Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.606
- Поени од реакции
- 15.409
точно во многу постови,не ме разбираат,како во овој,незнаат за штоАлал да ти е за постов, Анчо! Озбилно. Ме уфура у ретро филм ептен јако. Можам у живот да се кладам дека нема поише од 5-6 души шо до крај разбираат за шо распрааш у постов. Због генерациски разлози, јасно.
Иначе, да ти ја освежам меморијата, кривината технички се викаше „Глумовска кривина“ -- поради блиското село Глумово, нали. Татко ми, као стар Скопјанец, научил да плива на Вардар, уште пред ратот (оној од 1941) кога Вардар бил бистар и коа кленои имало као плева. И коа имало градски плажи. Ја као копиљ научив да пливам на Кривина. Као пола Скопје. На викенди, уз скара и со млатење као манијак по брзаците на Треска. Јебига, т'нка речна вода, бара интензивна моторика. Езерото „Треска“ бајаги отпосле се напраи. И му ебаа мајката.
Се сеќаам и тоа многу живо и на „ѕиврашите“. Со завратени ѕиври до изнад колена и неандерталски манири. Ама се сменија времињата друже. Ѕиврашите напраија парица, купија саглам купаќи, окрљавија уши. Али неандерталските манири многу споро се мењаат.
Живели!
пишувам,а во некој и дават глупи коментари ( се им е до е.....)
На времето од последна 2 од десна страна до Кривината немаше ни една куќа, ( а сега направија саглам КУпаЌИ ) но дали се тоа се наши или туѓи.Прибравме се,целиот олош од косова и метохија.Е сега се наши.
Е за плажите на Вардар,да прочитете во книгата„Цена од Ново Маало“ од
Владимир Плавевски. Чиста вистина за сите плажи и згоди и незгоди.
Јас мислам дека сега е срамота да бидеш виден на дипличе на Треска,со парче леб и патлиџан во рацете.Или на Пчиња. Или не дај боже да се сликаш таму,ќе те направат за ретардиран.
Сега е сиромаштија-безработица,и се оди на Халкидики,Неа пори,Тасос, Тунис,Кушадаси ,Египет а богами и Хаваи и Копакабана,
Е тоа е Македонија и транзиција.
Порано во тоа време бевме некако еднакви-социјалистички воспитани.
И на едно место ќе видиш и поштар и бравар и (мили) цајко,и бербер и шнајдер и молер и метлар ама и некој од „оние“..другите...е ама сега тие се изгубија негде далеку одат,незамисливо за нас од оние првите,а кој повеќето сега немаат ни за до Пчиња наша,или Треска нивна да појдат.