Кучиња скитници

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    606
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Се убаво тоа ама ми се чини во сета хајка и галама, (која поради тоа се сомневам дека е намерно створена) се заборави најважната работа - детево, а сигурно и женава не ги нападнаа скитници, туку нечии кучиња. И во сите препукувања по медиуми фејсбук и слично, никој не се запраша кој е газдата на кучињава и кога тој ќе одговара?
 
X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177

Ако на некој му текне за тоа ќе треба да бара одговор од институциите, а вака само ќе ги обвинуваат анима мунди кои немаат ама баш никаква одговорност за случајот и кучињата скитници, ама што да се прави прост народ... барем дражавата да ни беше силна.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Не бе институциите, мене лично ме интересира зошто до сега ама баш никој не го ни спомна газдава на кучињата. Затоа што многу јасно беше кажано во првите објави дека тоа биле нечии кучиња, па за после да го сменат тоа во нечии кучиња ама и скитници кои биле измешани со нив. И од таму - сите се фатија за кучињава скитници ко пијан за плот. И сега испадна ко бајаги скитници го нападнаа детенцето. Се во ред тоа, јас не сум од тие што по секоја цена ке тврдат дека ниедно куче нама да нападне без провокација и сл, ама измислицава за скитниците е чисто перење мозок. Случаиве се како прво на село, и исто ако ги погледнете вестите каде некој бил сериозно нападнат од куче, тоа се приградски населби а не среде град. Е сега, по селата ретко има скитници, и никако не се глутници како по градовите. Затоа што има сточари кои имаат кучиња чувари, кои и те како се глутници, оти јас досега немам сретнато овчар без најмалку десетина кучиња. Е тие чувари едина задача им е да растргнат се живо што ќе се доближи до стадото и имотот/територијата, вклучувајки луѓе и други кучиња. Е затоа не верувам во приказната за скитници измешани со нечии кучиња. Имам одено по села и трла со години и точно го знам ова дека е така. Ова е типично нешто што би направиле кучиња чувари (не мислам на дресирани, туку чувари на стада и имот) Од друга страна бидејки има многу луѓе кои се жалат како ги бркале и исплашиле глутници скитници низ Скопје - колку од нив се здобиле со сериозни повреди, или имало смртни случаи? Нема, едноставно затоа што тоа не е типично однесување на скитниците.
Ама најбиттно - за детенцево изгледа нема да одговара најголемиот кривец - газдата на кучињата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.782
Поени од реакции
12.251
Никој не сака вакво нешто да се случи на негово дете без разлика дали е скитник или домашно. Ама веројатно треба да се има дете за тоа да се почувствува. Анима мунди пред многу многу години повикуваа на заштита на скитниците, нивни права и се по ред. Нека му објаснат на таткото на детето за нивните права, неговото дете не е веќе живо. Наместо да се борат со институциите, тие фрлаа дрва и камења и плукаа по граѓаните.

http://fokus.mk/kuchina-napadnaa-dete-vo-negotino-dedoto-go-spasil-krvavoto-vnuche-od-chelusta-na-zhivotnite/
Вистински хорор се случил утринава во Неготино, кога четиригодишно дете било нападнато и искасано од две големи кучиња на улица, пред нивниот двор.
Пред три години во Неготино, исто во месец март, куче од расата ротвајлер нападна мајка и бебе, кои завршија во болница со повреди, а бебето било спасено од случајни минувачи. Нападот го изврши куче, чувано во домашни услови кое што било во прошетка заедно со неговата сопственичка.

Последно уредено:

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Никој не сака вакво нешто да се случи на негово дете без разлика дали е скитник или домашно. Ама веројатно треба да се има дете за тоа да се почувствува. Анима дунди пред многу многу години повикуваа на заштита на скитниците. Епа нека му објаснат на таткото на детето зашто водеа вакви кампањи а сега неговото дете не е веќе живо. Наместо да се борат со институциите, тие фрлаа дрва и камења и плукаа по граѓаните.

http://fokus.mk/kuchina-napadnaa-dete-vo-negotino-dedoto-go-spasil-krvavoto-vnuche-od-chelusta-na-zhivotnite/
Вистински хорор се случил утринава во Неготино, кога четиригодишно дете било нападнато и искасано од две големи кучиња на улица, пред нивниот двор.

Пред три години во Неготино, исто во месец март, куче од расата ротвајлер нападна мајка и бебе, кои завршија во болница со повреди, а бебето било спасено од случајни минувачи. Нападот го изврши куче, чувано во домашни услови кое што било во прошетка заедно со неговата сопственичка.

http://24vesti.com.mk/dete-od-negotino-iskasano-od-kuche
Малото детенце било искасано во дворот на соседите.

Дали пак се работи за куче кое има сопственик ? Како го искасало во дворот на соседите ?

И де објасни каква одговорност имаат анима мунди, и што ти подразбираш под тоа заштита на скитници кои ја бараат анимал мунди ?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Не бе институциите, мене лично ме интересира зошто до сега ама баш никој не го ни спомна газдава на кучињата. Затоа што многу јасно беше кажано во првите објави дека тоа биле нечии кучиња, па за после да го сменат тоа во нечии кучиња ама и скитници кои биле измешани со нив. И од таму - сите се фатија за кучињава скитници ко пијан за плот. И сега испадна ко бајаги скитници го нападнаа детенцето. Се во ред тоа, јас не сум од тие што по секоја цена ке тврдат дека ниедно куче нама да нападне без провокација и сл, ама измислицава за скитниците е чисто перење мозок. Случаиве се како прво на село, и исто ако ги погледнете вестите каде некој бил сериозно нападнат од куче, тоа се приградски населби а не среде град. Е сега, по селата ретко има скитници, и никако не се глутници како по градовите. Затоа што има сточари кои имаат кучиња чувари, кои и те како се глутници, оти јас досега немам сретнато овчар без најмалку десетина кучиња. Е тие чувари едина задача им е да растргнат се живо што ќе се доближи до стадото и имотот/територијата, вклучувајки луѓе и други кучиња. Е затоа не верувам во приказната за скитници измешани со нечии кучиња. Имам одено по села и трла со години и точно го знам ова дека е така. Ова е типично нешто што би направиле кучиња чувари (не мислам на дресирани, туку чувари на стада и имот) Од друга страна бидејки има многу луѓе кои се жалат како ги бркале и исплашиле глутници скитници низ Скопје - колку од нив се здобиле со сериозни повреди, или имало смртни случаи? Нема, едноставно затоа што тоа не е типично однесување на скитниците.
Ама најбиттно - за детенцево изгледа нема да одговара најголемиот кривец - газдата на кучињата.

Uste vo prvite izjavi kazaa deka sopstvenikot ke bide krivicno gonet.
A deka nema glutnici I ne napagaat niz gradovite... sum bil svedok mnogu pati, megu koi I mali deca I stari I iznemosteni lica.
Na sred centar. Eve ova video e pred sredno uciliste, na sam vlez. Sekojdnevno imase prijavi I kasnati.
https://www.facebook.com/srecko.guncev/videos/vb.100000709203002/1335335133166781/?type=2&theater

Najsmesno e sto, niedno ne bese agresivno se dodeka ne gi sobraa I vakciniraa I tagiraa.

Mene mi e jasno deka situacijata vo selata e razlicna, no zarem treba da docekame vakvo nesto na sred plostad da se desi? Togas ke mozes tipicnoto gradsko odnesuvanje da go klasificiras kako opasno?

Drzavata e odgovorna, ne moze be jas za edno mace od 1 godina da imam kniska, 3 redovni vakcini, terapija za hormoni I za glisti I redovna kontrola I kaiska za bolvi a nekoj da cuva ofcar od 100 kila I kako se rodilo taka da zivee, bez trening, bez pravilna ishrana ako voopsto... Ako imas mnogu ovci treba da si soodvetno spremen tie 10 kucinja da gi odrzuvas.

Koga sopstvenicite ke bidat soodvetno kaznuvani togas ke imame sovesni sopstvenici.

A site drugi bezdomnici koi ke se vodat bez sopstvenik da se uspivaat. Ako ne bidat posvoeni za 1 mesec. Ko sto e sekade praksa.
Mora da se trgne prvo od gradovite.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.782
Поени од реакции
12.251
http://24vesti.com.mk/dete-od-negotino-iskasano-od-kuche
Малото детенце било искасано во дворот на соседите.

Дали пак се работи за куче кое има сопственик ? Како го искасало во дворот на соседите ?

И де објасни каква одговорност имаат анима мунди, и што ти подразбираш под тоа заштита на скитници кои ја бараат анимал мунди ?
ти си сигурно помал па не паметиш. Во 90тите јадеа бубрези за права и заштита на скитниците. А за другиот дел јасно напишав-ако имаш дете веројатно немаше да имаш вакви дилеми.
Треба навечер да се движиш како во џунгла меѓу лавови за да не ги вознемириш, да не им згазнеш на територија, да наведнеш глава, да му помирисаш мокрача и што уште не за да стигнеш до продавница, а да не те нападнат. Ова го зборам за урбани подрачја-Хром, Влае...деца не можат да се движат, старци не можат да се движат...
Кривично гонење на сопствениците и успивање на скитниците. Тоа е единствено решение, кога од друго нема никакви резултати.
 
Последно уредено:

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
ти си сигурно помал па не паметиш. Во 90тите јадеа бубрези за права и заштита на скитниците. А за другиот дел јасно напишав-ако имаш дете, сигурно немаше да имаш вакви дилеми. Треба навечер да се движиш како во џунгла меѓу лавови за да не ги вознемириш, да не им згазнеш на територија, да наведнеш глава, да му помирисаш мокрача и што уште не за да стигнеш до продавница, а да не те нападнат. Ова го зборам за урбани подрачја-Хром, Влае...деца не можат да се движат, старци не можат да се движат...
Кривично гонење на сопствениците и успивање на скитниците. Тоа е единствено решение.
За ова не се надлежни анима мунди туку институциите. Нормално дека скитниците треба да се тргнат од улица и да бидат згрижени 2-3 месеци па потоа успиени ако не ги вдоми никој. Но пред тоа треба и да се спроведе законот за чипирање и кастрирање, а не секоја будала да го пушта кулето по улица или да го пари на секој 6 месеци. Ама кај нас правата на човекот не се почитуваат не па на животните.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.782
Поени од реакции
12.251
За ова не се надлежни анима мунди туку институциите. .
Ликови за заштита на кучињата се појавија уште во 90тите. Брамбореа на МРТ, споменуваа права, се пенеа и ржеа на секој што им опонираше.
Тие друштва и ликови за наводна заштита треба да се борат во и со институциите, да одвојат дел од парите, па нека и формираат патроли што знам што и како иде тоа. Ако немаат успех (а немаат), напишав кое е единствено решение. Едно е што треба (да препишеме закон од некоја асална држава), друго е што 20 години ништо не се помрднува. Тебе, доколку ти нападне дете (како на сликава) или член од фамилија, нема да ти е грижа дали е скитник или го пуштил несовесен сопственик да се истрча. Ама ич нема да ти е грижа.
 
Последно уредено:

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Ликови за заштита на кучињата се појавија уште во 90тите. Пред тоа повремено излегуваа ловџии и ги ловеа низ град. Тие друштва за наводна заштита треба да се борат во и со институциите, да одвојат дел од парите, да формираат патроли што знаш то и како иде тоа. Ако немаат успех (а немаат), напишав кое е единствено решение. Едно е што треба (да препишеме закон од некоја асална држава), друго е што 20 години ништо не се помрднува. Тебе, доколку ти нападне дете или член од фамилија, нема да ти е грижа дали е скитник или го пуштил несовесен сопственик да се истрча. Ама ич нема да ти е грижа. Ќе гледаш да го најдеш и да го убиеш.
Порано и ветереинарните станици ги тровеа кучињата, со налог на општината (пред 15-20 години), но тие не го оставаа отровот за да може домашно куче да го изеде, туку чекаа додека скитникот не го изеде не заминуваат, ако не се случи тоа го земаат и не го оставаат на улица.

Значи не е работата доколку ме нападне што ке правам... туки да се превземе нешто да не дојде до такви случки.

И јас не ги сваќам некој "љубители" на животни кои го ставаат животот на кучето пред човекот но исто не ги сваќам и тие кои фрлаат отров кај ќе им стигне, па дури и по дворови.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Главниот проблем е што добар дел од кучињата кои се на улица се кучиња кои имале сопственици. Значи просто невозможно е куче од село да залута во град па да стане скитник. И да се случи такво нешто, едно куче е слабо не осеќа сигурност и најверојатно ќе бега од луѓето. Е сеа, од каде за една година бројот на улични стана х50. Просто и едноставно. Синчето/ ќерката ми запнале куче и то она белото пуфнатото(самојед) и им купивме. Ама многу лае, многу јаде, лошо е не слуша итд. муабети газдата му отвара врата/ го пакува во кола и го транспортира на друга локација и го остава. Втора ситуација леле Џуки мој мора да спари еднаш во животот/ Дона мора да ја спариме да осети и она што значи да е мајка итд. ситуации.

Кај нас се чипува, најчесто чипуваат одгледувачите бидејќи тие и патуваат со животното. Али и да се чипува, сеуште не постои национална дата база во која ќе се внесе тој чип што би помогнало во случај кучето стварно да биде изгубено/ украдено. А воедно доколку се утврди дека сопственикот не пријавил кај својот ветеринар дека кучето го нема и се прави на тошо и истото куче биде најдено, чипот прочитан, сопственикот треба да си плати дебела казна. Потоа, одгојна дозвола, не може кој како му текне да пари. Се знае кој треба да се бави со одгој.

И не, не се сложувам дека треба да биде само еден месец и ако не се посвои да биде успиено. Тоа не е хумано. Стари, болни кучиња, кучиња кои имаат проблеми во однесувањето и кои после серија на тестови ќе биде докажано дека нема да можат да се вклопат во семејство, треба да бидат успиени. Ако е изводливо во другите земји, зошто да не биде изводливо и кај нас? Само што за ова, некој треба да дозволи да се направи без сопки и треба да се сака да се направи.

П.с. ако јас можам кучето да си го шетам на поводник и да си го контролирам, може секој. Истото е и за родителите со деца, не да ги плашат и да им набиваат коплекси дека кучето ќе ги гризне од чиста мира. Во нормален свет кога сакаш да погалиш куче прво треба да го прашаш сопственикот дали може. А не како овде одеднаш да му се пушти на кучето. И во таков случај кучето неминовно агресивно ќе реагира-се брани. Потребна е континуирана едукација и на сопствениците и на општеството.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Тотално се согласувам со @SaltNPepa
Првенствено јас мислам дека немаме соодветен систем, на локално ниво, каде секоја општина е заангажирана да си го реши проблемот со скитниците. После тоа треба на државно ниво да се воведи некое законско решение (постојните не знам какви се но сигурно не се добри или не се спроведуваат) според кое:
1. како што кажаа погоре НЕ смееш да одгледуваш куче па да го испуштиш како никому ништо пу пу не важи, бидејќи така ти текнало
2. апсолутно високи и ригорозни казни за оние кои не ги имаат дресирано своите миленици, кои ги шетаат без корпи и сл., а да не зборувам за оние кои ги пуштаат намерно да лутаат низ улици
3. центрите за згрижување на кучиња скитници и шинтерите треба да има повеќе.

Еве додека ова го пишувам спроти мене комшиите го пуштиле ротвајлерот.
Кој се разбира барем малку од малку знае дека такво куче НЕ треба да го земиш од мало, да го врзиш во двор, да го оставиш на стари луѓе да го чуваат (што подразбира цел ден врзано и дали еднаш или два пати неделата извадено да трча надвор во парк), да го пушташ навечер во двор кој и онака не е голем и тоа исто куче после ете година дена да е агресивно as fuck!!!!
Значи не збораме за некој пинч или некоја мала раса... кучето е огромно и кој и да помине покрај порта е нападнат... буквално. Цела среќа што до сега не успеало да излези бидејќи можам да замислам кој циркуз ќе биде тек тогаш.

Плус, друга работа е што некои луѓе немаат страв од кучиња, но има и такви кои заради некое лошо искуство или едноставно заради тоа што се плашливи имаат страв и кога ќе се соочат со некоја ваква раса буквално се губат. Па што ти е крив некој што си врви по улица, ти чуваш недресирана џукела и да оди да го преплаши?

Деца среќа немам, но имам роднини кои секојдневно минуваат покрај таа порта и недај Боже да се случи некој немил настан што треба потоа да следи?
Да го отепам кучето (во кое да се разбериме нема никаква вина.... така е оставено од мало и недресирано)?
Да го отепам сопственикот?
Да барам вина во државата и законодавецот кој нема предвидено доволно мерки?

Или да си поќутам и да речам ќути има и полошо.

Неодамна имавме случај кога невино дете беше распарано од кучиња... и никому ништо.

На проблемот треба да се гледа од секој можен аспект, дури и голем дел од кучињата се за жалење бидејќи најчесто се купуваат за забава на сопствениците или додека имаат мали деца па потоа се даваат или испуштаат...
куче се чува од љубов, а не ради забава или не знам кој друг интерес на нас „луѓето“ и сè додека имаме несовесни сопственици ќе имаме и проблеми од типот на нападнати граѓани и немили настани.

п.с. невладините организации како анима мунди и ним слични дебело треба да се заинтересираат за сите проблеми (особено ваквите) кога се зборува за заштита на животните, бидејќи грижата не се сведува само на сликање слики и постирање на фб со наслов „видите колку преслатки кученца, бараме некој да ги вдоми... сопственикот ги дава на поклон“...
 
X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Ја пишав еден коментар на фб сличен на последните два поста овде, и одма се нафрлија "љубителите" на животни... имаше коментари и од типот дека кучето и да го чуваш ти тоа не е предмет па да биде твоја сопственост и ти негов сопственик... и дојди па кажи му на таков дека треба да го чипува, дресира, шета со поводник и ред други работи што ги спомнавте...
 
Член од
22 јули 2012
Мислења
115
Поени од реакции
30
драстична казна за тие што од одредени причини ги бркаат од дома па стануват кучиња скитници.
ако тие организации ги толку бранат зивотните нека одговарат за вакви случаеви и најситни каснувања.

Да несмее човек слободно да шета посебно од некои џукели ..да му се плукнам на тој памет што дозволува слободно шетање на кучиња по улица да не е цвеќе за меришење па ке го гнездам во парк.

и ке ми каже ли некој кој е одговорен за тие скитници да преземеме нешто кај нас
 
Општината
 
Kajgana Shop

На врв Bottom