитез, е исклучително разочаран од поразот од Челзи (1:3) на „Енфилд Роуд“ во првата пресметка од 1/4-финалето во Лигата на Шампионите.
„Кога се форсира тактика еден на еден тогаш има многу погодоци.Во тој елемент противникот беше многу силен и во неколку наврати во играта во воздух успеа да не разбие.Ние направивме многу грешки и затоа моравме да платиме.
На реваншот ќе имаме тешка задача но, ќе се обидеме да одиграме во нашиот стил и да го поправиме впечатокот. Сепак да не заборавиме дека ова е фудбал и дека се може да се случи. Верувам дека имаме сила да постигнеме три голови на нивниот терен“, потенцираше Бенитез.
Реваншот од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите меѓу Челзи и Ливерпул ќе биде одигран на 14 април на „Стемфорд Бриџ“.
ЛШ СЕ ИГРА ДО КРАЈ