Штама
Еве реално да ги искоментираме некои спорни одлуки од денешниот дуел
Реално е дека почнавме добро денес, го отворивме мечот со целосна доминација и неколку во најмала рака солидни шанси за погодок, додека вие мудро чекавте на контра. Дуелот можеше да добие сосема подруг тек доколку Цуцули не беше помилуван од Мечкаровски.
Ако во претходниот дуел според вас воздушниот дуел на Хамбарџумијан бил за ВТОР ЖОЛТ, ако дуелот на Попов и Тодоровски бил за чист црвен, тогаш каков картон се дава кога последниот играч во одбраната го фаулира од позади последниот играч од нападот на противникот?
Почист црвен картон не можеше да биде...
Не викам дека ќе ве победевме, реално е дека имаме состави со израмнет квалитет и кога-тогаш веројатно ќе реализиравте некоја контра. Како одминуваше времето се повеќе и повеќе напаѓавме и искористивте едно невнимание на одбраната кое го реши мечот.
Во второ полувреме игра со рака во шеснаесетник на резултат 1-1. Одново и пенал и погодок од пеналот, веројатно ништо немаше да смени, ама овие два дуели и судењето од нив треба да ви ги затнат муцките дека некој го форсирал Вардар за да стане шампион.
Не викам дека судиите судат за Шкендија, знам дека многу пати и вас ве оштетиле на други натпревари, ама во ФФМ има судии кои стандардно судат за или против некоја екипа. На нас секогаш најлошо ни судат Скопјани. Стандардно, Ставрев е судија на Работнички, Мечкаровски е (беше) судија на Металург. Во наша корист во последно време суди Бартон
Судиите од другите градови пореално ни судат...