Што подразнираш под агресивност? Нападнало човек, животно и го повредило? Или лаење и касаќе во игра?
Мојот Ердел уште малце година ќе полни, а не е свесна колку е голема, значи често и' се случило да ме сопне со тоа што е блесава и трча како мува без глава, често и' се случува да ме акне со муцката по мојот нос, често и' се случува да забега по други кучиња, често и' се случува да ме влрче како партал позади. Но, тоа поминува, треба време. Сега се' им е ново и интересно, исто како кај малите деца. Кога ќе созрее, ќе биде помирно. Сега, воспитувај го, карај го ако згрешил, мојава веќе знае кога сум лута ради што направила и доползува до моите нозе, мавта ситно со опашот, некогаш и цвили (зависи колкава грешка направила).
Инаку, јас се чудам на неа, значи се' јаде, што ќе најде јаде... Додека бев во школо, еднаш го искршила свеќникот и ја изела свеќата со мирис на ванила (бар на ванила и' мирисаше здивот) и ништо, апсолутно ништо не и' беше, немаше ни рана, ни гребнатинка, јадеше како и секогаш, играше како и секогаш. Дали чувам куче или вонземјанин што јаде свеќи?