Еден убиен во пукање во Топанско поле среде бел ден
01.09.2021 15:32
Во 9 часот изутрина на пешачка уличка која излегува на булеварот „Мкедонско-Косовска бригада“ скопајнецот Ејуп Бислими минувал сам. Од зад грб му се доближил напаѓачот и во него испукал неколку куршуми. Тетеравејќи се Бислими не успеал да стаса до бензиската во близина и починал на зеленилото на...
telma.com.mk
"Во 9 часот изутрина на пешачка уличка која излегува на булеварот „Мкедонско-Косовска бригада“ скопајнецот Ејуп Бислими минувал сам. Од зад грб му се доближил напаѓачот и во него испукал неколку куршуми. Тетеравејќи се Бислими не успеал да стаса до бензиската во близина и починал на зеленилото на булеварот. Вработените во околните деловни објекти пријавиле пукање и жртва која лежи, но не виделе напаѓач кој бега. МВР ја констатираше смртта на Бислими, ги најде чаурите од испуканите куршуми, но се уште трага по убиецот и по мотивите зад убиството во сред бел ден."
Телма најдетално го опишаа случајот, иначе убиениот Ејуп Бислими неодамна си имал проблеми со Орхан Бајрами Оки, провокации фрчеле и јавно па конфликтот ескалирал вака, со убиство што остава порака.