Едно време мислев дека немаме добри текстописци, дека секоја песна е од рангот на Кире Костов и Огнен Неделковски чиј талент е адекватен за 90те, но не и за сега. Потоа мислев дека станува збор за лош аранжман на музиката, што до некаде и те како ми е точна претпоставката. Имаше периоди кога мислев дека македонскиот јазик не е певлив - односно дека не може да се направат песни кои ќе бидат лесно певливи. Но, ми текна на она што го имаме како антологија и си реков дека не сум во право.
Кога, после некое време ми светна нешто кое одамна требаше да ми стане јасно. Немаме пејачи а не луѓе кои ќе застанат зад нив да им помогнат да направат квалитетна музика. Пример, во последно време по сценава шета Слаткарот чија музика колку и да се трудам, едноставно не можам да ја разберам (не е дека не слушам рап, па не ми е јасна музиката)... Дечкото можеби е талентиран за креирање музика, меѓутоа текстопицес треба да му е последното нешто со кое би се занимавал во животот.
По него... У пичку матер, не ми текнува друг пејач кој моментално се наоѓа на нашиов пазар. Ама ајде, си имаме една Елена Ристе(в)ска, која додека не отиде на Евровизија ветуваше многу. Отиде девојката, фати најдобар пласман за Македонија и стана стручно жири на сите манифестации. Музиката, кој ја тииит. Имавме едно време и Ламбе на сценава. Ама, се бе некако изгорен од љубовта овој. Се некои тешки маки големи - нерешливи... Талент една шака дечково, ама и тоа му го униптија.
Ете ти едно време Лозано на сценава се појави. Испеа 5-6 песни, ама сиротиот на скоро цела публика одбивен ибеше, дека вообразен бил па отиде јабана.
Ви текнува па на оние дечкине Нешто што ќе остане шо ја пееа на Евровизија? Баш како и што се очекуваше - 1 година се врткаа по манифестации, вадеа спотови и тадаааам, ги нема.
Трчкаа наваму - натаму и се нарекуваа естрадни уметници едно време и Тамара Тодевска па и Врчак па. Многу ми е мило што одлучија да не се ескопнираат многу по медиумиве. Не се за на сцена. Мислам, секоја чест на Тодевска за тоа како успеа да си го стегне телото, риба и пол е станата, ама...
Ќе ми рече некој Калиопи сме ја имале. Вредела со гласот. Имала прекрасни песни. Е баш тука е моментот, ИМАЛА... Сега е влезена во некој си филм дека е македонска дива и дека сè што треба она да прави е да дреме и да ги критикува младите и нивното однесување. Небаре, музички психолог стана наеднаш.
Се појавија и оние музичкине шоуа, цел свет шо ги практикува и од кои вади таленти. Кај нас, и на едното и на другото ако имаш пријатели во Вип, Ти Мобајл и Уан, гајле немаш и тераш до финале. Не е битен глас, не е битна енергија... Значи, битни се пријателите...
Победи кој победи, сеа им треба цела година време и енергија да соберат за една песна да презентираат пред публиката. Тоа ги мрзело продуцентиве да праат песни, па на крај у последен момент ќе им даат албум шо им е ветен со по 10-11 песни од кои ни 3 не вредат за да се вратат на радио или да станат хит.
Каролина па, девојката си напрај концерт за последнот албум на кој имаше неколку добри песни и толку. Батали музика, сеа ќе си земе некој 20 годишен одмор до следниот албум, таман да ослаби уште малце, публиката уште толку да ја заборави а и да си поднаучи како да ги мрда рацете на сцена додека игра нели... -.-
All in all, го немаме сè уште она кај нас со кое ќе можеме да направиме една солидна музичка сцена. Нешто кое ќе не прослави подалеку од границите на нашата земја.
Чест на исклучоци од типот на Дани, Фолтин и останати уметници кои опстојуваат повеќе на страна одошто овде. Можеби јасно им е дека кај нас публиката умира по Стакларот и оние слични на него и заборава на тоа што е вистинска музичка уметност, па не сакаат да седат овде и да пропаѓаат.
А знаеме да им се изнасмееме на србите за префорсираниот силиконски турбо - фолк. Колку - толку, барем имаат нешто што е нивна лична продукција и им ја крева цела нација на нозе.
Имаме музичка иднина, само не е светла.