Тотално се согласувам со
@SaltNPepa
Првенствено јас мислам дека немаме соодветен систем, на локално ниво, каде секоја општина е заангажирана да си го реши проблемот со скитниците. После тоа треба на државно ниво да се воведи некое законско решение (постојните не знам какви се но сигурно не се добри или не се спроведуваат) според кое:
1. како што кажаа погоре НЕ смееш да одгледуваш куче па да го испуштиш како никому ништо пу пу не важи, бидејќи така ти текнало
2. апсолутно високи и ригорозни казни за оние кои не ги имаат дресирано своите миленици, кои ги шетаат без корпи и сл., а да не зборувам за оние кои ги пуштаат намерно да лутаат низ улици
3. центрите за згрижување на кучиња скитници и шинтерите треба да има повеќе.
Еве додека ова го пишувам спроти мене комшиите го пуштиле ротвајлерот.
Кој се разбира барем малку од малку знае дека такво куче НЕ треба да го земиш од мало, да го врзиш во двор, да го оставиш на стари луѓе да го чуваат (што подразбира цел ден врзано и дали еднаш или два пати неделата извадено да трча надвор во парк), да го пушташ навечер во двор кој и онака не е голем и тоа исто куче после ете година дена да е агресивно as fuck!!!!
Значи не збораме за некој пинч или некоја мала раса... кучето е огромно и кој и да помине покрај порта е нападнат... буквално. Цела среќа што до сега не успеало да излези бидејќи можам да замислам кој циркуз ќе биде тек тогаш.
Плус, друга работа е што некои луѓе немаат страв од кучиња, но има и такви кои заради некое лошо искуство или едноставно заради тоа што се плашливи имаат страв и кога ќе се соочат со некоја ваква раса буквално се губат. Па што ти е крив некој што си врви по улица, ти чуваш недресирана џукела и да оди да го преплаши?
Деца среќа немам, но имам роднини кои секојдневно минуваат покрај таа порта и недај Боже да се случи некој немил настан што треба потоа да следи?
Да го отепам кучето (во кое да се разбериме нема никаква вина.... така е оставено од мало и недресирано)?
Да го отепам сопственикот?
Да барам вина во државата и законодавецот кој нема предвидено доволно мерки?
Или да си поќутам и да речам ќути има и полошо.
Неодамна имавме случај кога невино дете беше распарано од кучиња... и никому ништо.
На проблемот треба да се гледа од секој можен аспект, дури и голем дел од кучињата се за жалење бидејќи најчесто се купуваат за забава на сопствениците или додека имаат мали деца па потоа се даваат или испуштаат...
куче се чува од љубов, а не ради забава или не знам кој друг интерес на нас „луѓето“ и сè додека имаме несовесни сопственици ќе имаме и проблеми од типот на нападнати граѓани и немили настани.
п.с. невладините организации како анима мунди и ним слични дебело треба да се заинтересираат за сите проблеми (особено ваквите) кога се зборува за заштита на животните, бидејќи грижата не се сведува само на сликање слики и постирање на фб со наслов „видите колку преслатки кученца, бараме некој да ги вдоми... сопственикот ги дава на поклон“...