Куба

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.654
Поени од реакции
6.109
sve so napravile kulturnite francuzi e se smeele i jadele gomna dur do germanija? ti niv gi branis? dosol im se posral i si otisol bez vlakno da mu fali?
Ектчуали, си заминал со повредено его, а тоа е она што најмногу го болело. Тој мислел дека ќе им покажи адет на серење на кој богатите јапонци се исклучиво горди, да те чуваат дур се сериш. Французите многу добро знаеле што прават. Тој бил екстремно засрамен и разочаран од себе и адетите на својата земја. Тоа се познава и по стилот на пишување, никогаш не се осеќал понижено како тогаш во тој момент. Тоа било воедно форма на цивилизациски bulling. А французите in their prime, го реметеле светот далеку повеќе од тоа што денес го прави Америка. Посебно кога ќе го туриш фактот колку многу се опседнувале со поимот цивилизација, далеку повеќе од САД. Од Лисабон до Виена сите кралеви имале палати со француски градини. Која Виена бе - Русија ги копирала и нејзините во Петербург граделе палати кои очајно се обидувале да ги надмашат тие на Франција. Цел ебан континент бил под Француска доминација, а богами и солидни делови од светот.
Зошто постапиле Французите така со кутриот патеписец? Па види, можда осеќале дека типот нема добри намери, или знаеле дека не ги опишува во најдобро светло. Како што ги третираш, така ќе те третираат. Златно правило. Не очекувај поинаку.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.526
Поени од реакции
5.559
А французите in their prime, го реметеле светот далеку повеќе од тоа што денес го прави Америка.
Да не забегуваме со историја, мислам дека многу цивилизации го реметеле светот до сега повеќе од Америте, но од друга страна никој можеби не го реметел како Америте што го реметат светот сега.

Сите освојувале, борби гради во гради, мерење муда и слично. Америте сега го реметат "пософистицирано". Од внатре, како канцер.
На сите им е јасно дека кога ќе ја "ослободат" куба највеќе ќе патат кубанците, обичната раја.


Од друга страна доста паметно, особено после Виетнам. Боље со пари и "моќ" (читај Нато) да "освојуваат". Поисплатливо е, а и после пораз срамот е помал.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
469
Поени од реакции
876
Најде со кој да се докажуваш. Со денешните средства за работа еден работник да работи со 60-70% е сосема доволно да биде во плус и он и целиот колектив. Значи 5 да работат за 3 ца е пуна капа. Средства, машинерија и програми колку ти душа сака, лесно се постигнува 100%.
Куба е гушена 60 години и уште е жива, а противник и е најмоќната економија, кои наскоро ќе бидат поголеми комунисти од сите комунисти заедно.
Не е до декларирањето на општеството, до фактичките дела е.
Класични работници на машини одамна ги има се помалку, денес работите се пософистицирани, поинтелектуални. И не се постигнува се да се заврши.
Пример еве да земеме образование. Еден добар учител по математика треба да седне со учениците и да решава задачи. Колку повеќе задачи ќе решат подобри резултати ќе постигнат повеќе ќе се издигнат децата во академското скалило. Количински гледано потенцијалот на работни саати е бесконечен.
Друг пример: Професори во академски установи, не зборуваме за во македонските, во солидни. Истражувања безброј. Може по 50 саати на ден да работаат. Кој повеќе истражува, повеќе ќе открие и ќе е пред другите.
Трет пример посекојдневен е медицината: лекар или еве забар има практично бесконечен фонд на работа, работата ама баш никогаш не секнува. Не само што не секнува него и се чека во редици. По 50 саати на ден да работиш во таа струка пак ќе имаш редица луѓе што чекаат.
Ако се тера комунизам во горните примери ништо нема никој да заврши и да направи.
Е сеа да се навратиме на Куба и на муабетот за социјализам и комунизам.
Значи во комунизам овие што треба или што можат да сработат повеќе пошо немаат награда нема да направат повеќе, него ќе пијат кафе. А во денешно време профисиите во кои треба да се работи многи се побројни него во минатото баш ради софистицираност и баш ради машините кои ни овозможуваат да работиме повеќе.
Ако ти не ги наградиш да работат повеќе ти се дешава Куба, Југославија и слично кај шо пример професионалци наместо да работат по 12 саати и да произведуваат огромно богатство секој ден ефективно они пијат кафе.
Комунизмот во 21 баш ради оваа причина е погубна идеологија. Може одмор и помалку работа и солидарност во времето кога се работело претежно на машина носеле успех и благосостојба, но денес кога се повеќе се оди во високотехнолошки гранки кај што е битно некој да работи зо мозок повеќе него со мускули победуваат оние што работат повеќе сааати со мозокот. За разлика од мускулите мозокот не се уморива и треба што повеќе да се оптерети со работа.

ps. малку офтопик. Јас еден ден да сум премиер. на цела држава кој сака особено на оние што се нвработени би им плати школовање да завршат за забари и би отворил огромна државна фирма за поправање заби на западњаци со авиони што ти ги носат. Плата по процент од завршена работа. Па тоа е рудник за злато. Кубанците пример како комунизам и централно планирање плус и имаат имиџ би можеле тоа да го направат да сакаат ама изгледа комунизмот ги има јако зафатено па не им се мисли на иновации.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Збориш за здравство! За Куба? Кој прати екипи при првиот бран во Италија? Капиталистите? Каде народот оди за лечење рак? Во капитализмот?
Околу бесконечно работење, отвори друга тема, нема врска тоа комунизам капитализам.
ПС
Примерите ти вриштат.:toe: Споредуваш здравство и образование очигледно имајќи ја Југа за репер, покриј се со ушите. Збориш на памет, извини, ама благе везе немаш.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.372
Поени од реакции
36.285
Сето тоа е резултат на ембаргото што овие што сакаат да ги ослободат им го спроведуваат! Едно не ми е јасно, чекаат да умрат или да ги викнат да ги ослободат? И овде некои шарени ми продаваат демократија :facepalm:
Автоматски споено мислење:


Во Југа беше друг проблем, имаше повремени недостатоци на основни производи, ама не секаде се’ да нема! Рецимо прашок нема, ама во Штип и Кочани, во Скопје има! Кафе нема, ама во Ресен и Битола има. Ред за леб беше за полубел, кој беше 30% од цената на белиот, инаку бел имаше цел ден! Млеко исто, она пресното во најлончиња кое беше со заштитена цена го снемуваше во 6.00, другото си стоеше со денови во фрижидерот. Фингирана сиромаштија за да се направи атмосфера на незадоволство и растурање на државата, во што и се успеа. Парадокс е кога успееја да направат поделба и распадот беше договорен, СФРЈ пливаше во изобилство на сите производи!
Чекање ред за да купиш поефтин леб не е фингирана сиромаштија, тоа е прилично кристално јасна сиромаштија :D
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Чекање ред за да купиш поефтин леб не е фингирана сиромаштија, тоа е прилично кристално јасна сиромаштија :D
Па не би рекол! Муабетот е за Св. Николе, таму бев тој период, каде секој од тие што чекаа ред, покрај државна работа имаа трактори и приклучна механизација! Сигурен си дека не можеа да си дозволат бел леб?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.280
Поени од реакции
18.106
Куба имаше сериозен удар по економијата заради пандемијата. Сега ги погоди ураганот.

Неофицијално Кубанските власти побарале помош од САД за справување со последиците од Ураганот. Првенствено бараат медицинска опрема за болниците и пумпи за вода.

Да видиме како ќе се постават американците ...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.280
Поени од реакции
18.106
Цел месец му требаше на американците за да одлучат и ќе му прателе 2 милиони долари во помош. Пффффффф, се шинале.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom