Лажирање сообраќајни казни

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Тоа се вика процедура, која МОРА да се запази за да она што го пишува биде ВАЛИДНО!!!!!
Без тоа паѓаат на суд.
Како ќе го докажеш тоа на суд? Реално е твој збор против двајца џандари, нели?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Како ќе го докажеш тоа на суд? Реално е твој збор против двајца џандари, нели?
Имам пишувано многу за тоа на темата сообраќајни прекршоци и казни...
Битно е твојата забелешка да стои напишана во записникот, со тоа е многу полесно.
Обавезно барај соочување на суд, и викај си сведоци со кои си се возел со колата...
Ова, вака накратко...
Сепак, од случај до случај е многу различно...
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Што ги спречува нашите ценети, искусни и професионални полицајци да лажираат казни?

Било што дека добил казна, “казнетиот“ не треба да потпише! Како ќе докаже некој дека уствари не добил казна?
па еве неколку работи штои ги спречуваат:

1. ако тебе ти пишат и ако ти се жалиш, па ако мене ми пишат, па јас се жалам итн... ќе ги фатат еден ден и ќе останат без работа. што мислиш, зошто тие би си ја ризикувале работата, за да направад приход за државата, ако нема основ?

2. најчесто се по двајца, па треба да лажат, а тука секоаш е прашање - ако јас излажам, а тој не излаже - ќе ме фатат

3. би требало и да се чесни, ако веќе се нафатиле да одржуваат ред и мир.

инаку, потпишал - непотпишал, неговиот збор е поверодостоен од твојот, со оглед дека тој е држава. може да те спаси само некој доказ, како алиби или како сведок, АКО стварно било така. или добар адвокат, кој се знаее со судијката, па да поминеш со опомена.

секако барај соочување, за да му се напише во биографијата дека возач се жалел на него.


мене ми се деси такво нешто пред 10 години и мислев ќе терам правдини, па отидов САМ на суд. и судијката му поверува нему (а јас не возев ни 60, а тој напишал 110). убаво ми викаа да одам со адвокат и да барам соочување, ама јас се инатев дека правдата ќе победи. е не победи... потоа ми рекоа да се жалам на апелационен, ама немав време и си платив 3000 денари.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
хммм не сум слушнал до сеа некој да му наместат честитка со податоци од рутинска контрола...мислам дека нема потреба од тоа..џандарот ако сака да ти најде нешто за да те казни ќе ти најде...кога нас џандар ни викаше дека сме претицувале на полна линија,а асфалтот необележан,што повеќе муабет да се прави :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom