Да токму ти наведи ја вистината, ако јас лажам...
Ама не онаа твојата вистина, туку вистината која е една и иста, и за мене, и за тебе, и за банту-црнците, и за Абориџините...
Па милион пати сум кажал:
„Секој човек и секоја жена е ѕвезда.“
-
Liber AL, I:3
Секој има пристап до божественото, до иницијација во најтаните мистерии кои треба да ги достигне тука, на Земјата.
Секој е свој универзум, има свои сили кои го туркаат низ животот и секој бара искуство и знаење.
Не постои бог освен човекот.
1.
Човекот има право да живее по својот сопствен закон –
да живее на начин како му е по волја:
да работи по својата волја;
да се забавува по својата волја;
да се одмара како му е волја;
да умре кога и како му е волја.
2. Човекот има право да јаде што му е волја:
да пие што му е волја;
да престојува каде му е волја;
да се движи по површината на земјата по својата волја.
3.Човекот има право да мисли по своја волја:
да зборува што му е волја;
да пишува што му е волја;
да црта, слика, резбари, гравира, кова, гради по своја волја;
да се облекува како му е волја
4. Човекот има право да љуби како сака –
„исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого Ви е волја.“
— AL I.51
5. Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.
“Робовите ќе служат” — AL II.58
“Љубовта е закон, љубов под волја”. — AL I.57
Секое учење кое вели дека другото е зло и сатанизам - е против човештвото и обединување на истото!
Секое учење кое го ограничува човекот како единка дека нешто што прави се коси со „зборот на богот“ - е само лаеж на глутница која не сака слободни луѓе!
Секоја религија која поткопува друга религија (посебно старо-еонските религии), со негирање дека за едни Исус е пророк, за други бог, или дека после Исус нема пророци и се е лажно - шират омраза нејзините емисари и никогаш нема да биде светот ниту под едните ниту под другите.
Ако не можеш да ја прифатиш оваа вистина за човекот денес, тогаш прочитај го цитатот од претходниот пост!
Заборави ги поповите и светите отци, тоа е ропство и касапење на индивидуалноста!
Доволно беше тоа...