Дали и колку време посветувате време на ова хоби. Како помал со дедо ми редовно решавав по неколку на ден. Сега се нема време, но ако најдам некое Сканди списание решавам чат-пат.
Во последно време малку решавам. Последен пат кај девојка ми дома заедно решававме.
Кога бев помал многу решавав. Дури бев и на квалификации за ТВ Крстозбор, ама не поминав баш најсјајно.
Па решавам во екстремно досадни ситуации, ама ме нервираат некои асоцијации, како на пример : Река во Тонгузија, средното име на принцот од Нова Гвинеја, бојата на плочките во кенефот на некоја што нема ни а од актерка и така.
Инаку со ова крстозбориве во последно време усрамувам професорки. На враќање од екскурзија, решавав и гледам асоцијација : Средна линија во триаголник. Не знаеше професорката, па после самото излезе
Некогаш сум преопседната со крстозбори, знам да решавам, да се заборавам од решавање, некогаш пак со месеци не отварам да решам некој. Добра занимација се кога е ултра -мега досадно дефинитивно. Некогаш се и добра дистракција за да не мислиш на нешто на кое не сакаш да мислиш.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.