Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098

Довчерашната либералдемократка, Лилјана Поповска, од завчера и официјално е претседател на партијата Демократска обнова на Македонија. На основачкото собрание, што се одржа во саботата во МНТ, покрај партиски лидер, беа избрани и Централен и Надзорен одбор на новата партија. Во својот говор, Поповска рече дека ДОМ има намера да се промовира како современа и автентична партија од центарот, што ќе ја негува индивидуалноста и разноликоста во идеите и мислата на членството и ќе се залага за искоренување на корупцијата и партиските притисоци во институциите на системот. "Ќе се залагаме за економска, социјална политика и здравствен систем по европски стандарди", нагласи таа, додавајќи дека "на новата партија ќе и биде туѓ синдромот на оваа власт - затнати уши". Поповска порача дека на Македонија и треба "материјална и духовна обнова, дом за сите граѓани до што може да се дојде преку спој на искуството и младешкиот ентузијазам и само со чесни луѓе". Во иницијативниот одбор на ДОМ се наоѓат и поранешни членови на партиите на Пенов и Андов, професорот Димитар Мирчев, Андреја Зафировиќ, Јасминка Поповска... Како партиски приоритети во програмата се наведени владеењето на правото, економскиот развој на земјата, социјална политика според современи европски стандарди, негување на културата, реформа на образованието, квалитетен здравствен систем, побрзо интегрирање во ЕУ и НАТО.