Криза во македонската музичка сцена?

Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Нема сцена..бидејќи многу талентирани музичари не можат да дојдат до израз, заради монополот кој го држат План Б продукција и Република.. Те уценуваат да мораш да платиш 3 - 5000 евра за песна,со спот и промоција на ТВ и радио - - - у превод колку платиш толку време ќе бидеш прво место на "топ листите".. А песната мора да е нивна бидејќи не им се исплаќа ти да им дојдеш со снимена твоја песна, макар и да е квалитетна.Многу музичари се луѓе кои немаат толкаво конто на банка и едноставно се откажуват..а највеќе се откажуваат поради македонскиов менталитет ( еј не ги бива,еј кои се овие?, сигурно краделе, мамини татини синови/ќерки..) Али ипак парите се најголемиот проблем.. и затоа музичка кариера(естрадна) е денес привилегија само на оние со длабок џеб. 3 спота и песни - 10-15 000 евра, а кај ти е албум, менаџер (кој несебично ќе те краде и цеди) облека, кола (зошто нели рокерите и металците биле клошари,а оние што изгледаат пристојно или официјално се позери или фејкери - - - again македонштина). И ај сега да ве прашам - дали проблемот е толку во ајкулите од продукциите и издавачките куќи, или во нас- верната македонска "добронамерно" критички настроена публика?
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Ние немаме сцена, за да има криза...Има 3-4 какви-такви пејачи.
Од македонската поп-сцена најголем потенцијал,според мене,има Елена Ристеска.Само не се труди многу.Еве колку време нема издадено цеде.
Другите си замислуваат дека се пејачи.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Едно време мислев дека немаме добри текстописци, дека секоја песна е од рангот на Кире Костов и Огнен Неделковски чиј талент е адекватен за 90те, но не и за сега. Потоа мислев дека станува збор за лош аранжман на музиката, што до некаде и те како ми е точна претпоставката. Имаше периоди кога мислев дека македонскиот јазик не е певлив - односно дека не може да се направат песни кои ќе бидат лесно певливи. Но, ми текна на она што го имаме како антологија и си реков дека не сум во право.

Кога, после некое време ми светна нешто кое одамна требаше да ми стане јасно. Немаме пејачи а не луѓе кои ќе застанат зад нив да им помогнат да направат квалитетна музика. Пример, во последно време по сценава шета Слаткарот чија музика колку и да се трудам, едноставно не можам да ја разберам (не е дека не слушам рап, па не ми е јасна музиката)... Дечкото можеби е талентиран за креирање музика, меѓутоа текстопицес треба да му е последното нешто со кое би се занимавал во животот.
По него... У пичку матер, не ми текнува друг пејач кој моментално се наоѓа на нашиов пазар. Ама ајде, си имаме една Елена Ристе(в)ска, која додека не отиде на Евровизија ветуваше многу. Отиде девојката, фати најдобар пласман за Македонија и стана стручно жири на сите манифестации. Музиката, кој ја тииит. Имавме едно време и Ламбе на сценава. Ама, се бе некако изгорен од љубовта овој. Се некои тешки маки големи - нерешливи... Талент една шака дечково, ама и тоа му го униптија.
Ете ти едно време Лозано на сценава се појави. Испеа 5-6 песни, ама сиротиот на скоро цела публика одбивен ибеше, дека вообразен бил па отиде јабана.
Ви текнува па на оние дечкине Нешто што ќе остане шо ја пееа на Евровизија? Баш како и што се очекуваше - 1 година се врткаа по манифестации, вадеа спотови и тадаааам, ги нема.
Трчкаа наваму - натаму и се нарекуваа естрадни уметници едно време и Тамара Тодевска па и Врчак па. Многу ми е мило што одлучија да не се ескопнираат многу по медиумиве. Не се за на сцена. Мислам, секоја чест на Тодевска за тоа како успеа да си го стегне телото, риба и пол е станата, ама...
Ќе ми рече некој Калиопи сме ја имале. Вредела со гласот. Имала прекрасни песни. Е баш тука е моментот, ИМАЛА... Сега е влезена во некој си филм дека е македонска дива и дека сè што треба она да прави е да дреме и да ги критикува младите и нивното однесување. Небаре, музички психолог стана наеднаш.
Се појавија и оние музичкине шоуа, цел свет шо ги практикува и од кои вади таленти. Кај нас, и на едното и на другото ако имаш пријатели во Вип, Ти Мобајл и Уан, гајле немаш и тераш до финале. Не е битен глас, не е битна енергија... Значи, битни се пријателите...
Победи кој победи, сеа им треба цела година време и енергија да соберат за една песна да презентираат пред публиката. Тоа ги мрзело продуцентиве да праат песни, па на крај у последен момент ќе им даат албум шо им е ветен со по 10-11 песни од кои ни 3 не вредат за да се вратат на радио или да станат хит.
Каролина па, девојката си напрај концерт за последнот албум на кој имаше неколку добри песни и толку. Батали музика, сеа ќе си земе некој 20 годишен одмор до следниот албум, таман да ослаби уште малце, публиката уште толку да ја заборави а и да си поднаучи како да ги мрда рацете на сцена додека игра нели... -.-
All in all, го немаме сè уште она кај нас со кое ќе можеме да направиме една солидна музичка сцена. Нешто кое ќе не прослави подалеку од границите на нашата земја.

