Лекторски испит

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.792
Поени од реакции
33.603
Прашање: дали сте имале лично искуство или познавате некој кој полагал лекторски испит, а кој наместо на македонски јазик и јужнословенски јазици, има дипломирано на македонска книжевност и јужнословенски книжевности или некоја друга катедра?

Во продолжение можете интегрално да го прочитате Правилникот за полагање лекторски испит објавен во Службен весник на Република Македонија број 15-196/1

П Р А В И Л Н И К
ЗА ПОЛАГАЊЕ ЛЕКТОРСКИ ИСПИТ
Член 1
Со овој правилник се пропишува начинот на полага-
њето и изведувањето на лекторскиот испит и Програ-
мата за испитот за лектор.
Член 2
Лекторскиот испит се одржува секој месец, од 20 до
крајот на месецот.
Пријавата за полагање лекторски испит се подне-
сува во архивата на Министерството за култура, секој
работен ден, од 1 до 10 во месецот, од 7.00 до 15.00
часот.
Со писмената пријава се приложуваат и докази за
завршени студии на Филолошкиот факултет - Група
македонски јазик, односно за завршено високо образо-
вание за македонски јазик, со програма соодветна по
обем и содржина на Програмата за Групата македонски
јазик.
Лицата кои на денот на влегувањето во сила на За-
конот за употребата на македонскиот јазик, се распоре-
дени на работно место „лектор", со пријавата за пола-
гање лекторски испит поднесуваат и доказ, дека се вра-
ботени на тоа работно место.
Член 3
Лекторскиот испит се полага пред Комисија за пола-
г а а испит за лектор (во натамошниот текст: Комнен-
ја).
Член 4
Лекторскиот испит се полага според Програмата за
испит за лектор (во натамошниот текст: Програма),
која е составен дел на овој правилник.
Член 5
Лекторскиот испит се полага во два дела: писмен и
устен дел. Меѓу писмениот и усниот дел има пауза од
најмалку три дена.
Материјалите за писмениот дел од испитот и праша-
н>ата за усниот дел ги подготвува Комисијата.
Писмениот дел е во ф>орма на тест, кој содржи кон-
кретен јазичен материјал, сообразен по содржина со
Програмата и по обем со времетраењето на испитот.
Тестот опфаќа пократки или поголеми изводи од тек-
стови (или целосни текстови), со различна тематика и
од различни функционални стилови, како и одделни
(изрази, реченици и ел.), специјално прилагодени за
целта на испитот, во кои се содржани разни неправил-
ности во однос на правописот, употребата на зборофор-
мите и на лексиката, синатаксата, стилот и други отста-
пувања од литературно јазичната норма.
Усниот дел од испитот, во прв ред се води по праша-
њата од практичното решавање на проблемите содр-
жани во писмениот дел од испитот (тестот), а може да
вклучува и други прашања од содржината на Програма-
та.
Член 6
Времето на полагањето на писмениот и усниот дел
на лекторскиот испит го определува претседателот на
Комисијата, при што се има предвид ангажирањето на
кандидатите во работното време и оддалеченоста од
каде што доаѓаат.
Лекторскиот испит се изведува во простории опре-
делени од министерот за култура.
Член 7
Писмениот дел на испитот се изведува во присуство
на претседателот и најмалку еден член на Комисијата.
За време на полагањето на писмениот дел на испи-
тот не е дозволено меѓусебно договарање по писмените
задачи со другите кандидати, и по правило, не е дозво-
лено напуштање на просторијата во која се изведува
писмениот испит.
Член 8
Писмениот дел на испитот трае 90 минути.
Кандидатот кој во определено време не ја изработи
писмената задача, истата ја предава на Комисијата во
состојба во која дошол.
Кандидатот кој што ја завршил писмената задача
може да ја предаде и пред истекот на определеното
време.
Член 9
Комисијата ги прегледува писмените задачи и ги
оценува со оценка „положил" или „не положил".
Кандидатот што не го положил писмениот дел не
може да го полага усниот дел од испитот.
Резултатите од писмениот дел од испитот се објаву-
ваат најдоцна два дена пред одржување на. усниот дел од
испитот.
Писмениот дел од испитот кандидатите можат да го
полагаат најмногу три пати за време од 12 месеци.
Член 10
Резултатите од писмениот дел и од усниот дел на
испитот се јавни.
Усниот дел на испитот се оценува со оценка „поло-
жил" или „не положил".
Кандидатот што не ќе го положи усниот дел од испи-
тот има право на поправен испит само уште еднаш во
рок од еден месец, од денот на полагањето.
Член 11
Кандидатот кој нема да дојде да го полага испитот
или дојде, а не полага, се смета дека испитот не го
полагал.
Кандидатот пред да започне испитот може да го
одложи испитот.
Кандидатот кој ја примил писмената задача или пра-
шан>ата од усниот дел на испитот и се откаже од пола-
гање, се смета дека не го положил испитот.
Член 12
Полаган>ето на започнатиот испит може да се од-
ложи поради болест, несреќа, смртен случај во семеј-
ството или други оправдани причини за кои кандидатот
до Комисијата доставува писмени докази.
За продолжување на рокот за полагање на испитот,
одлучува Комисијата.
Приговорот против Одлуката на Комисијата со која
се одбива молбата за продолжување на испитот, се под-
несува до министерот за култура.
По одобреното продолжување на испитот, кандида-
тот продолжува да го полага испитот.
Член 13
За време на испитот се води записник за секој канди-
дат пооделно.
Во записникот се запишуваат датумот и местото на
полагањето, личните податоци на кандидатот, составот
на Комисијата, прашањата, времето на пишувањето на
задачата и времето на предавањето на задачата.
Записникот го потпишува претседателот, членовите
на Комисијата и записничарот.
Член 14
Кандидатот кој не го положил испитот, може пов-
торно да го полага.
За положениот лекторски испит на кандидатите вед-
наш им се издава потврда. .
Уверението за положен лекторски испит се издава
во рок од 30 дена, од денот на полагањето на лектор-
скиот испит на образец бр. 1, кој е составен дел на овој
правилник.
По лично барање, на лице со научно завање доктор
на науки во областа на македонистиката, му се издава
потврда за признато право на лекторирање, без поло-
жен лекторски испит, на образец бр. 2, кој е составен
дел на овој правилник.
Потврдата за лицата од став 4 на овој член, се издава
во рок од 30 дена, од денот на поднесеното барање.
На лицата, кои согласно член 10 став 4 од Законот
за употребата на македонскиот јазик, можат да вршат
лекторирање без положен лекторски испит, на нивно
барање им се издава уверение за признавање на лектор-
ски испит, на образец број 3, кој е составен дел на овој
правилник, најдоцна во рок од 30 дена од денот на
поднесеното барање.
Член 15
Кандидатите кои го положиле лекторскиот испит се
евидентираат во книга за лектори на образец бр. 4, кој
е составен дел на овој правилните.
Податоците внесени во книгата за лектори ги заве-
рува претседателот на Комисијата.
Член 16
Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот
на објавувањето во „Службен весник на Република Ма-
кедонија".
Бр. 15-196/1 Министер за култура,
31 јули 1998 година Слободан Жиковски, с.р.
Скопје
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
За да полагаш лекторски испит под А треба да го имаш македонски јазик, а под Б друга група. Во законот кој е изменет во 1998 ( не сум сигурна за годината ) не може лицето да има дипломирано под А македонска книжевност и јужнословенски книжевности или општа и компаративна книжевност, а под Б да земал изборни испити од македонски јазик.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.792
Поени од реакции
33.603
За да полагаш лекторски испит под А треба да го имаш македонски јазик, а под Б друга група. Во законот кој е изменет во 1998 ( не сум сигурна за годината ) не може лицето да има дипломирано под А македонска книжевност и јужнословенски книжевности или општа и компаративна книжевност, а под Б да земал изборни испити од македонски јазик.
Нешто слично (само далеку подипломатски, не толку конкретен) одговор добив и од самото Министерство за култура. Ме интересираше само дали некој знае за исклучоци - за луѓе кои се дипломирани книжевници и компаратисти, а имаат положен лекторски испит (зошто слушнав дека имало исклучоци).
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Нешто слично (само далеку подипломатски, не толку конкретен) одговор добив и од самото Министерство за култура. Ме интересираше само дали некој знае за исклучоци - за луѓе кои се дипломирани книжевници и компаратисти, а имаат положен лекторски испит (зошто слушнав дека имало исклучоци).
Не ми е јасна таа политика на дипломатски одговор ако веќе постои таков закон. А и следствено на тој закон не ми е јасно како може да постојат исклучоци кога не е легитимен истиот испит. Сега и мене ме заинтересира начинот, освен ако не е давање ќеш на пола Министерство. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.792
Поени од реакции
33.603
Не ми е јасна таа политика на дипломатски одговор ако веќе постои таков закон. А и следствено на тој закон не ми е јасно како може да постојат исклучоци кога не е легитимен истиот испит. Сега и мене ме заинтересира начинот, освен ако не е давање ќеш на пола Министерство. :)
Значи, конкретно - моето прашање гласеше: „Дали јас, како Дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, можам да полагам лекторски испит?“ (студирав општа и компаративна книжевност со македонски јазик под Б), а одговорот од нивна страна беше - „Лекторски испит можат да полагаат само лицата кои имаат дипломирано на катедрата по македонски јазик“, со што всушност и ништо не ми одговорија, затоа што јас на некој начин студирав (и дипломирав) и на таа катедра.

А што мислеше со тоа дека испитот не е легитимен? :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Значи, конкретно - моето прашање гласеше: „Дали јас, како Дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, можам да полагам лекторски испит?“ (студирав општа и компаративна книжевност со македонски јазик под Б), а одговорот од нивна страна беше - „Лекторски испит можат да полагаат само лицата кои имаат дипломирано на катедрата по македонски јазик“, со што всушност и ништо не ми одговорија, затоа што јас на некој начин студирав (и дипломирав) и на таа катедра.

А што мислеше со тоа дека испитот не е легитимен? :)
Индиректно ти кажале дека треба под А да имаш македонски јазик.

Не е легитимен ако според закон стои дека не може Филолог по општа и компаративна книжевност со под Б македонски јазик да полага лекторски испит, а они го дозволуваат тоа. Освен ако има толку голема дупка во законот. :)
 

tid

Член од
22 февруари 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
јасно ми е дека неможам да полагам лекторски испит како дипломиран филолог по македонска книжевност.... Но, дали може да полагам лекторски доколку магистрирам на групата македонски јазик? Логично би било да ми дозволат, но никаде не пишува закон за тоа или јас не сум го сретнала сеуште.. Ако знае некој нека напише! Поздрав
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.792
Поени од реакции
33.603
јасно ми е дека неможам да полагам лекторски испит како дипломиран филолог по македонска книжевност.... Но, дали може да полагам лекторски доколку магистрирам на групата македонски јазик? Логично би било да ми дозволат, но никаде не пишува закон за тоа или јас не сум го сретнала сеуште.. Ако знае некој нека напише! Поздрав
Мислам дека магистрите по македонски јазик се стекнуваат со правото да лекторират текстови и добиваат додатно звање - лектор (секако, на нивно барање) и без да полагаат лекторски испит, ама не сум многу сигурен во ова - за Докторите на науки од областа на македонистиката знам дека можат да побараат да им се признае правото за лекторирање.
 

tid

Член од
22 февруари 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
i jas znam deka ako si doktor mozes ama za mr nikade ne pisuva...
 
Член од
5 март 2013
Мислења
1
Поени од реакции
2
Се надевам ќе помогнам , оти и мене ме мачеше истото прашање околу правото за полагање лекторски испит за дипломираните на групата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности со македонски јазик. Денес ставив крај на дилемите. Се јавив во Министерството за култура и културно прашав (јас конкретно учев по ЕКТС,но тоа не е некој голем фактор) дали имам право да полагам лекторски испит.Од другата страна беа многу трпеливи и ми објаснаа дека во тек е процедура со Филолошкиот факултет од каде што чекаат одобрување, со кое и нам би ни овозможиле полагање на испитот. Господинот ми рече да се јавам повторно за два месеци за конечен одговор. Но,доколку ова не се оствари да знаете дека постои план Б.Тој се состои од следново: треба да одите на факултет,т.е. во студентски прашања со стариот индекс и уверение со положени испити заверено на нотар. Таму одите кај нашата група или го барате Зоран Симоски-шеф на студентски прашања и кашувате дека сакате да дополагате предмети од групата за Македонски јазик и јужнословенски јазици. Пишувате молба за Деканатот да ви го одобри тоа,а откако ќе ви го одобри се запишувате како вонреден студент,со нов индекс. Некои професори може да ви го признаат целиот испит(оти нам ни фалат само вторите делови од некои предмети) и се полага во неколку сесии. Цената била околу 350 евра,се плаќало од предмет. На крајот се добива ново уверение и звање Дипломиран лектор и јазичен редактор. Јас лично познавам девојка која на ваков начин успеа да стане лектор.
На овој линк се предметите кои треба да се полагаат(тој со ѕвездичка е задолжителен,а од секоја група се избираат уште по два предмети). ОДИ ДИРЕКТНО НА СТРАНА 25 -ВТОР МОДУЛ! Поздрав!
http://www.flf.ukim.edu.mk/LinkClick.aspx?fileticket=gQjH_bKE-3E=&tabid=97&mid=423
 
Член од
9 август 2014
Мислења
22
Поени од реакции
31
Има ли нешто ново околу ова прашање? Некое искуство можеби...
 

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Магистрите дали можат да се стекнат со право на лекторирање?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom