Кредитите се потешко се враќаат... хм ова ме потсеќа на некоја работа ...

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Како на пример на кризата во америка каде не можеа да ги плаќаат хипотеките повеќе .
Нефункционалните кредити ја надминаа психолошката граница и заклучно со јуни достигнаа 10,1 отсто од вкупното кредитно портфолио.

Банкарите велат дека прво ги исцрпуваат сите механизми за да се одржи наплатата, најчесто со рефинансирање на долговите, но, ако и тоа не даде резултати, пристапуваат кон присилна наплата. Во овој период извршителите се особено зафатени со наплатата на минусите на кредитните картички.

Советот на Народна банка на вчерашната седница оценил дека кредитниот ризик годинава останал доминантен во работењето на банките.
Тоа е само онаа фолијата на теглата со еурокрем...после следува она...црното...

Инфлацијата е 0,8 отсто, а економската активност бележи пад од 0,4 отсто. Во вториот квартал се забележани, генерално, поповолни движења, при реален раст на БДП од 0,4 отсто, што упатува на постепено закрепнување на економијата, велат од централната банка.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A281AB1C67DCB44A91BF0907AB9A336A

А1
Оваа година е влошена наплата и кај правните и кај физичките лица. Кај правните лица може да се забележи дека е влошено кај одредени сектори, на почетокот тоа беше металургијата, но тие генерално излегоа од криза и во моментов повеќе се погодени трговските претпријатија, транспортните“, вели Маја Стефкова Штериева.

Кредитниот ризик ги ограничува банките, стои во извештајот. Стопанството бавно закрепнува, населението не е кредитноспособно. Се блокираат сметки, се бара промена на условите за отплата, банкарите ги активираат и хипотеките.
Како се вика на македонски за bailout?


A too big to fall?како се вика на македонски?

Инфлација од 0,8%? Не беше појаснето дали се смета на час,дневно...неделно...!?

Ех...да е сега Тито жив...Лазо...Кардељ...Ранковиќ...и кој беа уште некои фаци не ми текнува дедо ми кога мрчеше...па да ја пуштат инфлацијата како ангел небесен,како божји пратеник и месија да ги “изеде“ кредитите...


Вредноста на имотот кој банките го конфискувале од граѓани и фирми кои не можат да го платат имотот изнесува 127 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај на Народна банка за првите девет месеци. Се проценува дека бројот на имоти до крајот на годината ќе се зголеми двојно со оглед на тоа што сумата која граѓаните ја должеле повеќе од 45 дена до септември изнесува 262 милиони евра. Весниците се исполнети со огласи за продажба на недвижен имот од банки. Само Стопанска банка вчера објави оглас за продажба на две куќи во Струмица и во Тетово, чијашто почетна вредност е 263.000 евра. А Комерцијална банка на својата веб-локација има објавено цел каталог на имот стекнат од граѓани и фирми кои не можеле да ги платат ратите од кредитите навреме. Но, во услови кога бизнисот со недвижности застана, банките се соочуваат со потешкотии да го наплатат долгот. На сајтот на Комерцијална банка повеќе од шест месеци се продаваат некои имоти, меѓу кои е и Управната зграда на „Македонија табак“, чијашто почетна вредност е проценета на 7,6 милиони евра. Сепак, и покрај ваквите проблеми, банките не се одлучуваат да ги намалат каматите на кредити, со што би се намалил ризикот од ненавремена наплата. До 30 септември банките од граѓаните и од фирмите собрале 226 милиони евра по основа на кредити, а очекувале наплата на уште 22,1 милиона евра. Годинава некои фирми за да го спасат имотот мораа да отпуштат дел од вработените, кои, пак, исто така имаа кредити во банките.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1895&ArticleID=129328

Шо викате на арно е работава или не е?
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Епа банките да живееја само од кредитите тогаш ќе му ја мислеа...ама они живеат од фиксната валута и благодетите кои ги нуди таа при орочување :vozbud:
 

Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Ќе ни се случи Грција за едно 5-6 години ако продолжат вака да се задолжуваат владиве!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Банките ќе ги наплатат кредитите кој влегоа во зоната на 10% само народот ќе си испадне на улица и ќе си вее знамиња.Има уште кај Македончето за стрижење чим не реагира и уште се дере по плоштади.Абе како во газ да е правен народов да ми простите на израз,реформи гледаат и економски процут.
Македонија нема толкава задолженост за да потегне хипотекарна криза(според население),а фирмите веќе почнаа да заздравуваат.Така да во ова сценарио не верувам.Верувам само ако металната индустрија падне да потегне цунами (како што беше пред една/две години).Но нали благодарение на фиктивни пари кој денес НБРМ неможе да ги најде,се извлековме.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Гледајте Телма во моментов!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу интересна дискусија помеѓу бизнис заедница и професори од економски.Љубе Трпески,конечно да го чујам,ми недостига.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
Штета, кај нас дома се врти само спорт и ССМ...нефункционални...не ми се верува дека некогаш ќе испаднеме од оваа беда, мислам како држава. Само вртење во круг, Цацко му должи на Миле, Миле на Тошо, Тошо на Цацко...државата ќе си остане дооолги години ваква, ќе си живурка....дури и Св. Павле да не посети, излез не гледам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Го видовте новиот буџет? Развоен и инвестициски :pos:
Уствари: ВИДЕ НЕКОЈ РАЗВОЈ И ИНВЕСТИЦИИ ОД КОГА ПОЧНАА ОВИЕ РАЗВОЈНИВЕ БУЏЕТИ СО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА СТРАНА?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Го видовте новиот буџет? Развоен и инвестициски :pos:
Уствари: ВИДЕ НЕКОЈ РАЗВОЈ И ИНВЕСТИЦИИ ОД КОГА ПОЧНАА ОВИЕ РАЗВОЈНИВЕ БУЏЕТИ СО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА СТРАНА?
ЈАС ЈАС ЈАС ВИДОВ развој и инвестиции ама развој и инвестиции на банкарските сметки и имото на Гвујо и уште неколку други околу него. :vozbud:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имам нова молитва за земјава:Господе спаси не од развој и инвестиции :)
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Уствари: ВИДЕ НЕКОЈ РАЗВОЈ И ИНВЕСТИЦИИ ОД КОГА ПОЧНАА ОВИЕ РАЗВОЈНИВЕ БУЏЕТИ СО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА СТРАНА?
Да, има развој, ама на задолжувањата.
Како одат работите ке се земаат кредити од странство, 300-400 милиони. Значи во просек, дополнителен долг од 150-200 евра по жител.
Многу лесно зборуваат за милиони и се задолжуваат, ама некој ќе треба да ги врати - нашите родители, ние, нашите деца...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
^Има развој,како нема,секоја година ставката за инфраструктура,здравство и образование енормно се зголемува.Да ги вложуваа навистина досега ќе бевме Монте Карло!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
kakva e taa prisilna naplata kao ja iam pari a ne plakam pa oni so sila ke mi zemat no sto ako neam togas nema smisla terminot prisilna naplata oti ne mozat da ti zemat ona sto nemas!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom