Сеедно, и да нема, коалициите за кои спомнав ќе ги има повеќе од сигурно! Секоја од тие новоформирани партии ќе привлече и ново членство и симпатизери кои никаде не биле предходно наклонети.Тоа е еден од начините за привлекување на повеќе гласачи кои финално ќе бидат изиграни заради коалицирањето кое ќе се случи после изборите. Инаку во СДСМ се свесни за тоа колку им е долу рејтингот, не са мо нив туку и на нивните сателеити, затоа сега изрежирано ни презентираат напуштање на партијата на нивни членови кои формираат нови партии кои ќе бидат само нивни сателити. -Сетете се на Петар Гошев, демонстративно си отиде од СДСМ за да формира нова партија и на наредните избори да стане нивен најголем коалиционен партнер. И ова ќе биде исто!