Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Чорбаџи, имам бољи линк за тебе.

The Clergy Letter Project

Петиција во која над 12 000 христијански свештеници тврдат дека:
"We believe that the theory of evolution is a foundational scientific truth, one that has stood up to rigorous scrutiny and upon which much of human knowledge and achievement rests. To reject this truth or to treat it as 'one theory among others' is to deliberately embrace scientific ignorance and transmit such ignorance to our children".
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
7) Are there credible scientists who doubt Neo-Darwinism?

Yes. Signers of the Scientific Dissent From Darwinism hold doctorates in biological sciences, physics, chemistry, mathematics, medicine, computer science, and related disciplines from such institutions as Oxford, Cambridge, Harvard, Dartmouth, Rutgers, University of Chicago, Stanford and University of California at Berkeley. Many are also professors or researchers at major universities and research institutions such as Cambridge, Princeton, MIT, UCLA, University of Pennsylvania, University of Georgia, Tulane, Moscow State University, Chitose Institute of Science & Technology in Japan, and Ben-Gurion University in Israel.
И што кажуваат овие 700 научници за арката на Ное, како стигнале кенгурите во Австралија, како преживеале сите растенија денеска 150 дена под вода, како ги собрало сите копнени видови во арката, што јаделе ѕверовите кога се повлекол потопот, каде отишла водата.......?!:toe:
П.С. Среќна нова 2011 на сите, и се најдобро.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не е листата завршена пред 10 години, туку тогаш е започната. Таа броела 300 во 2004 година, над 400 во 2005, над 600 во 2006, над 700 во 2007 година итн.
WOW! за 10 години успеале да се дуплираат со потписи.

Абе како не ти е срам!?! Ако овие луѓе навистина имаа нешто да кажат, образложат и докажат, за 10 години науката ќе ја турнеа на колена.

10 години тишина. Само копирање и пејстирање на петицијата. Останатото е тишина. Божествена тишина.

Него, приватниов живот, господине, многу форумски некако. И без да дадеш одговор на прашањата за турчинот, левијатанот и кенгурите.... ама ако, постирај си плитки глупости - и тоа брка работа... интересно ни е.

--- надополнето ---

7) Are there credible scientists who doubt Neo-Darwinism?

Yes. Signers of the Scientific Dissent From Darwinism hold doctorates in biological sciences, physics, chemistry, mathematics, medicine, computer science, and related disciplines from such institutions as Oxford, Cambridge, Harvard, Dartmouth, Rutgers, University of Chicago, Stanford and University of California at Berkeley. Many are also professors or researchers at major universities and research institutions such as Cambridge, Princeton, MIT, UCLA, University of Pennsylvania, University of Georgia, Tulane, Moscow State University, Chitose Institute of Science & Technology in Japan, and Ben-Gurion University in Israel.
Потписниците на петицијата се КРЕАЦИОНИСТИ!
Каков аргумент ти е ова, господине?!?! Попот вика дека постои господ. Свашта!

...само пази го префриганиов: не вика „креационисти пишале петиција“, него „научници потпишале петиција“.

„Бог да чува!“

...и кој к*р ти значи ова Нео-дарвинизам?!?! Само да се извитоперува и збунува. Тоа е алатката на религијата. Срам да ти е!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
DBack, гледам многу се возбуди откако виде дека над 700 современи доктори по наука не ја веруваат Дарвиновата вера :)

...само пази го префриганиов: не вика „креационисти пишале петиција“, него „научници потпишале петиција“.
Дефинирај што е тоа научник и ќе видиш дека потпишаните биле научници. Како што имаш научници кои по убедување се еволуционисти, така имаш и научници кои по убедување се креационисти. Ве молам без дискриминација на научниците по верска основа.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
DBack, гледам многу се возбуди откако виде дека над 700 современи доктори по наука не ја веруваат Дарвиновата вера :)

Дефинирај што е тоа научник и ќе видиш дека потпишаните биле научници. Како што имаш научници кои по убедување се еволуционисти, така имаш и научници кои по убедување се креационисти. Ве молам без дискриминација на научниците по верска основа.
Исто како што имаш свештеници што си знаат дека еволуцијата си е сосема ОК, нели?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дефинирај што е тоа научник и ќе видиш дека потпишаните биле научници. Како што имаш научници кои по убедување се еволуционисти, така имаш и научници кои по убедување се креационисти. Ве молам без дискриминација на научниците по верска основа.
Зошто селективно одговараш само тоа што ти одговара? Ти поставив еден куп прашања, одговори ми!
Кое е објаснувањето на тие 700 научници за арката на Ное, како стигнале кенгурите во Австралија, како преживеале сите растенија денеска 150 дена под вода, како ги собрало сите копнени видови во арката, што јаделе ѕверовите кога се повлекол потопот, каде отишла водата?!

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
DBack, гледам многу се возбуди откако виде дека над 700 современи доктори по наука не ја веруваат Дарвиновата вера :)

Дефинирај што е тоа научник и ќе видиш дека потпишаните биле научници. Како што имаш научници кои по убедување се еволуционисти, така имаш и научници кои по убедување се креационисти. Ве молам без дискриминација на научниците по верска основа.
Има еден социјален феномен кој се вика нормална крива на дистрибуција. Во секоја социјална група ќе најдеш и генијалци и дебили. Ете ти процентуална застапеност, па види колку чатал можеш да фрлаш со ова.
Се собрале (за цели 10 години) 700 политички и религиозно мотивирани „научници“ да потпишат петиција дека се сомневаат во „дарвинизмот“
Не можат ни терминот да го погодат. Ниту тврдење да објават и одбранат.
10 години.
СРАМОТА! 700 „научници“!

--- надополнето ---

Зошто селективно одговараш само тоа што ти одговара? Ти поставив еден куп прашања, одговори ми!
Кое е објаснувањето на тие 700 научници за арката на Ное, како стигнале кенгурите во Австралија, како преживеале сите растенија денеска 150 дена под вода, како ги собрало сите копнени видови во арката, што јаделе ѕверовите кога се повлекол потопот, каде отишла водата?!

Селективно одговара затоа што е манипулатор. Се прави дека е дојден да дебатира, а всушност доаѓа да агитира и заведува.
Затоа нема да ти одговори на ниедно прашање што директно удира на издржаноста на ставовите, а ќе се задржи на све што трпи шпекулација.
Затоа и му нема везе што илјадници свештеници се ОК со еволуцијата. Ама затоа пак е силен аргумент што 10 години се потпишува петиција без да се напишат и поднесат два реда тврдења за нова теорија. И 700 биле на број.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Селективно одговара затоа што е манипулатор. Се прави дека е дојден да дебатира, а всушност доаѓа да агитира и заведува.
Затоа нема да ти одговори на ниедно прашање што директно удира на издржаноста на ставовите, а ќе се задржи на све што трпи шпекулација.
Затоа и му нема везе што илјадници свештеници се ОК со еволуцијата. Ама затоа пак е силен аргумент што 10 години се потпишува петиција без да се напишат и поднесат два реда тврдења за нова теорија. И 700 биле на број.
Петиција може секој да потпише, јас сакам да видам кое е нивното објаснување, кој се нивните аргументи! (на тие 700 научници), и што е тоа во теоријата на Дарвин што за нив е сомнително? Кој е тој дел кој се коси со нивната научна стручност?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.447
Поени од реакции
5.130
Креационисти (и останати што не ја поддржувате теоријата за еволуција) дајте некој доказ дека токму вашите теории се оние вистинските!
А не вака само плукање по нешто што само според вас не ви одговара...
 
Што ти е ова? Јавен повик до еден креационист и еден холограмист?
:)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Петиција може секој да потпише, јас сакам да видам кое е нивното објаснување, кој се нивните аргументи! (на тие 700 научници), и што е тоа во теоријата на Дарвин што за нив е сомнително? Кој е тој дел кој се коси со нивната научна стручност?
Ништо они не истражуваат. Ништо не постулираат. Ништо не аргументираат освен што „се сомневаат“ дека еволуцијата може да ја произведе комплексноста на живиот свет денес. Ова не се научници. Ова е политичка републиканска организација која го турка фундаменталниот протестанизам во америчкиот политички систем и општество. Нема везе со наука. Се кладам дека 90% од луѓево не знаат ни што потпишале. Сигурен сум и дека Чорбаџија го нема прочитано целиот текст.

Абе една недела од својот живот да потрошат да прочитаат што у ствари значи еволуција... Мрзи и дембели!
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.447
Поени од реакции
5.130
Што ти е ова? Јавен повик до еден креационист и еден холограмист?
:)
Аха, така нешто.
Порано беа 2ца креационисти, ама изгледа едниот се повлече од засега неразјаснети причини.
Можеби сфати дека не е во право, можи се плаши од божја казна, којзнае што е.
А холографисто/будисто/натсвеснио(левел 2)исто..... имаше една поговорка погоре, не ми текнува сеа... :pos2:

Туку ај, да видиме до кога ќе оди вака.... без докази од едната страна. Само плукање.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Петиција може секој да потпише, јас сакам да видам кое е нивното објаснување, кој се нивните аргументи! (на тие 700 научници), и што е тоа во теоријата на Дарвин што за нив е сомнително? Кој е тој дел кој се коси со нивната научна стручност?
Целата приказна се коси со нивната научна стручност. Што е сомнително во приказната на Дарвин? Јас би го преформулирал прашањето вака: Што е научно аргументирано во приказната на Дарвин? Значи не ни прашувам за доказ, прашувам за обичен научен аргумент во таа приказна.
Фосилите (ПАлеонтологијата) ја побиваат, генетиката ја побива, теоријата на веројатноста ја побива, информатиката ја побива. Нема ниту еден научен аргумент кој посредно или непосредно ја потврдува Дарвиновата вера.
Аргументите на научниците се дека живо не може да настане од неживо, дека е теоретски невозможно животот случајно да настане - значи мора да е создаден и дека самите фосили сведочат дека живите организми биле симултано создадени и дека не преминувале од еден во друг вид. Тоа е наука, испитлива, разумска и докажана. Се друго е фанатична и неаргументирана вера.
 
Ја ова би го нарекол личен став.

Еве и други лични ставови. Ќе ги оставам на англиски за да не се изгуби нешто во преводот.

"New knowledge has led to the recognition of the theory of evolution as more than a hypothesis.”
Папата Јован Павле (оној вториот).

“Converging evidence from many studies in the physical and biological sciences furnishes mounting support for some theory of evolution to account for the development and diversification of life on earth, while controversy continues over the pace and mechanisms of evolution.”
Кардинал Јозеф Рацингер (пред да биде Папа Бенедикт XVI)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom