Кучешка енциклопедија (Read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
L

Lu

Гостин
1) Доберман - Doberman
- Доберманот припаѓа на FCI 2 групата.
Матична земја на Доберманот е Германија.
Основач на оваа раса е Karl Fridrih Luis Doberman ... по кого оваа раса го носи името Доберман.

- Висината на мажјаците е 68 - 72 цм, а висината на женките е 64 - 68 цм.
Тежината на мажјаците е околу 45 - 50 килограми, а тежината на женките е околу 40 килограми.
Влакното е кратко.
Доберманот го има во црна и кафеава боја.

- Доберманот е посебно омилен поради непоткупливоста и вероста кон својот сопственик.
Многу е внимателен и претпазлив, и работата на куче чувар и заштитник на семејството ја сваќа многу сериозно.
Доберманот е куче со многу голема интелегенција, се наоѓа помеѓу 10_те најинтелегентни раси, многу брзо учи и сваќа, и многу е лесен за дресура.
Многу е темпераментен, и потребно му е многу движење и трчање за да си ја потроши енергијата.
Доберманот не е куче за секого, и неможе секој да го чува.
Потребна му е цврста рака и доследен водач.



 
L

Lu

Гостин
2) Ротвајлер - Rottwailer

- Ротвајлерот припаѓа на FCI 2 групата.
Матична земја на Ротвајлерот е Германија.

- Висината на мажјаците е 61 - 68 цм, а висината на женките е 56 - 63 цм.
Тежината на мажјаците е околу 50 - 55 килограми, а тежината на женките е околу 45 килограми.
Влакното е кратко.
Ротвајлерот го има само во црна боја со кафеави палежи.

- Ротвајлерот е одличен територијалец и чувар на домот.
Не е многу активен и не му е потребно многу движење, денот најчесто го поминува лежејќи, но секогаш будно ја следи околината и секогаш е спремен за акција.
Ротвајлерот е многу храбро куче.
Тоа е куче кое што е свесно за својата моќ и затоа никогаш не покажува страв.
Сака да биде алфа и да се наметнува, и поради тоа не се препорачува за почетници, потребен му е сопственик со цврст карактер.



 
L

Lu

Гостин
3) Американски Стафордски Териер
American Staffordshire Terrier
- Американскиот Стафордски Териер (кратенка - АСТ) припаѓа на FCI 3 групата.
Матична земја на АСТ е Америка.
- Висината на мажјаците е 46 - 48 цм, а висината на женките е 43 - 46 цм.
Тежината е пропорционална со висината, просечната тежина и на двата пола е околу 40 - 45 килограми.
Влакното е кратко.
АСТ го има во сите бои, но белата боја несмее да зафаќа повеќе од 80% од телото.
- АСТ е многу храбар и силен пес, неговата храброст е навистина на завидно ниво.
Остава впечаток на многу моќно куче поради неговото силно и мускулесто тело.
Со правилна социјализација ова куче ќе биде прекрасен миленик и одличен заштитник на фамилијата.
За чување на оваа раса е потребно поголемо искуство со кучињата бидејќи има цврст карактер и секогаш сака да биде алфа, па затоа оваа раса не се препорачува за почетници бидејќи на оваа раса и е потребен човек со цврст карактер кој што ќе може правилно да го насочува и воспитува кучето.
 
L

Lu

Гостин
4) Шарпланинец - Sharplaninec
- Шарпланинецот припаѓа на FCI 2 групата.
Матична земја на Шарпланинецот е Македонија.

- Висината на мажјаците е околу 65 цм, а висината на женките е околу 60 цм.
Тежината на мажјаците е околу 45 - 50 килограми, а тежината на женките е околу 40 - 45 килограми.
Влакното е долго.
Шарпланинецот го има во сите нијанси на сиво-жолтеникава боја.

- Шарпланинецот е пред се' овчарско куче и куче чувар.
Со фамилијата е секогаш пријателски расположен, а кон странците е оштар и со нив се однесува ладно и претпазливо.
Шарпланинецот е голем заштитник на фамилијата и домот, и не му треба посебна дресура за да биде чувар, на Шарпланинецот тоа му е вродено.



 
L

Lu

Гостин
5) Кавкаски овчар - Caucasian shepherd
- Кавкаскиот овчар (Кавкас) припаѓа на FCI 2 групата.
Матична земја на Кавкаскиот овчар е Русија.
- Висината на мажјаците е 72 - 75 цм, а висината на женките е 67 - 70 цм.
Тежината на мажјаците е околу 55 - 60 килограми, а тежината на женките е околу 45 - 50 килограми.
Влакното е долго.
Кавкаскиот овчар го има во сите бои и нијанси, освен целосно црна и црно-бела боја.
- Кавкаскиот овчар е многу сличен со Шарпланинецот, и физички и карактерно се многу слични.
Некои луѓе дури и неможат да ги разликуваат Кавкаскиот овчар и Шарпланинецот, но разликата е највоочлива во поставеноста на ушите и обликот на главата.
Кавкаскиот овчар има помали и повисоко поставени уши, заразлика од Шарпланинецот на кого му се поголеми и поспуштени ушите.
Кавкаскиот овчар има многу оштар карактер, неговиот карактер во некои моменти се граничи со агресивност, и затоа му е потребен сопственик со цврст карактер кој што ќе може правилно да го насочува и воспитува кучето.


 
L

Lu

Гостин
6) Мајоршка Преса - Presa Mallorquin
- Мајоршката Преса припаѓа на FCI 2 групата.
Матична земја на Мајоршката Преса е Шпанија.

- Висината на мажјаците е 56 - 58 цм, а висината на женките е 54 - 56 цм.
Тежината на мажјаците е околу 35 - 40 килограми, а тежината на женките е околу 30 - 35 килограми.
Влакното е кратко.
Мајоршката Преса ја има во сите бои и нијанси.

- Мајоршката Преса е прилично ретка раса на Балканот, а во Македонија има само 5 - 6 кучиња од оваа раса.
Ова куче се карактеризира со храброст и оштар карактер, многу се приврзува за фамилијата, а кон странците е недоверлив и претпазлив.
Мајоршката Преса е одличен чувар на домот и семејството, и веднаш реагира доколку сопственикот е во опасност.
Мајоршката Преса сака да се наметнува и да биде алфа, па затоа оваа раса не се препорачува за почетници.



 
L

Lu

Гостин
7) Златен Ретривер - Golden Retriever

- Златниот Ретривер припаѓа на FCI 8 групата.
Матична земја на Златниот Ретривер е Велика Британија.

- Висината на мажјаците е 56 - 61 цм, а висината на женките е 51 - 56 цм.
Тежината на мажјаците е околу 35 килограми, а тежината на женките е околу 30 килограми.
Влакното е долго.
Златниот Ретривер го има во бела и во сите нијанси на кремаста боја.

- Златниот Ретривер е куче со многу мек карактер, доколку сакате да имате куче чувар и заштитник на домот, Златниот Ретривер ќе ви биде погрешен избор бидејќи овие кучиња се премногу пријателски настроени кон странците.
Овие кучиња се идеални за почетници, бидејќи имаат многу мек карактер и не сакаат многу да се наметнуваат, оваа раса може секој да ја чува.

- Инаку постојат вкупно 6 видови на Ретривери, но во Македонија ги има само двата видови на Ретривери: Златниот Ретривер и Лабрадор Ретриверот.



 
L

Lu

Гостин
8) Лабрадор Ретривер - Labrador Retriever
- Лабрадор Ретриверот припаѓа на FCI 8 групата.
Матична земја на Лабрадор Ретриверот е Велика Британија.

- Висината на мажјаците е 56 - 58 цм, а висината на женките е 54 - 56 цм.
Тежината на мажјаците е околу 35 килограми, а тежината на женките е околу 30 килограми.
Влакното е кратко.
Лабрадор Ретриверот го има во 3 бои: Црна, Кремаста и Кафеава боја.

- Лабрадор Ретриверот го има истиот карактер како и Златниот Ретривер, но сепак Лабрадор Ретриверот е за нијанса потемпераментен од Златниот Ретривер.
Лабрадор Ретриверот е одлично семејно куче.

- Инаку постојат вкупно 6 видови на Ретривери, но во Македонија ги има само двата видови на Ретривери: Златниот Ретривер и Лабрадор Ретриверот.



 
L

Lu

Гостин
9) Пудла - Poodle
- Пудлата припаѓа на FCI 9 групата.
Матична земја на Пудлата е Франција.
- Пудлите можат да бидат во 4 големини и 5 бои.

- Постојат: Големи, Средни, Мали и Тој ( toy на англиски значи играчка ) Пудли.
- Висината на мажјаците и женките е иста:
Големи Пудли: 45 - 60 цм
Средни Пудли: 35 - 45 цм
Мали Пудли: 30 - 35 цм
Тој Пудли: 25 - 30 цм
- Влакното е долго.
- Пудлата ја има во 5 бои ( овие 5 бои ги има кај сите 4 големини на Пудлата): Црна, Бела, Сива, Априкот и Кафеава.​
- Пудлата е куче кое што се наоѓа на екстра високото второ место по интелигенција од сите можни раси на кучиња.
Премногу се интелигентни и паметни и затоа денес Големата Пудла се користи како водач на слепи лица.
Пудлите порано се користеле како ловџиски кучиња, или поточно Пудлите служеле за апортирање (враќање) на мртвите птици од барите и езерцата.
Пудлите иако во денешно време ретко се користат за лов, сепак во себе сеуште си го носат ловџискиот ген и сеуште се одлични ловџиски кучиња.
Во денешно време Пудлите пред се' се салонски кучиња и кучиња за придружба и рекреација.
Бидејќи влакното е долго треба редовно чешлање и четкање на влакното бидејќи ако не се чешла редовно ќе се затутка.
Во Македонија за жал нема нитуедна Голема Пудла, ги има само Средните, Малите и Тој Пудлите.
И за крај едно разјаснување на името на расата.
Името на расава е Пудла, а не Пудлица како што некои луѓе ја нарекуваат.
Инаку бидејќи потекнува од Франција некои луѓе ја викаат Француска Пудла, што не е некоја грешка бидејќи потекнува од Франција, но сепак правилното име кое што е заведено во FCI е само Пудла (без префиксот Француска).
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom