Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Досега порачкиве од алиекспрес ги подигав од пошта и си плаќав по 120 ден. Сега неколку порачки одеднаш стигнаа дома и поштарката ги изнафрлала во двор. Поштарина моштарина сега нема да се плаќа?
Нема. :)
 
? Па и досега немаше поштарина, не е ништо ново..
 
ако има некој искуство со нарачка на ЛЕД сијалици за домашно осветлување од Aliexpress нека сподели. конкретно ме интересира од кој произодител/трговец порачал и дали ватажата одговараат со лумените, бидејќи читав во фидбекот доста муштерии се незадоволни од јачината на светлината
 
Јас имам земано неколку пати. Подамна нарачував па гледам ги нема тие производи. Но како и да е гледај да земеш со SMD LED као жолти диоди коцкаести и во вид на пченка тие се подобри. Сега гледам им паднале цените па може да нарачам деновиве пак.

Инаку избегавај warm worm затоа што е жолто светлото. Мислам околи 5000 - 6000 келвина таман е.

Еве ти нешто поевтино а добро
http://www.aliexpress.com/item/1Pc-...x-18W-Corn-Bulbs-lamps-Energy/2040847224.html
 
Сакам да нарачам некоја торбица или тренерка на пример од Кина,тежина не поголема од кило,сеа сакам да ми стигне за неколку дена,ова со поштиве не знам како оди,кажете преку кого е најдобро,дхл,федекс,тнт колку би ме коштало вкупно,дали да отворам сметка кај нив и сл.
 
Ако сакаш хитно а евтино да поминеш најдобро е од тука да најдеш. Преку ДХЛ Федекс и сличните ќе те изгорат и ќе се каеш што си нарачал. Уште да не ти се погоди бројот...

Земи си таја бесплатната нивната пошта добронамерен совет.
 
Попрецизно кажано

Испраќач: Физичко лице - Примач: Физичко лице

Стока испратена од странство од физичко лице во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ, под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 45 ЕВРА во денарска противвредност, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци.
Ослободувањето не важи за пратки кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.
Испраќач: Фирма - Примач: Физичко или правно лице
Стока испратена од странство од правно лице (фирма) во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 22 ЕВРА во денарска противвредност, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци.
Доколку вредноста на стоката е од 22 до 45 евра, истата е ослободена од плаќање царински давачки, но подлежи на плаќање на ДДВ.
Стока чија вредност надминува вредност од 45 ЕВРА подлежи на плаќање и на увозни давачки и на ДДВ.
Ослободувањето не важи за пратки кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.

http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=365
Супер објаснето, ме интересира како да знаеме дали продавачот на другата страна е физичко лице или фирма? И како ќе бидам известен дека производот е стигнат и е на царина?
 
Луѓе има некој нарачувано до сеа делови за кола преку чудава или тешко?
 
Мамо мори,ми стигна Курето 8110 од ДХ за само 20 дена од Џеки Чен локација.Беше на 17 октоври ама сеа сме новембр раин овај 5 дувнато :cool:

IMG_20141105_191021.jpg
 
Мамо мори,ми стигна Курето 8110 од ДХ за само 20 дена од Џеки Чен локација.Беше на 17 октоври ама сеа сме новембр раин овај 5 дувнато :cool:

Прегледај го приврзокот 106194
Имам ист или сличен таков. Одлична зделка. Никогаш нема да купам саат поскап од 1000 денари
 
Кај треба да се обратам за нестигање на пратка од iHerb веќе 2 и кусур месеци? Во пошта бев ми рекоа нема ништо.
 
Кај треба да се обратам за нестигање на пратка од iHerb веќе 2 и кусур месеци? Во пошта бев ми рекоа нема ништо.

Имаш tracking нешто од пратката? Преку која пошта ти е испратена пратката (DHL, UPS, China) затоа што:

Refunds are not available if you choose International Airmail as a shipping method and your order is lost. Also, refunds will not be issued until the returned packages are physically in our warehouse.
 
Вака испратена е со International Airmaill na 28-8-2014. За тракинг број ипишува 24507028-0 но тоа е изгледа број на пратка и е без тракинг претпоставувам. Бев во пошта да направам потерница и не ми го признаваат тој број и ми бараат некој друг WTF. Го контактирав customer service-от на iherb ми рекоа дека гарант порачката го има нашуштено нивното складиште и дека веројатно е на нашата царина/пошта "заглавена". Одбија да ми платат рефанд зошто не е по договорот. Им пишав мејл на нашата царина зошто не сум известен дали ќе ја царинат или што се случило со пратката никој ништо не ми одговори. Претходно сите пратки од iherb ми имаат уредно стигнато
 
Вака испратена е со International Airmaill na 28-8-2014. За тракинг број ипишува 24507028-0 но тоа е изгледа број на пратка и е без тракинг претпоставувам. Бев во пошта да направам потерница и не ми го признаваат тој број и ми бараат некој друг WTF. Го контактирав customer service-от на iherb ми рекоа дека гарант порачката го има нашуштено нивното складиште и дека веројатно е на нашата царина/пошта "заглавена". Одбија да ми платат рефанд зошто не е по договорот. Им пишав мејл на нашата царина зошто не сум известен дали ќе ја царинат или што се случило со пратката никој ништо не ми одговори.

24507028-0 е само контролниот број што они као ја имаат заверено пратката. Во пошта не ти направиле потерница затоа што пратката не е регистрирана т. е. препорачана. iherb се извадил на добро познат начин кај нас е се ок кај вас е проблемот. Навеле они дека ако е преку international airmail не вракат пари, а ако ти беше во царина де сега не писмо и дома ќе ти се нацртаа да те известат само пари да ти земат. Сигурно негде има залутано или некој си ја има собрано зависи што си порачал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom