Началникот Славко и неговата багра
Ви пишувам од Битола. Не пишувам од инает или против Сдсм, пишувам заради моите деца, заради моите сограѓани против криминалците и нивните подржувачи. Не е лошо и цела Македонија да дознае кои луѓе ни го раководат и ни го чуваат градот. А ги има толку добри и почитувани. Но тие никако да дојдат на површина. Зошто сите се прашуваме?
Сегашниот началник Славко Јовановски е по потекло од с.Љубојно , Ресен, еден од блиските роднини на познатиот Борјан Јовановски и неговиот лустриран кодош, татко. За време на претходната власт на Сдсм истиот после неколку месеци на власт како Началник беше сменет од Началник баш од тие совесни и поштени структури во Сдсм кои увидоа како во рекорден период на хероин се навлечија еден куп битолчани и тоа по многу ефтина цена, се зборува дека околу 20 кг. хероин во тој период е распространет со помош на неговиот другар Горан викан Кипро. Битолчани доста често ги забележувавме заедно по битолските локални кафулина, но откога се сменаа работите и Славко стана Началник на Свр Битола, тоа повеќе не е така јавно, туку е скришно. Зошто е тоа така оставаме на сите вас да се замислите?
Кипро заедно со неговата мрежа во кои беа познати битолски наркодилери за многу кратко време успеаја да се вбризга и да се извози цел 20 кг. хероин низ градот. Началникот на поклон добива едно возило од познат локален прилепски наркодилер кое го осигурува и го пали со цел да добие пари од осигурување а и да ги затскрие трагите. Увидувајќи ги сите овие настани и моменти поштеното крило на Сдсм го разрешува и на негово место ставаат вистински професионалци. Но жалосно Битола ги доби хероинџиите кои и ден денес ги носи на врат. За мала сума децата се навлечени и растргнати, сосе нивната младост и комплетно уништени фамилии. А на дилерите и ден денес му останаа сигурни конзументи.
Општо е познато дека криминалец во никој случај не би функционирал доколку не е поврзан и бранет од полицаец. Во овој случај помошта се добива од десната рака на Началникот и тоа фамозниот инспектор Вангел Бошковски. Осмооделенскиот полицаец дојден од единицата Лавови успева во рекордно време да дојде и до Диплома за Средно образование и Диплома за Високо образование како и до висок чин во битолската полиција од самостоен инспектор и тоа се во времето кога на власт беше Вмро Дпмне. Беше дел од Одделот за следење и прикриени операции, докажан таен агент од одделението за организиран криминал на тогашниот раководител Митко Чавков. Беше најголемиот војвода, ги вреѓаше сите свои постари колеги како комуњари, се докажуваше дека е најголем работник и најголем вмроец се до паѓањето на негов братучед Ч.В.(1966) викан Чајнико во полициска акција каде се запленети 10 кг. хероин кои требаа да стигнат во Битола.
Македонската полиција вчера пресече меѓународен канал за криумчарење дрога, при што се запленети 10 килограми и 125 грама хероин.
time.mk
Е од тогаш му падна маската, сите високи старешини одлучија да се отргнат од него и да го стават во еден ќош, каде би престанал со злоупотреба на службата, каде и беше се до доаѓањето на новиот Сдсм началник. Во групата која беше уапсена со 10 кг. хероин и во која беше неговиот братучет имаше и двајца браќа, албанци кои живеат во нас. Довлеџик од Битола. Тие двајца беа најголемите дилери на хероин и кокаин во Битола кои со амин на инспекторите на Свр Битола слободно си ја продаваа дрогата, и нормално си ја кодошеа конкуренцијата, така да оваа страна нормално имаше и доста реализирани кривични дела, фатени и наместени дилери. За тоа време Вангел отплати една убава и нова Цитроен Ц 3-ка комплет со каско во вредност од околу 16.000€, нова веспа, убав и лагоден живот со нова гардероба, ексклузивни ручеци по кафани, ловни пушки и што уште не а ние не знаеме...
Зошто Началникот Славко и покрај тоа што воопшто не се мирисаа го зеде Вангел како своја десна рака?
Ние веќе гледаме зошто и ни е јасно бидејќи веке втора година не е фатен ниту еден грам дрога во Битола за што сега е лесно да се провери и се е достапно преку полицискиот билтен.
Истата и јавно се продава од нивни соработник лице кое Вангел го уапси во бар Перон со неколку грама кока, за веднаш потоа да продава заедно со синот на Вангел, Леонардо , на јавни места, по кафе барови и ноќни клубови, а најповеќе во Ноќен Клуб Император. Вистинска печатница за пари. Златниот триаголник Славко-Кипро-Вангел мора да функционира, затоа секој што ќе се попречи лошо ќе го снајди.
Но функцијата ако не се искористи до крај се друго џабе би било. Дел од колачот си зеде и уште еден другар на Началникот лицето Живко Аспров кој подолго време беше трезорист во позната битолска банка. Тој успеа баш во неговото време да ја олесни банката за илјадници евра и да ја добие ветената помош од неквалитетен увид или замачкување на целата работа. И онака парите се осигурани. Од таму од страна на Хари Костов е избркан заедно со неколку други учесници во организиран синџир на лихва заради што нема и повторно се заташкува истрагата. Сега истиот пропаѓа, користи дрога и продава превземено от Душко млекарот