Чест на исклучоци од типот на Дани, Фолтин и останати уметници кои опстојуваат повеќе на страна одошто овде. Можеби јасно им е дека кај нас публиката умира по Стакларот и оние слични на него и заборава на тоа што е вистинска музичка уметност, па не сакаат да седат овде и да пропаѓаат.
А знаеме да им се изнасмееме на србите за префорсираниот силиконски турбо - фолк. Колку - толку, барем имаат нешто што е нивна лична продукција и им ја крева цела нација на нозе.

Имаме музичка иднина, само не е светла.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
За жал состојбата е таква каква што е или поточно колку пари толку и музика.Кај нас е се во криза,па на кој му е до песна,а и оние кои треба да ги создаваат тие песни ги нема,напросто прво и основно ние немаме музичари кои ќе знаат да направат музика која народот масовно ќе ја прифати музика како музика,не дали овој ја пеел или оној.Последен пат тоа се случи во 2000та година со Ареа и нивниот антологиски албум Врати на имагинација,после тоа нема ништо се се сведува на само популарни пејачи кој својата популарност ја наплаќаат и ништо повеќе,по некое хитче со краток рок на траење ќе извадат и толку.Песните треба да бидат тие кој ќе го прават пејачот да вреди или не,без разлика на тоа кој колку потенцијал поседува и квалитет,или имаш добра песна или ја немаш трето нема.Србија владее правилото вредиш толку колку што ти вреди последната песна(со исклучок на некои веќе живи легенди). Не знам овде спомнувате продукции,менаџери,пејачи....овој имал потенцијал оној,сите тие го немаат основното ја немаат вистинска песна,без песна никој ништо неправи.Спомнувате не знам Ламбе,Елена,се додека се со Д.Д ќе имаат такви песни какви што ги имаат за една употреба,а и Елена треба да сфати дека треба да пее песни кои ќе и одговараат на нејзиниот глас,се труди по секоја цена да пее нешто не и стои,сака да покаже интерпретација а не е свесна дека сепак нејзиниот глас е за полесни песни кои и таа а и публиката лесно ќе ги потпевнува,доста е со тоа викање,треба пее а не да се дере кога пее.Еве типичен пример е Северина,таа не се труди да се покаже како екстра пејач туку пее она што и лежи на нејзиниот вокал.
Што се однесува до Дани не ми е јасна каква кариера музичка таа има надвор од Македонија,кога ниту настапува ниту пак некој ја знае,више стана досадна со тоа MTV,не е веќе успех да се појавиш таму,треба после тоа да има некаков фидбек,кој за жал кај неа го нема,тоа што случајно се нашла преку бившиот и во некоја хуманитарна организација,не значи дека имаш некаква си богзнае каква кариера,таа ја нема ни овде а не пак надвор.Надвор од РМ имаат кариера само некои некомерцијални музичари чија што музика на полесен начин можат да ја презентираат си има публика за тој вид на музика сегде мала но одбрана публика,и уште неколку имања кои егзистираат во ех ју просторите и толку е тоа. Потребно и многу пари и малку повеќе креативност и имагинација,да се создава автентична музика,а не копија од запад или од било каде.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
A има ли некаде информации кој е најпродаван македонски албум?
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Каролина па, девојката си напрај концерт за последнот албум на кој имаше неколку добри песни и толку. Батали музика, сеа ќе си земе некој 20 годишен одмор до следниот албум, таман да ослаби уште малце, публиката уште толку да ја заборави а и да си поднаучи како да ги мрда рацете на сцена додека игра нели... -.-

.
Каролина веќе снимаше две нови песна едната со Браќата Тавитјан за нивниот нов албум,а другата ја снимаше со Бертан Аслани во неговото студио инаку тој е еден од авторите на Не се враќаш.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Каролина веќе снимаше две нови песна едната со Браќата Тавитјан за нивниот нов албум,а другата ја снимаше со Бертан Аслани во неговото студио инаку тој е еден од авторите на Не се враќаш.
Снимила, не викам не. Ама додека издаде албум ќе и треба време. Let's face it, ќе ја нема најмалце една година со нешто поголемо од една песна. Спот не ни станува збор дека ќе направи.
Не е крива што малку луѓе ја сакаат у државава. А и луѓето не се криви шо не ја сакаат, пошо реално иако ми е омилена пејачка од нашиве простори, едноставно не дава доволно материјал за да ја засакаш, како од аспект на музика така и од аспект на харизматичност.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Снимила, не викам не. Ама додека издаде албум ќе и треба време. Let's face it, ќе ја нема најмалце една година со нешто поголемо од една песна. Спот не ни станува збор дека ќе направи.
Не е крива што малку луѓе ја сакаат у државава. А и луѓето не се криви шо не ја сакаат, пошо реално иако ми е омилена пејачка од нашиве простори, едноставно не дава доволно материјал за да ја засакаш, како од аспект на музика така и од аспект на харизматичност.
Не можеш да очекуваш од било кој музичар(сериозен и професионален) да има секој месец нешто ново,и секој ден да го има било каде и без повод и причина,колку само да го има(тие што тоа го правеа и прават подоцна сфаќаат дека со тоа само губат на долг рок),тие паузи се нормални за секого ( и тоа е само медиумска пауза),настапи и контакт со публиката има постојано,поточно секаде каде ќе биде поканета(btw Каролина со албумот Македонско девојче имаше концерт и на претцедателскиот самит во Охрид пред две недели).А за тоа колку ја сакаат или не,си има таа своја публика која ја сака и подржува како досега така и во иднина.Инаку не знам зошто али Више се не врачаш,ја пуштаат по неколку пати на ден на белградските и сараевските радио станици,а кај нас понеколку пати неделно е тоа е она жалното и што ги демотивира сите.
За да се сними добар албум се потребни многу пари и не можеш да очекуваш секоја година да се снима албум нема потреба од тоа,а за спот па зошто воопшто да се снимаат кога само на youtube се пуштаат,јас не знам каде пуштаат кај нас.Спотот За година две не сум го видел на ниту една телевизија,а српската верзија на босанските медиуми го пуштаат постојано.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
38
Поени од реакции
11
Кризата сè повеќе и повеќе ја зголемуваат таканаречените „менаџери“, Џеј Џеј и компанијата. Кога на музиката се гледа само материјално, тогаш не може да очекуваме дека некој скромен и вистински љубител на музиката ќе се мотивира да создаде нешто ново ако не е поврзан со мафијата. Оние кои имаат малку пари, ќе го спомнам В.Илиевски, го заземаат целиот медиумски простор, поради нашите „професионални“ и „критични“ медиуми. Оние кои се со потенок џеб можат само да чекаат некој да им се смилува! Дотогаш ќе им се радуваме на Слаткаров, Тони Зец, Влатко рокерот...
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
All in all, го немаме сè уште она кај нас со кое ќе можеме да направиме една солидна музичка сцена. Имаме музичка иднина, само не е светла.
Јас мислам дека го имаме,само не сакаат да го бутнат,зошто обично оние најкреативните и правите музичари се шворц,по паркови,гаражи и понекоја клубска свирка (рок/метал бендовите) која едвај брои 200-300 луѓе. И тоа се баш тие истите 300 луѓе што идат на сите свирки..што е свака част за нив,жално за другите кои трољаат по форуми,и пијат по паркови - обично блиску до местото каде што е свирката,а они надвор паметните си пијат и се журкаат..Поентата ми е баш тие луѓе кои мака мачат со правење свирки, гаражи, снимање албуми премногу малку луѓе ги подржуваат вистински..Ако се сеќавате едно време имаше МКМЕТАЛ со над 5000 регистрирани членови сите "Dire hard" rock/metal fanovi..Кај се сега? Да не уствари пораснале? Или преминале во турбо фолк? :)
И да знаете така и ни треба.. Бидејќи никој не се буни против ЈЈ, тони зен и слаткар, Владче, Верче и остала квантитет компанија, они си тераат.. Не им идете бе на свирки, не им идете у маракана или хавани или што знам каде, шо мајка баравте да идете кај Влатче на концерт? Или кај ЈЈ? Слаткар? И они едноставно гледаат дека некој ги слуша..Кој отишол ради девојка му шо отишла да ги слуша, кој да фати таму цура :) А уште пак гледам дека има и таблатури за нивни песни..А уште пожално шо има некој шо ги бара од нив?? OMG! Да им ги свирите на пијанка?? Само ги величате.. Значи кој ќе сака на такава публика да им компонира музика? Некоја будала ко мене шо верува у оние 300 луѓе со секад идат на свирки..

И уште нешто..Порано издавачките куќи даваа временски рок на музичарите за да издадат побрзо албум..И тоа е стимулација и предизвик. Некој се крши под притисок, а некој искомпонира ремек дела..А сега нема кој да им го издаде материјалот на музичарите..Не се исплаќа.. Зошто? Оти наместо да купите оригинал, ќе си направите copy - paste, и гага RULEZ! Порано имаше плочи и да те видам ај репродуцирај ги..Се чекало ред пред музичките продавници да се купи новиот сингл..А сега све отиде у вода.. И затоа Ареа ги снема, Архангел губат волја, Сенаториум исто..Ете затоа нема многу време нешто ново од некој пејач или група..
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
511
Поени од реакции
131
Не дека ја сакам поп музиката туку баш напротив, ја мразам. Али се знае, секаде, поп музиката е најкомерцијалното нешто, музика со која се напиња на сите можни полиња. Само кај нас штама и баш ми е чудно тоа. А за тоа за поп музика ги вметнувам и овие аренби поп, поп-рок и слични уништување на стиловите со вметнување на поп музиката.
kaj nas najkomercijalno si e srpskiot turbo folk kako dada bubamara mile kitic itn hahaha i posle kaj sakate da imame dobra pesna koga ovie ke dojdat vo mk kaficite se polni a ako e nekoj mk peac togas si e kao nisto da ne bilo
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
нема криза, нема сцена, има инстант пејачи кој никнуваат како печурки по дожд
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.133
Има криза и тоа каква. Кога ќе ги пуштам песните од македонските пејачи и групи од 80 и 90 -тите, си мислам овие денеска може вода да им носат.

Да ве потсетам, Леб и Сол, Мизар, Архангел, Анастасија, Кисмет, Бумбикс па и Ареа беа добри тогаш.

Ами Ристо Бомбата и Кучешка Тенија, абе во таа касета имаше повеќе талент него ли во целата денешна сцена. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom