Кружен форум: Дали постои Бог?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Пред половина година организиравме јавна дебата во живо по ова прашање, а сега организираме кружен форум на истото прашање.

Повелете на овој кружен форум каде што ќе имате можност да слушнете различни гледишта, ставови и аргументи, а исто така ќе имате и можност да го кажете и аргументирате вашиот став по ова прашање.

ВРЕМЕ: Четврток, 18 Ноември, 20:00 часот.
МЕСТО: Канцеларија на студентско христијанско движење „Секој Студент“ (види мапа подоле)
ОРГАНИЗАТОР: Секој Студент

ПУБЛИКА:
Секој е добредојден се додека има место во публиката. Затоа дојдете на време и зафатете си столче за седење.

УЧЕСНИЦИ:
10 теисти и 10 атеисти на кружниот форум, со можност за мали промени. Пријавување кај мене по лична порака. Предност имаат студентите.
Дисксуијата ќе ја модерира непристрасен модератор согласно правилата на форумот.

ПРАВИЛА:
- Модераторот го има крајниот збор.
- Публиката е пасивен слушател и нема право да дофрлува се додека трае официјалното време на форумот.
- Секој учесник на форумот ќе има 5 картончиња со своето име запишано на нив: 1 црвено, 2 жолти и 2 зелени.
Со подигање на картончето, учесникот се пријавува за коментирање од:
Црвено: 2 минути
Жолто: 1 мунита
Зелено: 30 секунди
(Вкупно време за дисксуија: 5мин по учесник)

Картончето ќе биде земено и доставено до модераторот каде што ќе чека на ред додека не завршат со коментирање предходно пријавените учесници.

Ќе биде интересно, ќе биде поучно, ќе биде несекојдневно.
Се гледаме во четврток, во 20:00 часот, во канцеларијата на студентското христијанско движење „Секој Студент“.

За сите што не знаат каде е канцеларијата на „Секој Студент“ еве мапа:


Facebook event: http://www.facebook.com/event.php?eid=167645716589502
Поздрав и се гледаме со тие што ќе дојдете во четврток.

--- надополнето ---

 
T

Tetro

Гостин
Зошто името на организацијата е "Секој Студент"?
Порано се имам сретнато со спам од некои активисти најверојатно, имаше и вебсајт sekojstudent.com мислам беше :confused: бев, пошто мислев дека се работи за некои информации за студенти, а испадна сосема друго, кое личи на секта. :toe:
Извинете ако напињам, ама мислам дека прашањето е на место.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
^
Баш така. Јас со цел памет дури и број оставив па ме бараа за средба...

Делува интересно смислено. Предходната средба не присуствував, па се надевам дека за оваа ќе имам време да дојдам :smir:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто името на организацијата е "Секој Студент"?
Порано се имам сретнато со спам од некои активисти најверојатно, имаше и вебсајт sekojstudent.com мислам беше :confused: бев, пошто мислев дека се работи за некои информации за студенти, а испадна сосема друго, кое личи на секта. :toe:
Извинете ако напињам, ама мислам дека прашањето е на место.
Дали нешто "личи" на секта или не, тоа е крајно субјективно мислење. Секој студент е светско движење на студенти од повеќе христијански деноминации (претежно протестантски, но има и католици и тук таму по некој православен). Секој студент им служи на студентите за нивен развој првенствено на духовно поле, а потоа и на интелектуално, социјално и емотивно поле. По таа повод организира разни семинари, дискусии, трибини, дебати, студентски викенди, летни проекти, нуди бесплатно користење на својата библиотека, нуди менторство на студентите во своето студирање. Сето ова го прави јавно, непрофитабилно и подржано од Библијата.
Доколку имате дополнителни конкретни прашања, слободно прашајте.

--- надополнето ---

^
Баш така. Јас со цел памет дури и број оставив па ме бараа за средба...

Делува интересно смислено. Предходната средба не присуствував, па се надевам дека за оваа ќе имам време да дојдам :smir:
Супер ако дојдеш. Ќе дојдат и други форумџии, така што ова ќе биде добра прилика да се запознаеме, а и така сите јавно да подискутираме. Ако не ти се дискутира ќе можеш да бидеш пасивен слушател во публиката. Но јас би те охрабрил да дискутираш. Еве уште сега можам да ти резервирам едно место.
Поздрав!
 
T

Tetro

Гостин
1. Секој студент* им служи на студентите за нивен развој првенствено на духовно поле**, а потоа и на интелектуално, социјално и емотивно поле. По таа повод организира разни семинари, дискусии, трибини, дебати, студентски викенди, летни проекти, нуди бесплатно*** користење на својата библиотека, нуди менторство**** на студентите во своето студирање. Сето ова го прави јавно, непрофитабилно и подржано од Библијата.
Нешто слично на тоа што го напиша одржуваат секташите од Хабардовиот центар за Дијанетика и Скиентологија*...
Стрес тестови** и слични срања,
бесплатно е***, а после ги убедуваат сите да купуваат книги од 500 денари па нагоре, дека ќе им помогнела книгата за да се справат со "пречките" измислени
И тие нудат менторство****. Читав изјава некаде по нетов од некој студент, секоја недела му правеле интервју, распоредот на предавање му го знаеле, му се јавувале секое сабајле за да не задоцни на факултет, па после тоа, како му поминал денот,.... СРАЊЕ!!!

Некој да ме гњави и да ме следи и да ме демне секој ден? Не, фала... Чувајте се како знаете и умеете.
Подрувајте си ја Библијата, која ја браните како најсветото нешто, а истата има којзнае колку различни преводи на едната единствена Земја, на истата Земја каде приврзаниците во раното Христијанство како секта ги беселе и убивале (Колумбо е пример) сите оние кои имаат поголеми откритија кои не можеле да ги сватат верниците.

Фала, и секое добро.
 
Ч

Чај

Гостин
Зошто мислам дека е Религиска претстава, каде тие атеистите ќе се обидуваат да докажат дека бог не постои аовие со повеќе информации ќе ги “затрупаат“ од библијата и ќе испадне дека постои?:)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Кога е више кружна масата, може и едно покерче да свртите. :vozbud:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Зошто мислам дека е Религиска претстава, каде тие атеистите ќе се обидуваат да докажат дека бог не постои аовие со повеќе информации ќе ги “затрупаат“ од библијата и ќе испадне дека постои?:)
Како да дебатираш со вакви луѓе:
Дека Адам и Ева се првите создадени и неродени луѓе, имаме библиски запишан доказ и сведоштво. Дека човекот настанал од мајмун (пардон, не од мајмун, туку од „нешто„ кое претходело на човековиот род...) за таков настан, немаме никаков историски запис, разбираш...

Што е овде појако: пишаниот запис или мисловната шпекулација?
http://forum.kajgana.com/showthread.php?30360-%D0%9A%D1%80%D0%B5%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D0%BE%D0%BB%D1%83%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC&p=3895804&viewfull=1#post3895804
Доказ им е пишаниот текст, научните модели им се "мисловна шпекулација" и очекуваат историски запис како доказ за еволуцијата! Сигурно нешто од типот: "Ние диносаурусите се собравме да посведочиме дека денеска во 12:00 не тресна астероид"!:toe:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто мислам дека е Религиска претстава, каде тие атеистите ќе се обидуваат да докажат дека бог не постои аовие со повеќе информации ќе ги “затрупаат“ од библијата и ќе испадне дека постои?:)
Последниот пат кога дебатирав на оваа тема, можеби нема да ти се верува, но воопшто не ја ни спомнав Библијата во моите аргументирања за Божјото постоење. Искрнео, на таа дебата атеистите 15-20тина пати ја спомнаа Библијата иако таа беше надвор од топикот на темата за дискусија. Колку иронично зарем не? :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ако побаранм на таа тркалезна маса да бог изведен некое чудо, на пример да претвори водата во вино или со еден хамбургер да ги најадиме сите присутни на настанот.... или да ни се спуштат пламени јазици и барем 15 минути сите да зборуваме на странски непознати јазици... дали застапниците на бога, неговите верници ќе успеат да го измолат господ со молитви да даде некој таков знак? Дали ќе се случи некое чудо од страна на следбениците на Бог?
Повели дојди и побарај. Можеби со ова барање ќе ги оставиш зинати устите на теистите, а можеби ќе добиеш и некоја реплика. Све бива. Човек треба да е спремен на се.
Не би сакал тука да ја започнуваме дебатата, затоа што слични дебати се водат и на другите теми. Оваа тема има за цел да ве информира за настанот и да одговори на техничките прашања околу дебата, па дури и ете ако имате и прашања за организаторот „Секој Студент“. Јас го познавам многу добро ова студентско-христијанско движење од прва рака и можам да ви одговорам на прашањата околу тоа.
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134
so bidna so debatata? se sluci ili......? bas me interesira.....kazuvajte po nekoi detali ako mozite :D
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
филозофија е бесконечна, така да вакви филозофски теми се бесконечни. Али интересно е нели.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Зошто мислам дека е Религиска претстава, каде тие атеистите ќе се обидуваат да докажат дека бог не постои аовие со повеќе информации ќе ги “затрупаат“ од библијата и ќе испадне дека постои?:)
Така било предходниот пат :pos:
Атеистите на темата немаат никаква потреба да го бранат својот став. Бидејќи нивниот став е точен, се додека верниците не го побијат.
А ако верниците успеат да докажат дека Бог постои (не да ми кажуваат теории и прикаски дека "нема кој друг да е", туку Стварно да докажат) тогаш ја стварно симињам капа и стануем "верник".
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom